Струмица и Македонија ги добија првите домови кои се греат на природен гас

Во Струмица од денес официјално приклучени и првите домаќинства кои користат природен гас за греење.

Домовите на семејствата Стојкови и Стоилови кој се и меѓу првите корисници на природен гас за греење ги посети и градоначалникот Зоран Заев кој изјави дека овој ден е значаен не само за Струмица, туку и за Република Македонија.

 „Овој момент е од историско значење не само за Струмица, туку за цела Република Македонија. Денеска, официјално ги обелоденуваме првите приклучоци на индивидуални куќи за домување со користење на природниот гас за затоплување и други потреби на едно домаќинство. Ова е навистина историски момент за сите во Република Македонија, заради тоа што современите тенденции на користење на еколошки чисти горива за греење, за производство и за сите други потреби се светска и европска тенденција, драго ми е што токму Струмица, овие луѓе овде, се тие кои што ја испишуваат историјата поврзана со користењето на природниот гас.’’ – изјави градоначалникот.

Седумдесетгодишниот Трајчо Стоилов веќе недела дена го користи природниот гас:

,,Навистина сум среќен што имав можност на овие години од мојот живот да ги почувствувам благодетите на гасот и тоа благодарение на активностите што градоначалникот Заев и општината кои ги спроведоа во минатата и оваа година. Извршив прилагодување на постојниот систем за затоплување што го имам од 1987 година, а кој го користев прво на дрва, па на нафта и еве сега една недела го користиме гасот’’ – рече Стоилов.

 Крум Стојков е, истотака, еден од корисниците на гасот во Струмица. Тој вели дека е погрешно сфаќањето помеѓу струмичани дека природниот гас е опасен,  бидејќи, тој го својот дом користил 45 години додека живеал во странство, и до сега ништо се нема случено лошо.

 

 

Comments are closed.