Тип на денот 1-Х-2 за четврток,14 ноември

Повеќе →

ЖФК Тиверија со убедлива победа над ЖФК Шкендија

Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен со високи 5:0 ја победија ЖФК Шкендија од Тетово, во натпревар од 9. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија - ЖФК Шкендија - во Струмица 9. коло

Одлична игра прикажана од страната на ЖФК Тиверија против одличната екипа на ЖФК Шкендија. Резултат го отвори Божиновска уште во првите минути од натпреварот, а потоа Теодора Димоска постигна четири погодоци за конечни 5:0.

На овој натпревар фудбалерката на ЖФК Тиверија Струмица, Ивана Николова, го одигра 100-от официјален натпревар во дресот на ЖФК Тиверија. Николова е дел од струмичкиот клуб од 2014 година.

ЖФК Тиверија со оваа победа е на делба на втората позиција со 22 освоени бодови, додека ЖФК Шкендија останува шестта со 18 бодови. Во следното коло ЖФК Тиверија на домашен терен ќе игра против актуелниот шампион ЖФК Драгон од Скопје.

РК Астраион прв на табелата во Првата ракометна лига – Група 1

РК Астраион викендот ја запиша својата петта сезонска победа, против екипата на Текстилец од Штип, со резултат од 31:21 и се зацврсти на лидерската позиција во Првата ракометна лига – Група 1, каде се натпреваруваат 9 екипи.

FB_IMG_1573425539395

Струмички Астраион во досегашниот тек од сезоната има запишано пет победи и едно реми и со вкупно 16 бодови е на првото место на табелата, на втората позиција е РК Прилеп кој има бод помалку. Куманово е трет на табелата со 14 бодови, Јуниор К.В. е четврти на табелата со 12 бодови, а исто толку бодови има и Македонија ЃП која е петта на табелата. Вардар Неготино со 9 освоени бодови е на шесттото место, Текстилец од Штип со два бодови е на седмата позиција, Риниа М со еден освоен бод е на осмата позиција, додека РК Алушовски е последен без освоени бодови.

Во следното коло РК Астраион ќе му гостува на РК Вардар Неготино, МРК Куманово ќе игра против Риниа М, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Текстилец од Штип, додека РК Прилеп ќе го пречека РК Алушовски.

ЖФК Тиверија во среда на домашен терен против ЖФК Шкендија

Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица во среда Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ ќе ја пречекаат ЖФК Шкендија од Тетово, во натпревар од 9. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија Струмица - екипа 12.11.2019

По 8. одиграни кола во ПЖФЛ, ЖФК Тиверија е делба на треттата позиција со 19 бодови, додека ЖФК Шкендија е шестта на табелата со еден бод помалку, со што би се очекувал интересен и израмнет натпревар.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот. Покрај овој натпревар ќе се играат и следните натпревари: ЖФК Каменица Саса на домашен терен ќе ја пречека ЖФК Плачковица, Борец ќе игра против Атлетико, актуелниот шампион Драгон на домашен терен ќе игра со Истатов, Речица ќе биде домаќин на Топ Гол, ЖФК Кочани ќе ги одмери силите со ЖФК Љуботен, колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот меѓу ЖФК АС Јунајтед против ЖФК Деспина од Прилеп.

 

Кога е најдобар дел од денот за пиење на кафе?

Вистинскиот тајминг за пиење на кафе, ќе спречи вашиот организам да изгради толеранција од кофеинот, односно ако го конзумирате во вистинското време, кафето секогаш ќе ви делува. Според невролозите, најдоброто време во денот за пиење кафе е изутрина, помеѓу 9:30 и 11:30 часот. Повеќе →

Како изнајмениот стан да го претворите во „свој“

Ако сте едни од оние кои веќе со години живеат во изнајмен стан, тогаш сигурно сте свесни за своите органичувања кога е во прашање уредувањето на просторот во кој живеете. Иако во него не можете да направите големи промени, бидејќи тоа не е ваш стан, сепак постојат некои ситници кои можете да ги направите. Повеќе →

5 невообичаени примени на пастата за заби

Многу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент. Повеќе →

Музиката делува терапевтски, го поттикнува памтењето и придонесува за подобро расположение

Музиката и пеењето имаат позитивно влијание врз когнитивните и емоционалните способности и придонесуваат за подобро расположение, тврдат финските научници.

  Повеќе →

Тип на денот 1-Х-2 за вторник,12 ноември

Повеќе →

Спартмани декласиран во Свети Николе од Овче Поле

Фудбалерите на Спартмани убедливо загубија на гостувањето во Свети Николе од екипата на Овче Поле, со резултат од 5:0 во натпревар од 9. коло од Третата лига – Југоисток.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Спартмани со овој пораз остануваат на дното од табелата, додека Овче Поле е на делба на првата позиција заедно со екипата на Слога од Виница, со по 24 освоени бодови.

Во следното коло, Спартмани на домашен терен ќе игра со Тиверија, додека Овче Поле ќе гостува во Виница кај Слога, каде ќе игра дерби натпревар за првата позиција на табелата.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o