Трибина за говорот на омраза на социјалните мрежи

 Застапеноста на говорот на омраза на социјалните мрежи, како се тој дефинира на меѓународното ниво, кои се мерките за казнување и како институциите реагираат на истиот, беа темите на вчерашната трибина „Препознавање на говор на омраза на интернет и социјалните мрежи’’ одржана во Домот на АРМ, во организација на здружението „НОВУС’’.

Како што рече еден од предавачите на трибината, професор Светлана Николовска, нештата кои блијаат за појавувањето на говорот на омраза во Македонија се одреден начин на пласирање на информации во јавноста од страна на медиумите, како и стереотипи и предрасуди кои се прикажуваат кон луѓето кои не делат исти вредности со нас. „Се додека се тие присутни во општеството, ќе биде присутен и говорот на омраза преку писмена и усмена комуникација.’’ – истакна Николовска.

„Препознавање на говор на омраза на интернет и социјалните мрежи’’ преставува дел од проектот „Препознавање и борба против говорот на омраза’’ на здружението „НОВУС’’ кој е финансиски подржан од општина Струмица.

Ова беше втора активност на здружението, а до крајот на проектниот циклус предвидено е да биде организирана и работилница чиј што делокруг на работа ќе биде токму препознавањето и говорот на омраза како негативни општествени феномени.

Comments are closed.