Tag: adidas

Стара архитектура во Струмица – Куќата на Арсови (Старата турска пошта)

 

Постoи краток писмен запис од 1895 година во кој еден српски патописец ја опишува Старата турска пошта како комуникациски објект за поврзување на Струмица со другите градови во Македонија. Овој значаен споменик е изград во 19. век под влијаније на западноевропската архитектура, во кубистички стил, во стариот дел на градот во близина на Орта Џамија, и во почетокот служела за потребите на тогашната турска администрација. Повеќе →

Успеавме Струмица да добие силен и конкурентен рап!

Прво се нарекуваа Трета дивизија и имаа поголем број на членови, а потоа, како поминуваше времето, кругот на рапери се намали и останаа четворица. Повеќе →

Малиот градски парк го добива новиот изглед

DSC_0019_1192x800

Малиот градски парк во Струмица веќе го добива новиот изглед. Повеќе работници на јавното претпријатие „Комуналец“ користејќи го поволното време интензивно работат на неговото довршување. Повеќе →

Временска прогноза за недела, 18 ноември | www.strumicacity.com |

Времето денеска умерено облачно со дневна температура до 15 степен.

Реакција на Општина Струмица на текст објавен на веб порталот „Курир“ објавен на 14.11.2012 година

Општина Струмица реагираше  по повод  текстот за гасификација на Струмица,  објавен на на веб порталот „Курир’’ на ден 14.11.2012.

Љубомората во владеачката гарнитура добива патолошки димензии и во вид на зараза се шири и до сите нејзини сателити и помагачи. Очигледно е дека таа зараза стасала и до веб порталот Курир, за кој и малите деца знаат дека е дел од информативно-пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ која ја има улогата на пералница на мозоци.

“Курир” си останува доследен на своето име бидувајќи доследен курир на ставовите на партијата на власт до граѓаните. Од таков “Курир” каков што е, не беше ни за очекување да ја пофали гасификацијата на Струмица. За Општина Струмица, доволни се зборовите на пофалби од реномирани имиња и презимиња и институции од земјата и странство кои гасификацијата на Струмица ја оценија како револуционерен проект. Истиот тој проект има тежина од повеќе аспекти:

- Доследно го спроведува делот од Стратегијата за енергетика на Република Македонија на МАНУ во кој се препорачува воведување на виртуелна гасификација на општините во недостаток на национална гасоводна мрежа

- Доследно ги спроведува препораките на американскиот помошен државен секретар за европски прашања Филип Гордон и на Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, земјите од Балканот при снабдувањето со гас да не се врзуваат само за еден извор.

- Само за греење на градинките, училиштата и другите општински институции, Општина Струмица за греење годишно ќе заштеди 300.000 евра.

- Со овој еколошки и евтин енергенс домаќинствата добиваат сигурно и економично греење а стопанските субјекти и земјоделските производители стануваат поконкурентни на пазарот.

- Гасоводната мрежа во Струмица е целосно компатибилна за приклучување кон националниот гасовод, кога тој и да биде изграден.

Зошто луѓето од Курир свесно ги одбегнуваат овие факти?

Зошто во улога на слепи послушници, одработувајќи за своите наредбодавачи, вадат од ракав паушални невистини?

Зошто прашуваат дали имало јавна набавка кога совршено добро знаат дека таква јавна набавка е направена уште минатата година со изборот на фирмата Галилео од Аргентина со своето претставништво во Бугарија (за опремата) и на фирмата СИ ЕН ЏИ од Скопје (за гасот). Впрочем овие податоци можеле да ги добијат од Бирото за јавни набавки.

Да се занимавале малку со истражувачко новинарство, луѓето од Курир ќе знаеле дека приклучокот за гас во Србија чини 850 евра, во Бугарија 900 евра а во Хрватска од 1050 до 1400 евра. Тоа значи дека цената на приклучокот од 700 евра е убедливо најевтина на Балканот а да не зборуваме за споредба со другите земји во Европа и светот. Дали оваа цена е висока или не, зборува фактот дека толку отприлика чини инсталирање на плински уред во автомобил.

Згора на тоа треба да се знае дека во цената на приклучокот влегуваат: мерно-регулаторен сет, земјишно-градежни работи до 12 метри од главната цевка до објектот и поставување ПЕ-100 цевка со електрофузиони фитинзи.

