Tag: Струмица

Временска прогноза за Струмица, 13 март

Времето денеска во Струмица Повеќе →

Временска прогноза за Струмица, 10 март

Времето денеска во Струмица Повеќе →

Временска прогноза за Струмица, 9 март

Времето денеска во Струмица Повеќе →

89 пријави во ,,Систем 48’’ за месец ноември

Улици, патишта и тротоари, ова се најчестите области на кои се пожалиле граѓаните на Струмица во месец ноември кога и   доставиле  пријави до општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“.

Од сервисот информираат дека од вкупно доставените 89 пријави, 70  се целосно решени, а останатите 19 се во фаза на решавање бидејќи станува збор за посериозни проблеми. Освен за улици, патишта и тротоари, граѓаните пријавиле проблеми и од областа на уличното осветлување, собирањето смет, водовод и канализација. Општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ над една година е во служба на граѓаните  кои за овој период доставиле над илјада пријава, од кои најголем дел се целосно решени. Целта на воведувањето на системот е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Струмичките пожарникари ќе едуцираат за противпожарната заштита

Проектот “Биди пожарникар во својот дом“ влезе во завршна фаза и по тој повод вчера во Дом на АРМ се одржа состанок помеѓу Здружението на професионални пожарникари – Струмица и представниците на куќните совети на колективните објекти.

На состанокот, представниците на Здружението зборуваа за последната етапа на проектот која опфаќа едукација на популацијата и излегување на стручните лица на терен кои ќе вршат увид во заштитата на објектите од пожар.

Овој проект се однесува на стамбени објекти кои имаат повеќе од 4 станови.

- Пожарникарите ќе проверуваат дали зградите имаат пожарни скали и апарати за гасење на пожар и во каква состојба се тие, а воедно ќе ја подучуваат популацијата во против пожарната заштита.

Исто така, секој стан ќе добие флаер на кој има упатство за спречување на пожар, но и како да дејствуваат ако дојде до истиот. Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај луѓето, да сфатат дека нивното знаење е многу значајно во вакви екстремни ситуации – изјавија претставниците на Здружението на професионални пожарникари.

Проектот “Биди пожарникар во својот дом” трае од мај оваа година, а финансиран е од страна на Општина Струмица и “Здружението на професионални пожарникари.

Комуналец ги отстранува наносите по улиците од поројните дождови

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска во акција за расчистување на градот од наносите од кал и песок што ги предизвикаа поројните дождови што викендот го зафатија регионот. Со луѓе и механизација се работеше на неколку локации, но најмногу во понискиот дел на градот и тоа на улиците „Браќа Минкови“, „Максим Горки“, „Младинска“, како и во околината на средното општинско училиште „Никола Карев“. И викендот беше работен за комуналните работници, тие интервенираа на најкритичните места во градот и спречија последици од поголеми размери. Освен во отстранувањето на наносите од улиците, екипи на „Комуналец“ денеска работеа и на средување на цветните алеи на булеварот „Маршал Тито“ и на санирањето на остатоците од поставувањето на новото осветлување на булеварот „Гоце Делчев“.

Пандев – Креаторот на победата на Наполи над Парма

 

Струмичкиот интернационалец Горан Пандев денеска на одиграниот меч помеѓу Наполи и Парма беше креаторот на победата на Наполи.  Најпрво, уште во втората минута над него е направен пенал, кој го реализираше Кавани, стрелец е на вториот гол и асистираше за третиот за конечна победа од 3:1.

Уште еднаш се покажа дека тој е Гранде Пандев.

Да погледнеме како изгледаше сето тоа…

 

http://www.youtube.com/watch?v=GRCvDhdYc9c

 

Започнаа театарските денови во Струмица

Со синоќешното откривање на бистата на Ристо Шишков пред Центарот за култура ,,Антон Панов“, градоначалникот Зоран Заев го отвори јубилејниот ХХ Фестивал на камерен театар посветен на овој голем македонски актер.

На свеченото отворање на посетителите им беше прикажан 20-минутен видео перформанс на театарски костими од Марија Папучева, а потоа и изложба на фотографии ,,20 години ФКТ“, од фотографот Сречко Гунчев.

На првата фестивалска вечер на големата сцена се одигра претставата ,,Животот на Молиер“ во изведба на екипата од матичната театарска куќа на Шишков, Македонскиот народен театар од Скопје, а од 23 часот на сцената 112 пред публиката се представи ,,Љубовникот“ во режија на Ирена Стеријовска.

Во наредните 5 дена, колку што ќе трае фестивалот, сите љубители на уметноста, ќе можат да уживаат во претставите кои за нив ќе ги изведуваат актери од Македонија, Литванија, Словенија, Англија, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора и Косово. Исто така, oд 9-ти до 13-ти септември во просториите на Центарот за култура од 11:30 часот ќе се организираат разговори (фоаје) на кои учесниците ќе дискутираат за претставите кои се одиграни претходната вечер.

На последната вечер од фестивалот, актерот со најголемо актерско остварување ќе добие награда ,,Ристо Шишков“ која се состои од медаљон и парична награда од 1500 евра.

М.М.

>>>>>>Галерија<<<<<