Реакција на Зоран Ѓоргиев, директор на ЈПКД „Комуналец’’ – Струмица

Директорот на ЈПКД „Комуналец’’ реагираше по повод вчерашната прес – конференција на ВМРО – ДМПНЕ на која СтрумицаСити не беше повикана.

Во прилог интегрален текст од реакцијата:

Бидејќи ВМРО ДПМНЕ со денови шири лаги и манипулации за ЈПКД „Комуналец“, денеска во интерес на вистината им  препорачуваме да го прочитаат конечниот извештај од овластениот државен ревизор во 2004 година, кога со претпријатието раководеше ВМРО ДПМНЕ, а во кој стои, цитирам:

„Склучениот договор меѓу Комуналец, Општина Струмица и ЕБОР не се испочитувани во целост и тоа во периодот на кредитирање не се изготвени одделни сметки за вода и отпадни води“.

Втор цитат од извештајот:

„На ревизијата не и беше образложено од кои причини кредитот од Фаре програмата за увоз на опрема  во износ 467.100 евра не се отплаќа. Плаќањето на ануитетите е пролонгирано од страна на Министерството за развој во два наврати и со два анекса со динамика на конечна отплата на кредитот до 24.03.2002 година со првиот и до 24.03.2003 година со вториот анекс, но и покрај тоа не е платено“.

Каде и во кои џебови се одлеаа илјадници евра кои во грејс периодот требаше да се соберат од разликата на покачената цена на водата?

Прашуваме, зарем тука нема сомнеж за направена скандалозна злоупотреба на должноста, како што вие впрочем вие знаете редовно да ископувате наводни тешки злоупотреби од минатото.

А сега, го прашувам господинот Пакетов, како претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, ако вие од ДПМНЕ зборувате за некаков јавашлук на актуелниот менаџмент, тогаш редно е да кажете за јавашлукот што го правеше ДПМНЕ цели 5 години кога управуваше со претпријатието, а заради кој вработените денес трпат последици?

Господине Пакетов, јавно ве прашувам, а и сам треба да се запрашате, зошто граѓаните не се во можност да си ги плаќаат сметките за вода, за струја, да си купат дрва?

-Затоа што немаат пари.

Исто така, ве задолжувам г. Пакетов да се информирате колку и зошто не се во можност, како и граѓаните, така и поголемиот дел од државните институции во градот, да си ги исплаќаат редовно обврските кон Комуналец.

Дали раководителите на државните институции, а кои се кадри на ДПМНЕ немаат одговорност за ненаплатените обврски кон Комуналец?

Дали се лоши менаџери, дали прават јавашлук или немаат пари?

За крај, човечки е да признаете дека катастрофалната политика на ДПМНЕ ги доведе и граѓаните и институциите во состојба да не можат редовно да си ги подмируваат обврските кон Комуналец.

 

Comments are closed.