Хоризонт Турново убедлив над Карбин...

Хоризонт Турново славеше над Карбинци на теренот со вештачка трева во Струмица со резултат од 4:1, во меч од 5. коло на Трета лига регион 3. С...

Огражден од Ново Село е лидер во Тр...

ФОТО: ФК Огражден По пет одиграни кола во Трета лига регион 3 дебитантот Огражден од Ново Село е лидер на табелата. Пред домашната публика во м...

Тиверија не го одигра мечот со Каме...

ФОТО: Александар Ванев, Струмица Сити | Забрането преземање без претходна писмена согласност! Тиверија не го одигра мечот со Каменица Саса во Маке...

Брера Струмица има минус два бода о...

ФОТО: Спортска Мрежа Брера Струмица испушти два гола предност и човек повеќе на теренот за славје над Охрид во гости, откако во меч од 7. коло оди...

Струмица

Хоризонт Турново убедлив над Карбинци, кој ја продлабочи резултатската криза

Хоризонт Турново славеше над Карбинци на теренот со вештачка трева во Струмица со резултат од 4:1, во меч од 5. коло на Трета лига реги...

Занимливости

Кафе на празен стомак: Колку е опасно?

Кафето има некои предности за организмот, може да ве разбуди, да влијае на подобра концентрациј...

Ноќен живот

Легендарниот Тони Цетински во петок во Аватар

Најпопуларниот хрватски пејач Тони Цетински во петок доаѓа во Аватар.  Македонија во 2005 година имаше можност да го запознае како пријател ...

Струмичко ќоше

Моја, твоја, наша Струмица – За нас

Нашата Струмица е најголемиот град во југоисточна Македонија. Распостелена на плодна почва и под ѕвездено небо, Струмица изобилува со природ...

Струмичка кујна

СТРУМИЧКА КУЈНА : Колач со сливи и ореви

Во сезоната на сливите, еден колач, преубав, превкусен, старински. Е, само што ми се случи да немам прашок за пециво, ееех, мене тоа да ми ...

Креативни идеи за мали кујни

Веројатно сите сме свесни дека малкумина ја имаат таа можност да го изберат просторот на живеење, онаков каков што посакуваме да биде во целост. Дали е недостаток на соби или недостаток на простор во собите, се случува… Но, тоа не значи дека и во тие случаи не можете да си го направите домот најпријатно место за живеење и да го уредите онака како што вам ви одговара. Еве неколку идеи доколку вашата кујна не го нуди просторот кој мислите дека ви е потребен: Повеќе →

Хоризонт Турново убедлив над Карбинци, кој ја продлабочи резултатската криза

Хоризонт Турново славеше над Карбинци на теренот со вештачка трева во Струмица со резултат од 4:1, во меч од 5. коло на Трета лига регион 3.

Стрелци беа Александар и Мартин Шутевски за двојна предност на полувреме. Во вториот дел Стојанчо Иванов и Никола Божинов ја потврдија високата победа. За гостинот утешен гол постигна Стојан Коцев.

По овој пораз, Карбинци го промени тренерот, Влатко Новаков е нов тренер.

Александар Ванев, Струмица Сити

Огражден од Ново Село е лидер во Трета лига регион 3

ФОТО: ФК Огражден

По пет одиграни кола во Трета лига регион 3 дебитантот Огражден од Ново Село е лидер на табелата.

Пред домашната публика во мечот од 5. коло, Огражден со голот на Никола Тасев славеше над Ударник од Пирава и со тоа изби на врвот од табелата, откако Победа од Валандово го одложи мечот со Малеш.

Тимот од Ново Село е вистинско изненадување во шампионатот и претставува вистински хит, а за голема радост на верната публика.

