ЗАЕВ: СО ПРОГРАМАТА НА СДСМ ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ СРЕДНАТА КЛАСА ВО МАКЕДОНИЈА

Изјава, СДСМ
Зоран Заев, претседател
Берово, 29.09.2013 година
Со Програмата на СДСМ ќе ја вратиме средната класа во Република Македонија

Почитувани,

Денеска сме овде на финалната фаза на донесување на политичките одлуки во врска со завршувањето на Програмата на СДСМ.

 

Создадовме документ со кој се надевам дека силно ќе го привлечеме вниманието на македонскиот граѓанин.

Се работи за документ кој денеска завршува, а на него беше работено подолг период наназад. Со задоволство можам да кажам дека можеме да обелодениме дека создаваме документ во кој ќе ја враќаме средната класа во Република Македонија.

Ќе се обидеме да создадеме стабилна, силна и голема средна класа во Република Македонија, уверени преку тоа дека ќе го зајакнеме животот на граѓаните.

Оваа Програма почнува од идната седмица да биде презентирана пред јавноста, мерка по мерка, решение по решение, понуда по понуда и се надеваме дека ќе го свртиме вниманието на сите по општините ширум Македонија, на стручните фели за областите за кои што ќе дебатираме и на сите граѓани кои што се заинтересирани да дебатираат по овој документ и секако да дадат свој придонес во неговата надоградба.

 

извор: sdsm.org.mk

 

Comments are closed.