Спортска ориентација за секој, промовиран видео спотот за ,,Струмица опен 2013’’

Како најава за меѓународниот турнир во спортска ориентација,,Струмица опен 2013’’ кој ќе се одржи од 17 – 20 октомври во Струмица, Ориентациониот клуб „Еделвајс’’ денес во јавноста го претстави спотот за престојниот спортски натпревар.

Станува збор за видео запис кој ги промовира убавините на овој спорт како и на самиот град „под Царевите кули’’ , а снимен е во продукција на ТВ ,,Канал ВИС’’ и „Тотал Медија’’.

Техничкиот директор на „Струмица опен 2013’’, Тони Костов, на денешната прес конференција која се одржа по тој повод, изјави:

,,Спотот има порака да прикаже дека спортската ориентација е спорт за сите од 7 до 77 години. За него е потребно физичка подготвеност и пред се умешност, при што се запознаваат убавините на местата каде се натпреваруваат. На овој начин сакаме да ја анимираме јавноста за престојните две големи манифестации во спортска ориентација но и да докажеме дека спортската оријентација е спорт за секој, па дури и за цели семејства’’ – рече Костов.

Директорот на шампионат „Струмица опен 2013’’, Ристо Киров, додаде дека ова е прв изработен спот за спортската ориентација, а за неговото снимање беа ангажирани и членови од ОК „Еделвајс’’.

,,Струмица опен 2013, освен во Струмица, ќе се одржи и на излетничкото место Суви Лаки. Очекуваме околу 300 натпреварувачи од цела Европа и се надеваме дека како домаќини како организатори ќе оставиме добар впечаток, бидејки идната година во јуни на Европскиот шампионат кој, истотака, се одржува во нашиот град и доаѓаат најквалитетните европски натпреварувач,,- изјави Киров.

Инаку, во изминатиот период како дел од промоцијата, ОК,, Еделвајс’’ ги презентираше и официјалните дресови за престојните две спортски манифестации.

Comments are closed.