Александар Ванев, Струмица Сити

Тиверија не го одигра мечот со Каменица Саса во Македонска Каменица

ФОТО: Александар Ванев, Струмица Сити | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Тиверија не го одигра мечот со Каменица Саса во Македонска Каменица од 5. коло на Трета лига регион 3, со што струмичкиот третолигаш ризикува сега дури и исклучување од понатамошно натпреварување.

Ова е втор натпревар кој не го одигра Тиверија, откако не го одигра и мечот од 3. коло со Малеш во Берово за што има одземено три бодови и сега има минус три бода.

Тиверија тргна со пораз од 11:0 во Овче Поле во Свети Николе, а дома беше декласирана со 0:13 од Дојранско Езеро, мечот со Малеш не го одигра, а пак мечот со Хоризонт Турново на домашен терен го загуби со 2:10.

Тимот од Струмица сега по вторпат не се појавува на терен.

Александар Ванев, Струмица Сити

Брера Струмица има минус два бода од лидерот Охрид, откако двете екипи ги поделија бодовите

ФОТО: Спортска Мрежа

Брера Струмица испушти два гола предност и човек повеќе на теренот за славје над Охрид во гости, откако во меч од 7. коло одигра 2:2 против „рибарите“.

Струмичани имаат предност од 0:2, а од самиот почеток на мечот и човек повеќе на теренот, но во вториот дел прими два гола за конечни 2:2.

Двете екипи ги поделија бодовите, со што Охрид е прв со 16 бодови, а пак Брера Струмица е на четвртото место со 14 бодови, но Брера има натпревар помалку, одложениот меч од 5. коло со Работнички, кој треба да се одигра во Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Беласица на пет меча во низа ремизира

ФОТО: Спортска Мрежа

Второлигашот Беласица никако да победи, на пет меча во низа има реми и делба на бодовите.

На последниот меч од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, Беласица ремизираше со Пелистер без голови (0:0) за делба на бодовите.

Сега Беласица е на 5. место со 11 бодови, пет помалку од лидерот Охрид, кој има 16 бодови.

Во следното коло Беласица ќе игра градско дерби со Брера Струмица, во обид за враќање на победите по повеќе од еден месец.

Александар Ванев, Струмица Сити

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете страни.

Струмичкиот клуб му се заблагодари на Алаѓозовски за неговиот ангажман, посветеност и труд во клубот.

„Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија. За разделбата беше виновен трансферот во Кувајт. Голема благодарност до Алаѓозовски! ФК Беласица АД сака искрено да му се заблагодари на Мартин Алаѓозовски за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб. Му посакуваме многу среќа, здравје и успеси во понатамошната интернационална кариера“, велат од ФК Беласица.

Ексклузивно Спортска Мрежа објави дека добро познато тренерско лице ќе биде повратник на клупата на Беласица.

Александар Ванев, Струмица Сити

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен во салата „Парк“ го совладаа Пелистер со 84:69. Струмичани до триумфот стигнаа по возбудлив натпревар со неколку резултатски пресврти, а клучна беше неверојатната серија во самата завршница.

Гостите од Битола подобро го започнаа дуелот и во воведните шест минути создадоа предност од 19:8. Сепак, Струмица 2001 брзо се врати во игра, па по првата четвртина Пелистер имаше предност од само четири поени (21:17).

Во вториот период домаќините целосно го презедоа контролата врз натпреварот. По тројката на Саити, струмичани поведоа со 25:24, а потоа продолжија да ја зголемуваат разликата. Предноста во еден момент достигна и 16 поени (40:24), додека на полувремето Струмица 2001 замина со убедливи 43:30.

Добрата игра на домашниот состав продолжи и по паузата. Во 23. минута Струмица стигна до највисоките плус 19 (50:31), но Пелистер не се откажа од борбата за победа. Битолчани постепено ја намалуваа негативата и пред последната четвртина се доближија на седум поени (58:51).

Во завршните десет минути следуваше вистинска драма. Пелистер продолжи со налетот и неколкупати се доближи на само еден поен негатива, а последен пат тоа се случи при резултат 68:67, нешто повеќе од две минути пред крајот.

