Зоран Ѓоргиев: Работниците имаа состонок, a не штрајк

„Одржав состанок со вработените за состојбите во нашето претпријатие, а поради големиот број на вработени, состанокот се одржа надвор, но тоа некој, со задни намери го искористи да го снима и да го прикаже како штрајк’’ – вака денес реагираше Зоран Ѓоргиев, директор на ЈКПД „Комуналец’’, на објавите во некоји медиуми дека работниците во ова претпријатели штрајкувале.

Ѓоргиев изјави дека вработените го прифатиле предлогот за излез од состојбата:

„Вработените дадоа целосна поддршка на менаџментот на претпријатието за излез од состојбата. А на таквата состојба му кумуваше ВМРО ДПМНЕ преку донесувањето на МЕАП програмата во 1999 година од претходната општинска власт предводена токму од ВМРО ДПМНЕ и тенденциозното зголемување на цената на сировата вода од страна на водостопанското претпријатие „Струмичко поле“.’’ – изјави директорот на струмичкото јавно претпријатие.

Тој додаде дека давањето паушал на членови на СДСМ и давање на откази на вработени се, истотака, невистини изнесени во јавноста.

„И не само што ВМРО ДПМНЕ злобно шират лаги, туку во таквите манипулации сами се демантираат. Имено, еднаш велат дека состојбата во Комуналец е лоша во последните две години, а од друга страна велат дека тоа е резултат на негрижата на градоначалникот откога станал претседател на СДСМ, а сите знаеме дека тој на таа функција е само 5 месеци. Вработените во ЈПКД „Комуналец“ се совесни работници и нема да подлегнат на провакациите од ВМРО ДПМНЕ, свесни се за состојбата и професионално си ги извршуваат работните задачи’’ – рече Ѓоргиев.

Тој повика медиумите „Сител’’, „Канал 5’’, „Алфа’’, „Нет прес’’, „Курир’’ да побараат изјава од „Комуналец’’ да ја образложи вистинската состојба на оваа претпријатие. „Зошто и покрај тоа што најголем дел од овие медиуми имаат свои дописници не ги пуштија кај мене да побараат официјална изјава, туку недолично одработуваат за центарот на лаги и манипулации на ВМРО ДПМНЕ.’’ – заклучи Ѓоргиев.

Comments are closed.