Временска прогноза за петок, 30 ноември

Времето денес во Струмица, умерено облачно со можни врнежи во текот на вечерните часови. Дневна температура до 15-ти степен.

На Црногорците им се допадна струмичката ,,Мастика”

Градоначалникот Зоран Заев денеска ја прими во својот кабинет делегацијата на општина Бијело Поље од Црна Гора предводена од градоначалникот Александар Журиќ и амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Душан Мрдовиќ. На официјалната средба претставниците на двете општини разговараа за меѓусебната соработка и по тој повод потпишаа Протокол за соработка помеѓу Струмица и Бијело Поље. По состанокот двете делегации ги посетија фабриките ,,11 Септември”, ,,Изолмак” и ,,Грозд” каде гостите ја дегустираа и позитивно ја оценија струмичката ,,Мастика”. Претставниците на Бијело Поље ќе бидат во Струмица до утре, а во текот на денешниот ден ќе го посетат и новиот соборен храм ,,Успение на Пресвета Богородица” и ќе се прошетаат по плоштадот ,,Гоце Делчев”.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.299436466839605.70885.261733853943200&type=1

Иванова: Струмица повторно заборавена во предлог-буџетот на Владата на РМ за 2013 година

Вчерашната прес конференција која беше свикана од страна на парламентарците од Струмица од редовите на СДСМ,  г-ѓа Цветанка Иванова и г-дин Панче Орцев, беше со цел за информирање со процедурата за донесување на Буџетот на РМ за 2013 година.

,,Она што може да се види во Буџетот кој што го предложи Владата на РМ за 2013 година, констатираме дека Струмица по кој знае кој пат е заборавена. Во мелагоманскиот буџет кој што е  понуден од Владата, нема или не можат да се видат средства за потребите на граѓаните на општина Струмица и регионот Струмица“  – истакна пратеничката Цветанка Иванова.

Таа исто така зборуваше за ветените, а сеуште неостварените проекти од страна на ВМРО – ДПМНЕ кои биле во програмата, но сепак не се приоритет за владечката партија.

Според искажувањата на Цветанка Иванова, струмичките граѓани и фирми во голем дел го полнат Буџетот на РМ, и дека тие не го заслужуваат тоа, туку напротив, Владата  да им се оддолжи со тоа што ќе реализират некој од ветените проекти.

Тие амандмани се однесуваат на изградба и реконструкција на регионални патишта, изградба на обиколници, регулирање на порои при

атмосферски дождови,чистење на речни корита, тампонирање на полски патишта. Исто така поднесени се амандмани  за гасификација на дел од струмичкото поле, амандман за изградба на спортка сала во  ООУ ,,Никола Вапцаров, како и еден од поважните амандмани, амандман за преадаптација и опремување на простор во Струмичката касарна за дневен центар за деца со посебни потреби за цел Југоисточен регион.Пратениците бараат, Владата барем овој пат да подржи барем некои амандмани кои се од големо значење за Струмица како и за Југоисточниот плански регион.

По тој повод, господинот Панче Орцев ги повика своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ заедно да допринесат за Струмица, да подржат барем дел од поднесените амандмани.

 

Временска прогноза за четврток, 29 ноември

Денес во Струмица облачно со дожд. Дневна температура до 14 °C

Бизнис секторот од Струмица во борба против семејното насилство?

Партнерите од проектот ,,Воспоставување на Шелтер центар за згрижување на жртви на семејно насилство во општина Струмица, денеска имаше работна средба со бизнис секторот од општината на тема „Бизнис заедницата како важен партнер во постигнување на ефикасен одговор кон семејното насилство на локално ниво“. Во своето денешно обраќање на медиумите градоначалникот Зоран Заев ја истакна улогата на бизнис заедницата како доста важна како подршка на жртвите кои претрпиле семејно насилство. Помошта би била во вид на пронаоѓање на трајни решенија и вработување на лицата, а со тој начин би им била обезбедена егзистенција. Унаку, Струмица е првиот град во Македонија во кој е воведен Шелтер центар, и денешната средба со бизнис секторот значи чекор напред за проектот на згрижување на жртви на семејно насилство. П Партнерите во проектот се – Општина Струмица, Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, Организација на жени од Струмица и МПЦ – Струмица“ – Општина Струмица, Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, Организација на жени од Струмица и МПЦ – Струмичка Епархија.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.299088943541024.70821.261733853943200&type=1