Гостите имаа можност да стигнат и до израмнување, но Благој Димитриев не го реализира слободното фрлање. Тоа беше моментот по кој Струмица 2001 целосно ја презеде контролата врз завршницата и направи неверојатна серија од 16:2, со која неизвесниот натпревар го претвори во убедлива победа од 84:69.

Во победничкиот состав најефикасни беа Малик и Крафорд со по 21 поен, додека Д. Пандев придонесе со 19 поени.

Кај Пелистер, Благој Димитриев беше најдобар стрелец со 18 поени, на кои додаде и девет скока. Савиќевиќ постигна 11 поени, со три асистенции и два скока, додека Вилсон го заврши натпреварот со 10 поени, осум скока и шест асистенции.

Со овој триумф, Струмица 2001 ја забележа првата победа во новата сезона, и тоа во вториот обид. Пелистер, пак, по две одиграни кола има биланс од една победа и еден пораз.

Александар Ванев, Струмица Сити

ФОТО: Брера го одработи последниот тренинг, позитивна атмосфера пред реваншот со Санта Колома – младите струмичани атакуваат на нова победа во ЛШ!

Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш против Санта Колома од Андора во првото коло од младинската Лига на шампионите. Со предност од 3:0 од првиот натпревар, избраниците на Ѓорге Стојчев со голема самодоверба го очекуваат дуелот, но и со јасна желба – пред својата публика да стигнат до нов триумф и да го потврдат пласманот во следната фаза!

Во Струмица владее позитивна атмосфера, а последниот тренинг помина во одлично расположение и со видлива енергија во тимот. Фудбалерите се свесни за предноста што ја носат од Андора, но пристапот е јасен: нема опуштање, туку максимална концентрација и уште едно силно издание пред домашните навивачи.

Брера веќе покажа дека има квалитет за европската сцена. На првиот натпревар, одигран во Андора, мрежите мируваа во првото полувреме, но во продолжението струмичани ја презедоа контролата и со три погодоци направија голем чекор кон следната рунда. Глигор Бучков двапати ја затресе противничката мрежа, додека Филип Кулески го постави конечниот резултат од 3:0.

Бројките од првиот дуел дополнително го потврдуваат одличното издание на македонскиот претставник. Брера упати дури 32 удари кон голот на Санта Колома, наспроти седумте обиди на противникот, а имаше и предност во корнерите – седум наспроти еден. Овие статистички показатели се уште една потврда за офанзивниот пристап и доминацијата на тимот на Стојчев во Андора.

Гостите веќе пристигнаа во Струмица и го одработија тренингот на стадионот „Младост“, подготвувајќи се за тешката задача што ги очекува. Санта Колома ќе мора да бара начин да ја надополни негативата од три гола, додека Брера ќе ја има поддршката од домашната публика и можноста пред своите навивачи да го заокружи европскиот настап со уште една победа.

Но, амбициите на струмичани не завршуваат само со пласманот. Доколку ја минат оваа пречка, во следната фаза ги очекува нов голем предизвик – германскиот Хофенхајм. Токму затоа, утрешниот дуел е можност Брера да направи уште еден важен чекор на европската сцена и да ја продолжи својата приказна во младинската Лига на шампионите.

За правдата на теренот ќе се грижи судиска тројка од Ерменија, предводена од главниот судија Артем Гаспарјан, со помошниците Месроп Газарјан и Артур Гдљан. Четврти судија ќе биде македонскиот арбитар Бењамин Ќерими.

Натпреварот Брера Струмица – Санта Колома се игра утре, во среда, со почеток во 14:00 часот. Струмица е подготвена за нов европски фудбалски ден, а Брера има јасна цел: пред своите навивачи да ја потврди класата, да слави уште еднаш и да продолжи кон следниот предизвик!

