Марјан Даскаловски: Вашата желба за оставка на градоначалникот Зоран Заев ќе ви остане пуста желба

Вашата желба за оставка на градоначалникот Зоран Заев ќе ви остане пуста желба.

Потсетуваме дека членовите на Советот и градоначалникот се избират на непосредни локални избори на кои, и покрај фрапантото кршење за законите и низата на злоупотреби од страна на власта, граѓаните опстојаа на својата определба, довербата да ја дадат на Социјалдемократскиот сојуз и градоначалниот Зоран Заев – вака реагираше на денешната прес конференција претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски по повод изјавата на советникот Зоран Пакетов од редовите на ВМРО – ДПМНЕ да градоначалникот на Струмица, Зоран Заев треба да поднесе оставка.
Во продолжение можете да ја погледнете целосната изјава од денешната прес конференција.

Comments are closed.