Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција на младите ќе се врши реновирање на делови од училиштата „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“

Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) кој опфаќа три компоненти, меѓу кои и компонентата стимул за училиштата – реновирање, денеска, во кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу двете училишта, основното „Маршал Тито“, средното „Јане Сандански“ и општина Струмица со Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД. Повеќе →

Тиверија првопласирана во Трета лига – Југоисток

Фудбалерите на Тиверија по три одиграни кола во Трета лига Југоисток е првопласирана на табелата со вкупно 9 освоени бодови, исто колку што има и екпата на Дојранско Езеро која сега е втора.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Третопласирана е екипата на Хоризонт Турново која има три бода, исто толку бодови има и Младост од Удово како четврта на табелата, Спартмани е петта, додека Василево шестти со по 1 бод.

Во следното коло Хоризонт Турново на домашен терен ќе игра против Младост, Василево е домаќин на Дојранско Езеро, Тиверија дома ќе игра против Спартмани.

Астраион со победа над Младост

Ракометарите на Астраион забележаа нова победа, откако во натпревар од 5. коло од Првата ракометна лига, ја победија екипата на Младост со тесен резултат од 27:26.

РК Астраион - натпревар гости 2018-2019 сезона

Струмичките ракометари со оваа победа се наоѓаат на третото место на табелата со 10 бода, исто колку што има и Вардар од Неготино кој е втори, додека во однос на Металург Јуниор кој е прв имаат само еден бод негатива.

Куманово засега е единствената екипа која нема освоено ниту еден бод и е последнопласирана на табелата.

Во следното коло Астраион ќе гостува кај второпласираниот Вардар Неготино и тоа ќе биде тежок натпревар за Струмичани во борбата за првото место.

Беласица против Победа

Фудбалерите на Беласица на „Младост“ во недела ќе го одиграат натпреварот од 10. коло од ПМФЛ против екипата на Победа од Прилеп.

ФК Беласица - ФК Брегалница - 19.05.2018 - ВМФЛ - Исток

Струмичани по девет одиграни кола се наоѓаат на осмото место на табелата со вкупно 10 освоени бодови, додека Победа е петтопласирана со вкупно 11 бодови.

 

Академија Пандев против Македонија ЃП

Фудбалерите на Академија Пандев во недела силите ќе ги одмерат со екипата на Македонија ЃП, во натрпевар од 10. коло од ПМФЛ.

Академија Пандев - Шкупи - 26.08.2018 - Турново

Пандевци со 16 бодови се на треттото место на табелата, додека Македонија ЃП е седма со 10 освоени бодови.

Лидер на табелата е Вардар со 23 бодови, додека на дното од табелата како последен е Шкупи со 6 освоени бодови.

Претставници од Детската Фондација Песталоци од Швајцарија во посета на ООУ „Маршал Тито“ од Муртино

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци од Швајцарија, во подрачното основно училиште во село Банско, кое работи во состав на ООУ „Маршал Тито“ од село Муртино, во присуство на претставници од Фондацијата, се реализираше заеднички час на ученици, наставници и родители од македонската и турската заедница. Повеќе →

Во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица се одржа програма за гостите од збратименото училиште од Турција

Во духот на традицијата и обичаите, а со цел да има соживот во општеството, денес во основното општинско училишта „Маршал Тито“-Струмица беше организирана пригодна програма за пречек на гостите од збратименото училиште Алпарслан од Изник – Турција. Воедно се одбележа и Светскиот ден на храната преку подготовка и дегустација на традиционални специјалитети од страна на вработените, родителите и учениците од македонска и турска националност. Гостите од Турција и претставници на училиштето имаа средба и со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. Повеќе →

Учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ постигнаа одлични резултати на ноќните крос трки

На традиционалните ноќни крос трки кои што се одржаа по повод Денот на востанието на Македонија и Денот на борецот, учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ кои што се натпреваруваа во повеќе категории, постигнаа одлични резултати. Прво место освоија учениците Верица Чолевска VI-2, Марија Германлиева VII-4 и Панче Петров IX-1, второто место им припадна на Викторија ТрајковаVI-1, Гоце Полизовски VI-1, Бранка Божинова VII-1 и Глигор Манчев VII-4, а трети беа Симона Кирова VI-2, Филип Киров VI-3, Теа Зетова VII-1, Росана Павлова IX-3 и Мартина Николова IX-3 одделение. Освоените места им ги честиташе директорот на училиштето, поттикнувајќи ги сите ученици на поголеми спортски активности. Повеќе →

11 години од загинувањето на големата музичка ѕвезда Тоше Проески

На денешен ден пред 11 години загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, во тешка сообраќајна несреќа која се случи крај Нова Градишка, на автопатот Загреб-Липовац.

Пејачот почина на 26 годишна возраст. Повеќе →

Тип на денот 1-х-2 за вторник, 16 октомври

Повеќе →

Capture