Доколку и понатаму луѓето од Курир се однесуваат како оперирани од вистината, доколку ги пуштат од ВМРО ДПМНЕ ги покануваме да бидат гости на Општина Струмица за да им се разјаснат некои работи. Во меѓувреме не е лошо да најдат аргументација за зборовите „матни бизнис зделки“, „сомнителни договори“ и сл. Бидејќи истите се кривично дело. Се надеваме дека наскоро Курир ќе напише збор два за ќорсокакот во кој се наоѓа проектот за гасификација на Македонија. Но со оглед на курирската функција на „Курир“ повеќе од сигурно е дека тоа е сепак невозможна мисија која граѓаните нема да ја прочитаат на овој веб портал.

Со почит,

ОПШТИНА СТРУМИЦА

Кабинет на Градоначалник

Одржана дебата за меѓуетничка интеграција во образованието

  Во просториите на Домот на АРМ во Струмица, се одржа тркалезна маса на која присуствуваа претставници од училиштата, невладиниот сектор, Бирото за развој на образованието, ученици, родители, членови на  Советот на општина Струмица, одговорните за образование од општина Струмица и други заинтересирани  страни. Оваа дебата се одржа во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование заедно со партнер организацијата, Центар за изведувачки уметности Мултимедиа.

    Присутните дискутираа на теми за одговорно граѓанство, градење почит и активно учество во училиштата, социјалната одговорност и иновативни пристапи во формалното и неформалното образование, како може да допринесеме за подобрување на образованието во еден мултикултурен/интеркултурен концепт на нашето општество и други прашања од практичното, секојдневно искуство во заедничкото живеење, училишната клима и односот на родителите и наставниците кон овие теми.

  Општина Струмица, како пилот општина во овој проект, ги поддржува сите училишни активности базирани на меѓуетничката соработка и активно придонесува за меѓуетничкиот дијалог и соработка во воспитно-образовниот процес во сите воспитно-образовни установи на територијата на општината.

 

Временска прогноза за петок, 16 ноември

Денес во Струмица облачно со слаб дожд во попладневните часови. Дневна температура до 14 °C

 

Своите фотографии ги оставам на идните генерации – Сречко Гунчев

Понекогаш толку многу се концентрирам на сцената пред мене која сакам да ја фотографирам, ми се чини дека заборавам да дишам од желба да направам што подобра фотографија – признава Сречко Гунчев, струмичанец кој повеќе од четириесет години го фотографира својот град, неговите улици, неговите забави, неговите промени низ времето, неговите луѓе… и затоа заслужено покрај неговото име стои – најдобриот фотохроничар на Струмица. Повеќе →

Нови асфалтирани улици во Сачево

Се подобруваат условите за живот во населеното место Сачево во општина Струмица. На барање на месното население асфалтирани се две улици со вкупна површина од 1.700 метри квадратни. Асфалт доби и постројката каде жителите ги чекаат возилата за превоз до градот и другите населени места. Со поставувањето на асфалтот жителите на Сачево повеќе нема да одат по улици со кал, со што и ова село станува пристојно место за живеење. Асфалтирањето е финансирано со средства од буџетот на општина Струмица.

Пожарникари од Струмица на обука во Велика Британија

Осум пожарникари од територијалната професионална противпожарна единица на Струмица в сабота ќе заминат на двонеделна обука во Северн Парк, во близина на Бристол во Велика Британија.

Станува збор за еден од највисоките степени на обука што ги спроведува Mеѓународната хуманитарна противпожарна фондација „Операција Флоријан“, која освен што врши обука на пожарникари, донира и противпожарна опрема. Според Мијалче Крстев командир на ТППЕ на Струмица, кој е и национален координатор на Флоријан, обуката ќе се реализира во три групи, работа со дишни апарати, работа со алатки за справување при сообраќајни незгоди и други технички интервенции и урбано пребарување при елементарни непогоди. Општина Струмица и Флоријан во 2009 година потпишаа меморандум за соработка. Преку реализираните курсеви со инструкторите на оваа меѓународна фондација, пожарникарите од Струмица се стекнаа со напредни знаења и вештини во справувањето со тешки сообраќајни незгоди во екстремно тешки услови, давање прва медицинска помош, ракување со специфични алатки и извлекување на повредени и транспорт при елементарни непогоди, како земјотреси  и поплави.

Освен од Струмица на обуката во Велика Британија ќе учествуваат и пожарникари од уште шест противпожарни единици во Македонија