Новиот кружен тек разубавен со две илјади темјанушки

Заврши изградбата на новиот кружен тек на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Младинска“ кај Анска река во Струмица. Со ова ново сообраќајно решение значително ќе се намали сообраќајниот метеж кој беше честа слика на оваа, една од најфреквентните и најкритичните крстосници во градот. Од денеска новиот кружен тек е и хортикултурно уреден. Вработени во ЈПКД „Комуналец“ засадија две илјади  темјанушки во повеќе бои, а остатокот од 100 метри квадратни ќе биде тревна површина. Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да не ги крадат темјанушките, како што се случило деновиве, кога од површините во градскиот парк биле украдени околу 500 темјанушки. На местото на украдените, насадени се нови темјанушки. Со новиот кружен тек, Струмица потврдува дека е општина која ги следи европските трендови на безбедни сообраќајни решенија.

Делегација на општина Бијело Поље од Црна Гора во посета на Струмица

Денеска во попладневните часови во официјална посета на општина Струмица ќе пристигне делегација на општина Бијело Поље од Црна Гора, предводена од градоначалникот Александар Журиќ. Официјалната средба меѓу делегациите на Струмица и Бијело Поље ќе се одржи утре во кабинетот на градоначалникот Зоран Заев каде ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете општини.

На средбата ќе присуствуваат и Душан Мрдовиќ амбасадор на Црна Гора во Република Македонија, Мирољуб Орландиќ претседател на здружението на Црногорците во Македонија и Медо Балиќ потпретседател на истото здружение.

По средбата, двете делегации ќе посетат неколку фабрики, декомпресиската станица на системот за гасификација на општина Струмица, локацијата каде што се гради новиот соборен храм „Успение на Пресвета Богородица“, а ќе се прошетаат и по плоштадот „Гоце Делчев“. Посетата на Струмица, гостите од Бијело Поље ќе ја завршат в петок.
Ова е возвратна посета на делегацијата на општина Бијело Поље, откако во ноември минатата година, оваа црногорска општина беше домаќин на делегацијата на општина Струмица, предводена од градоначалникот Зоран Заев.

Временска прогноза за среда, 28 ноември

Времето денес променливо облачно со можни врнежи. Дневна температура до 11˚C

Преставници од американската амбасада во посета на гимназијата

Во склоп на активностите на англискиот клуб SQUARE при СОУ „Јане Сандански“, денес во посета на училиштето беа претставник од Американското катче во Штип и високиот политички офицер на Амбасадата на САД во Скопје, Мариса Мекајсак. Тие поминаа 45 минути во разговор со учениците од II година под раководство на професор Невенка Стојанова. Темите на разговорот беа – што учениците би сакале Вашингтон да знае за Македонија и кои се можностите на учениците за продолжување на нивното образование во САД. Следувашe покана за посета на Американското катче во Штип и посета на Американската амбасада во Скопје, која присутните ученици со задоволство ја прифатија.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.298595703590348.70656.261733853943200&type=1

Споменикот на жртвите од пожарот ќе биде поставен кај ,,Тинекс”

Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов, жртвите од пожарот кој го зафати шумското подрачје над Струмице на 23. јули оваа година, ќе добијат свој споменик на Булевар Маршал Тито, во паркот до Тинекс.Тоа советниците едногласно го одлучија на денешната шеесет и трета седница на Советот на општина Струмица.
Советниците на денешниот состанок го подржаа и предлогот за поставување на биста на Цар Самуил во градскиот парк спроти Домот на АРМ, го усвоија предлогот за дополнување на програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Струмица за 2012 година и донесоа повеќе одлуки од областа на урбанизмот.

popup11