Одбележени седум децении од Второто заседание на АВНОЈ

Со свечена академија во Домот на АРМ, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓани продолжувачи – Струмица заедно со локалната самоуправа, денеска ги одбележи 70-те години од одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ.

„ Ја сум ратни другар со струмичкиот борец Боро Поцков, учествуваав во операции за ослободувањето на Југославија, ја водивме бригарадата „Димитар Влахов. Тој ден, 29 ноември 1943, беше посебно значаен за нас бидејќи прв пат Македонија е призната како субјект на народната сцена, а и ние добивме признание за нашата борба која ја водевме’’ – рече Тодор Атанасовски, претседател на Сојузот на борците на Македонија кој беше и почесен гостин на денешната академија.

Покрај Атанасовски кој пред присутните говореше за значењето на Второто заседание на АВНОЈ, настапија и учениците од рецитаторската секција од „Благој Јанков Мучето’’ со читање на револционерна поезија.

Comments are closed.