Tag: skopsko

Пандев – Креаторот на победата на Наполи над Парма

 

Струмичкиот интернационалец Горан Пандев денеска на одиграниот меч помеѓу Наполи и Парма беше креаторот на победата на Наполи.  Најпрво, уште во втората минута над него е направен пенал, кој го реализираше Кавани, стрелец е на вториот гол и асистираше за третиот за конечна победа од 3:1.

Уште еднаш се покажа дека тој е Гранде Пандев.

Да погледнеме како изгледаше сето тоа…

 

http://www.youtube.com/watch?v=GRCvDhdYc9c

 

Интегрална јога во Струмица

 

Јога-секција Струмица започнува со нови уписи за почетните и редовните курсевите по интегрална јога.

Часовите ќе се одржуваат во новиот простор на ул. „Ленинова“ бр. 20 (позади Општинскиот суд). Тие почнуваат во среда, на 19 септември. Новата почетна група почнува во 19.00ч, а часовите ќе се одржуваат во среда и петок.

Интегралната јога според системот на учителот Павлос К. Хасанагас го опфаќа човекот во целина – неговиот телесен, психоментален и енергетски аспект.

Придобивките од овој курс се подобрено здравје и виталност, зголемени ментални способности и психичка стабилност, унапредување на квалитетот на целокупното живеење.

Практичниот дел од курсот се состои од подготвителни техники (вјајама), телесни позиции (асани), дишни техники (пранајама), психоментални техники и релаксација

Покрај практилниот дел ќе има и теоретски надополнувања од областа на јогиската филозофија и култура и тоа: исхраната од аспект на јога, практикувањето јога и хигиената, организирање на личната јогиска пракса, јогата и секојдневното живеење

Повеќе информации на   Интегрална Јога – Струмица

Младите – Управници на потомството

За почеток ќе цитирам еден британски политичар Benjamin Disraeli , чии зборови реално ја отсликуваат положбата на младите во 21 век :

“ Живееме во ера каде зборовите млад и индиферентен не се повеќе синоними. Младите се управници на потомството. ”

Токму така! Можеби сме млади, но не и индиферентен слој од општеството. Со нашето активно учество во одлучувањето и активностите на локално о регионално ниво ја зголемуваме можноста за подемократско, инклузивно и перспективно општество. Сепак втурнувајки се во водите на ова толку хаотично општество наидуваме на сериозни препреки : непочитување на нашите права, манипулација од најраличен вид, недостиг на средства и простор и најмногу од се , бесперспективна ситуација после завршувањето на додипломските студии.

Невработеноста како тема помеѓу младите не е проблем само во Македонија, туку и во цела Европа. Сепак, според некои податоци , дел од земјите како Норвешка, Холандија каде невработеноста кај младите е со многу мал процент , очигледно полесно се справуваат со таквите проблеми. За разлика од нив, Македонија спаѓа во земјите со најголема невработеност на младите и најмала вклученост на истите на пазарот на трудот.

Генералниот секретар на Европската Конфедерација на Синдикатите, Џон Монкс, во една прилика рече дека Европа нема проблем со задржувањето на старите работни места, туку има проблем со создавање на нови работни места. Македонија како држава се соочува и со двата предизвика. Во нашата земја традиционално се игнорираат овие проблеми, се игнорираат и најнеопходните потреби на младите за да тие функционираат како срекни единки во ова македонско општество. Затоа, најчесто се решаваат  среќата да ја побарат некаде надвор од Македонија, онаму каде ќе ги убедат дека зборот демократија има поголема тежина, онаму каде ќе се почувствуваат ослободени од фактот дека треба да преживуваат.

Па драги идни, досегашни и претходни млади генерации…. Мораме да  го избришеме зборот транзиција кој наводно е причината за повеќето од нас да останат без работни места… Мораме да се запрашаме колку ние како млади сме дозволиле да бидеме изгубени во преводот, да бидеме секогаш на листата за чекање…. Мораме да се запрашаме која е тајната на земјите во кои младите успешно ги добиваат своите права… Мораме да бидеме иницијатори на својата среќа, колку и да изгледа недостижно… Мораме да се избориме за она што вистински како млада популација го заслужуваме и да се ослободиме од затворот наречен- преживување. Како што спомнав уште на самиот почеток , да не бидеме индиферентни. Ние да бидеме тие што ќе ги менуваат законите, ние да поставуваме свои правила, правила кои се темелат на вистински вредности, а не на стари излитени штосови… Мораме да се избориме, ние да бидеме вистински управници на потомството.

Марија Петрова

Концерт на македонската филхармонија во Струмица

 

Македонската филхармонија  утре, понеделник 17  септември, ќе одржи концерт во НУЦК ,,Антон Панов“ со почеток во 20 часот. Цената на влезницата изнесува 100 денари.