ОО СДСМ Струмица го започна проектот ,,Локален едукативен центар за социјалдемократија’’

Општинската организација на СДСМ започна со проектот ,,Локален едукативен центар за социјалдемократија’’ со цел јакнење на капацитетот на социјалдемократија. Преку  овој проект младите социјалдемократи од Струмица ќе можат да преку едукација се припремат како идни кадри на една од најголемите македонски политички партии. На политичката академија денеска присуствуваше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ние сме во еден период на комплетирање на понудата на нашата голема партија, Оваа понуда, секако , не би била цела да не ги понудиме и младите ресурси. Се надевам дека уште повеќе ќе расте вниманието за да се направат паралелни едукативни центри за да ги прифатат младите луѓе кои ја гледат својата иднина низ социјадемократијата и кои ќе допринесат на квалитетот на животот на граѓани како на локално, така и на државно ниво’’ – изјави Заев.

Проектот на „Јакнење на капацитетот на социјалдемократија“ ќе трае два семестри, во текот на есента и пролетта.

 

Comments are closed.