Градоначалникот Заев пушти во употреба нов резервоар за вода во селото Раборци

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска го пушти во употреба новиот резервоар за вода во населеното место Раборци. Со ова се надминаа досегашните проблеми што ги имаа жителите со водоснабдувањето, а општината уште еднаш потврди дека подеднакво се грижи за жителите на градот и населените места. Стариот резервоар се наоѓаше на  ниска кота и поради дотраеност често предизвикуваше проблеми со водоснабдувањето, поради што локалната власт реши да изгради нов резервоар.

-Заедно со Бирото за регионален развој аплициравме со проект и добивме еден милион и 650 илјади денари, од кои 850 илјади денари се општина Струмица, а останатите, 800 илјади се од Бирото за регионален развој. Се работи за резервоар кој трајно го решава водоснабдувањето во селото Раборци, особено недостигот од вода кој се јавуваше во летните месеци.

Изведувч на градежните работи беше фирмата „Габро“ од Струмица, а надзорот го вршеше фирмата „Кико градба “ од селото Куклиш. По оваа,  следуваат уште три помали инвестиции за овој систем да биде комплетен и тоа бунар со пумпна станица, потисен цевковод и доводен цевковод во вкупна вредност од 1, 3 милиони денари.

За  два од овие  проекти е веќе склучен договор со ЈПКД „Комуналец“ од Струмица за изведување на работите, а за третиот е распишан тендер  и се надеваме дека во наредните два до три месеци целосно ќе биде завршена оваа работа. Денеска сме овде за да им направиме чест на граѓаните од Раборци и толку очекуваниот резервоар за вода да го пуштиме во употреба, рече градоначалникот Заев.

Comments are closed.