Основците од Струмица ќе одржат предновогодишен концерт на 29 декември

Покрај проектот „Плати со насмевка’’ и наскоро отварање на лизгалиште, членовите на Младински совет денеска најавија уште еден проект – организирање на предновогодишен концерт кој ќе се одржи на плоштадот на 29-ти декември.

Во припремањето на концертот ќе учествуваат околу 2500 ученици од прво до шестто оделение, од сите основни училишта од Струмица. Тие, во наредните денови, ќе започнат со вежбање на божиќните песни „Џингл бел’’ и „Тивка ноќ’’.

Покрај тоа, секое дете ќе има задача да припреми еден новогодишен лампион, а по своја желба и подарок кој ќе биде наменет за децата од социјално загрозени семејства.

Во предновогодишната забава на младите од Струмица ќе се придружи и Јана Бурчовкса, поранешна учесничка во музичкото шоу „Идол’’.

 

Comments are closed.