СДСМ СТРУМИЦА: Груевски, Ставрески и Трајковски престанете да се обидувате да профитирате од маката на трговците!

На денешната прес конференција на ОО СДСМ – Струмица, социјалдемократите ја критикуваа власта за затварањето на дуќани и фирми во Струмица. Во продолжение интегрален текст:

Почитувани,

УЈП и политиките на власта за собирање арач и полнење на државниот буџет, ставија клуч на врата на околу 50 дуќани и фирми во Струмица. Ги принудија граѓаните лебот да го заработуваат на улица.

Сега овие граѓани кои заработуваат на улица им засметаа на незатворените дуќани. Чии сопственици со право се плашат и се жалат на нелојална конкуренција.

Малку е да се каже дека тројката Груевски, Ставрески, Трајковски  манипулира со страдањата на граѓаните! Им ја загрозија егзистенцијата со пломбите и казните во илјадниците евра. Ги направија нервозни спротивставувајки ги едни спроти други во нивната мака. И сега ги доведоа во ситуација повторно по улиците да ја бараат правдата. Иако е јасно дека одговорноста е кај оние кои си поигруваат со нив. Токму расипничката власт на Никола Груевски. Којашто нема милост кога се работи за полнење на буџетските дупки што ги остава зад себе.

Ги повикуваме Груевски, Ставрески и Трајковски: Престанете да се обидувате да ги дисциплинирате трговците и да профитирате од нивната мака!

Народот тоне во сиромаштија, улиците и тротоарите се полнат со луѓе кои таму заработуваат за корка леб, младите не ја гледаат во земјава својата иднина и ја напуштаат државата.

Механизмите за промена на нелогичните економски и казнени политики се во ваши раце.

Comments are closed.