За Струмица девет награди на ,,Комуналијада” – Охрид 2012

На овогодинашното натпреварување ,,Комуналијада – Охрид 2012“, три златни медали на струмчкиот ЈПКД ,,Комуналец” му донесоа: женската екипа во стрелаштво, Виолета Мучева за поединечно стрелаштво и Стојан Мицевски за аранжирање цвеќе.

На тридневното натпреварување со екипите од цела Македонија во спортските и работните дисциплини се натпреваруваа 36 учесници од Струмица, а со себе ги понесоа и следните награди: второ место освои машката екипа во стрелаштво, трето место женската екипа во пикадо, второ место – изнесување на смет, второ место – миење улица, трето место – монтирање на водомер и женската екипа ја освои наградата за фер – плеј игра.

Традиционалната ,,Комуналијада” во Охрид се оддржи по деветнаесетти пат, а по завршувањето на натпреварувањата, вработените од ваквиот вид на јавно претпријатие од сите делови од Македонија се дружеа и меѓусебно разменуваа искуства и уживаа во културно – забавната програма која беше припремена во нивна чест.

Земјоделците од Струмичкиот регион го бараат своето право на пензионирање

Инцијативниот одбор на земјоделците на денешната информативна средба го изрази своето незадоволство поради досегашното спроведување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ поради кое не можат да го остварат своето право на пензионирање.

Од почетокот на годината, ниту еден земјоделец од Струмичкиот регион не успеал да го оствари правото на пензионирање, а поголемиот број на други земјоделци имаат проблеми и со самото аплицирање за добивање на пензија.

 

 

Раководството на Општина Карпош во работна посета на Струмица

Новите закони кои се донесени и се во надлежност на општините беа тема на дискусијата на денешната средба помеѓу претставниците на Општина Струмица и раководството на Општина Карпош на чело со градоначалникот Стевче Јакимовски.

Заедничките законски решенија за проблемите како што се легализацијата на земјиште, урбанизам, издавање на градежни дозволи, инфраструктурните проекти беа предмет на разговор помеѓи двете општини кои со години наназад имаат секојдневна соработка.

,,Најинтересно за претставниците на Карпош е проектот гасификација на Струмица за кој и ние имаме желба да го започнеме” – истакна Стевче Јакимовски.

Дефектолози и логопеди во струмичките училишта

Започнувајќи од 1-ви октомври струмичките средни и основни училишта ќе добијат нов кадар, дефектолози и логопеди кои ќе работат со децата кои имаат посебни образовни потреби.

Како што најави градоначалникот Зоран Заев во синоќешната емисија ,,Отворено со градоначалникот” на ТВ канал ВИС , овие логопеди и дефектолози веќе волонтираат во училиштата, а од 1-ви октомври официјално ќе започнат со работа.

,,Имаше потреба од овој вид на специјализирани учители – дефектолози и логопеди кои што ќе работат со децата, затоа и општината ја донесе оваа одлука на Советот.” – изјави Зоран Заев

Со оваа одлука, општина Струмица ќе биде првата општина која практично се фокусира на децата кои имаат  посебни образовни  потреби.

Временска прогноза за петок, 28 септември

Временска прогноза за петок, 28 септември

Времето сеуште топло и сончево. Дневна температура до 31 степен.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор: www.weather2umbrella.com

 

 

Раце кои од овошје создават уметност – Розита Бојчовска

,,Никогаш однапред немам идеа што ќе направам, но кога ќе го направам првиот рез на лубеницата, испирацијата се појавува и се тече лесно” – го започнува разговорот Розита Бојчовска која единствено таа во Струмица се занимава со правење на украсни декорации од овошје и зеленчук.

,,Се започна како љубопитност и хоби, а потоа прерасна во нешто посериозно и сега тоа е еден дел од мојата работа. Пред повеќе од година дена гледав како љугето праваат икебани од овошје на Интернет, ми делуваше интересно и необично, а кога самата пробав да направам нешто слично од помала лубеница и од прв обид успеав да направам украс, сфатив дека го можам тоа и јас” – продолжи Розита.

За правење на разни фигури се користи секаков вид на сезонско овошје и зеленчук, најлесно се обликува лимонот и протокалот, додека најмногу потешкотии и создава тиквата: ,,Таа е тврда, и тешко се ,,припотомува” за добивање на саканиот облик, додека лубеницата е најпогодна и дава најмногу можности за играње бидејќи има три бои кои можат да се комбинираат на различни начини.” – рече Розита.

Од модриот патлиџан на пример може да направи пингвин, од домат – кошница, лубеницата може да и послужи како глава од Мики Маус, а портокалот како ѕвезда, од цвеклото – цвет, од тиква може да се направи орел или свеќник, од јајца Кинез…
,,Најинтересно што имам направено досега е лубеница со два лебеда во вид на срце, а во средината 3 ружи. Тоа е доста барано бидејќи е погодно за разни свечености, а мене таа декорација ми е една од омилените” – објаснува Розита.

Иако оваа работа одзема доста време, од 3-4 часа се потребни за посвета на една декорација, таа не се жали бидејќи за нејзе тоа е еден вид на релаксација: ,,Времето додека создавам украси од овошје и зеленчук е време за мое психичко и физичко опуштање. Кога ќе пуштам музика и почнам да работам, јас сум на некоја врста одмор” – заврши Розита.

M.M.

Јањушевиќ во КК Струмица?

Кошаркарот Милан Јањушевиќ можеби наскоро ќе заигра во КК Струмица. Како што пишува македонскиот портал supersport.com.mk, Јањушевиќ е блиску до потпишување на договор со КК Струмица.

Јањушевиќ е роден 1983 година и по потекло е од Србија.  Тој има играно за тимовите како:  Црнокоса, Игокеа, Херцеговац, Тамис.

Во минатата сезона, Јањушевиќ играше за КК Куманово каде беше и еден од најдобри стрелци.

 

Се подговтува за бетонирање улицата „Бoшко Буха„

Општина Струмица почна со подготовките за бетонирање на една од најпроблематичните улици во повисокиот дел на градот „Бошко Буха“. Со овој градежен зафат трајно ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите од турската националност што ги имаа по секои пообилни врнежи од дожд, со што ќе им се подобрат условите за живот. Наносите од кал, песок, чакал и разновиден отпад им создаваат сериозни проблеми пред дворните места. Токму поради ова со неколку екипи и механизација, општина Струмица почна со чистење на улицата од наносите од последните поројни дождови, кои на некои места достигнуваат и до еден метар, по што ќе се почне со бетонирањето. Со акцијата за чистење ќе бидат опфатени околу двесте метри од улицата на кои наносите се најголеми и им предизвикуваат сериозни проблеми на жителите од овој дел на градот.

Временска прогноза за четврток, 27 септември

 

Временска прогноза за четврток, 27 септември.

Летните денови продолжуваат. Денес ќе уживаме во уште еден летен сончев и топол ден. Дневна температура до 31 степен.

 

извор:www.weather2umbrella.com

Акција на ,,Комуналец” за чистење на полските канали во Куклиш

Екипи на ЈПКД “Комуналец“- Струмица почнувајќи од вчера ги чистат полските канали во селото Куклиш. Оваа акција е дел од големото есенско чистење во градот и населените места и е дел од Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на општина Струмица.

Екипите на ЈПКД “Комуналец“ претходно го чистеа горниот дел од поројот на улицата “Крушевска Република“, преку вадење на наносите од песок и чакал и разновиден отпад.

 

 

 

bilbord