Балкон3: Малиот Пако де Лусија од Струмица ја освојува Европа

Ова е приказна за еден гитарски „десперадо” од Струмица. Стојан Стојанов иако има само 12 години, со својата гитара се има искачено на тронот на голем број престижни европски натпревари.

Со само неколку години музичко образование, талентираниот Стојан започнал да реди награди, но и да посетува мастер класови кај големи гитарски имиња.

Прво ги освојува републичките натпревари, а потоа и регионалните. Победува на “Guitar Art Festival” во Белград, на кој имаат настапувано светски музички имиња како Пако де Лусиа, Џон Вилијамс и Един Карамазов. Потоа станува апсолутен лауреат на „Наисиус Гитар фест” во Ниш, а во јули 2012 година успева да победи и на “Fiuggi Guitar Festival” во Фјуџи, Италија, каде е прогласен за „Апсолутен победник во сите категории до 18 години” како единствен натпреварувач со максимум поени. Стојан во Фјуџи доби покана за настап на фестивал во Мадрид и беше издвоен како еден од најнадежните млади музичари во Европа.

извор: www.balkon3.com

Comments are closed.