Александар Ванев, Струмица Сити

Кошаркарите на Струмица со тежок предизвик на домашен терен против Пелистер

Кошаркарите на Струмица во рамки на 2. коло на домашен терен ќе се соочат со Пелистер, гостинот од Битола ќе биде фаворит во салата „Парк“.

Струмичани со пораз од Работнички на домашен терен ја отворија сезоната (85:92), а сега ќе се обидат против Пелистер да направат изненадување, откако битолчани, пак со 78:70 на домашен терен го добија ТФТ.

Струмичани бараат силна поддршка од публиката на патот кон позитивен резултат и прва сезонска радост.

Средбата во салата „Парк“ е закажана за 11 октомври (недела) до 17 часот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Огражден пред сериозен предизвик против Ударник, Турново сака три бода, Тиверија со тешко гостување

ФОТО: ФК Огражден

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на врвот на табелата. Неколку екипи кои имаа резултатски неубедлив старт ќе имаат можност за рехабилитација, додека лидерот Победа Валандово ќе се обиде да го задржи максималниот ефект.

Особено интересно се очекува да биде во Делчево, каде што Брегалница ќе го пречека Овче Поле. Двете екипи влегуваат во натпреварот по порази во претходното коло. Брегалница загуби на гостувањето кај Ударник со 5:2, додека Овче Поле на домашен терен минимално беше поразен од лидерот Победа Валандово со 0:1. Поради тоа, и двете екипи ќе бараат победа со која би се вратиле на победнички патеки.

Победа Валандово на домашен терен ќе го пречека Малеш од Берово. „Калинкарите“ имаат максимални четири победи и 12 бодови и ќе се обидат да стигнат до петта победа во низа. Малеш, пак, има осум бодови и оваа сезона покажува подобро издание во однос на претходните сезони, па лидерот ќе има сериозен предизвик пред себе.

Во Македонска Каменица, Каменица Саса ќе биде домаќин на Тиверија. Ланскиот второлигаш по четири кола има шест бодови, додека Тиверија има многу тежок почеток на сезоната. Струмичкиот тим во првите две кола претрпе убедливи порази, потоа не го одигра својот трет натпревар, а во последното коло загуби од Хоризонт Турново. Тиверија на четири натпревари прими дури 37 голови.

Интересна пресметка се очекува и во Ново Село, каде што Огражден ќе игра против Ударник. Домаќинот е едно од најпријатните изненадувања на стартот на сезоната, со 10 освоени бодови и второ место на табелата. Огражден ќе има предност од домашниот терен и поддршката од публиката, но Ударник во претходното коло славеше убедливо против Брегалница и ќе се обиде да продолжи со позитивни резултати.Дојранско Езеро на домашен терен ќе ја пречека Слога Виница. Домаќинот по четири кола има седум бодови и влегува како фаворит за трите бода, додека Слога има само еден освоен бод. Ланскиот второлигаш од Виница ќе се обиде токму на ова гостување да стигне до првата победа во новата сезона.

Во Турново, Хоризонт ќе биде домаќин на Карбинци. Гостите се без бодови по четири одиграни натпревари и се наоѓаат во долниот дел од табелата. Хоризонт, пак, во минатото коло убедливо ја совлада Тиверија и ќе се обиде со нов триумф да го продолжи позитивниот моментум.

По четири кола, Победа Валандово е лидер со 12 бодови, пред Ограден со 10 и Малеш со осум. Дојранско Езеро и Брегалница имаат по седум бодови, Каменица Саса е со шест, додека Овче Поле и Хоризонт Турново имаат по пет.

Ударник е деветти со четири бодови, Слога Виница има еден, додека Карбинци и Тиверија се без освоени бодови.

Петтото коло може дополнително да ја раздвижи табелата, особено доколку некој од водечките тимови загуби бодови. Најголем предизвик повторно ќе биде пред Победа Валандово – дали „Калинкарите“ ќе стигнат до пет од пет?