Во недела акција ,,Недела против гладтa’’

По повод Светскиот ден на гладта, “Банка за храна Македонија’’ заедно во соработка со ,,Организација на жени од Струмица’’ во недела организира хуманитарна акција ,,Недела против гладта’’.
На плоштадот Гоце Делчев во терминот од 11:00 – 15:00 часот ќе биде поставен штанд на кој ќе се продава храна, а средствата соберени од продажбата ќе бидат донирани за храна на гладните и бездомните лица.

Сите заинтересирани кои имаат желба да учествуваат во оваа акција тоа може да го направат на следните начини: да волонтираат за реализација на ,,Недела против гладта’’, да подготват храна и ја донесат на штандот и исто така, да купат храна и ја подарат истата.

Една година од работењето ,,Систем 48” го прослави со 868 решени проблеми на граѓаните

Општинскиот сервис за пријавување комунални проблеми „Систем 48“ денеска наполни една година од своето работење и за овој период успеа да се наметне како вистински сервис на граѓаните што се потврдува со фактот што од месец во месец се зголемува бројот на пријавите доставени на неговата адреса.

Од 12 октомври минатата година до денеска преку телефон и емаил доставени се вкупно 940 пријави. Од нив решени се 853, како и  15 пријави кои имаа инвестиционен карактер и истите се реализирани, 37 се во процес на решавање, 3 непрецизирани и 6 пријави се во надлежност на друга институција. Најголем број од пријавите во изминатите 12 месеци се од областа на уличното осветлување или 349 и собирање на смет 219. Исто така се зголемува и бројот на пријавите за водовод и канализација, досега доставени се вкупно 175 пријави, за паркови и зеленило 70, општински инспекциски служби 39 и за улици, патишта и тротоари 65 пријави. Голем дел  од пријавите се решаваат во рок од 48 часа, тука спаѓаат проблемите од областа на уличното осветлување, собирање смет, водовод и канализација, а за решавање на останатите пријави од областа на улици, патишта и тротоари потребно е повеќе време бидејќи станува збор за посложени проблеми кои не можат да бидат решени во тој временски период.

 

ЈПКД ,,Комуналец” со акција за крпење на дупките на улиците во градот

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ ги крпат ударните дупки по улиците во градот. Акцијата почна со пополнувањето на дупките на булеварот „Гоце Делчев“ каде се санираа сите прокопи од изведувањето на новото улично осветлување од левата страна кон населеното место Дабиле. Санирани се и прокопите од складот за дрва на ЈП „Македонски шуми“ подружница Струмица  до  егејското маало. Пополнети се и дупките на улиците „Младинска“, „11 септември“, „Стив Наумов“, „Герас Цунев“ и дел од „Киро Абрашев“ и „Мара Минанова“. Од „Комуналец“  велат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови кога  со асфалт ќе се пополнат и дупките на останатите улици во градот, а ќе се интервенира и во населените места.

Временска прогноза за петок, 12 октомври

Времето денес променливо облачно со можни врнежи во текот на вечерните часови. Дневна температура до 24 степен.

Одбележување на Денот на востанието на Македонија, 11-ти октомври

Со оддавање почит на борците од НОБ и пригодна свеченост, општина Струмица го одбележа Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот – 11 октомври. Пред споменикот на Револуцијата во градскиот парк беше положено свежо цвеќе, а за значењето на празникот зборуваше градоначалникот Зоран Заев. Тој упати порака, овие празници да се почитуваат и негуваат и врз нив, како осведочен темел, треба да се надградува физиономијата на нашата земја.

- Во таа физиономија се огледуваме и ние како нејзини граѓани, но ја презентираме и нашата колективна лика и прилика пред очите на европската и светската јавност. Се разбира, денес кога го одбележуваме 11 октомври – Денот на востанието и Денот на борецот, неможе, а да не се погледнеме в очи за меѓусебно да си признаеме дека во последно време не правиме премногу за нашата верба во поубаво утре на нашата татковина, но и за вербата на другите кои ја опсервираат Република Македонија низ призмата на демократските капацитети на земјава, за нејзино Евро – Атлантско еволуирање. Велам, дека токму празничното расположение може да биде погодно за надминување на самите себеси, затоа што токму на датум каков што е 11 октомври треба кај секого од нас да проработи генот на непокор, бунтовност и патриотизам, па како такви ќе бидеме белким доволно доблесни да бидеме и критични и самокритични во врска со односот на граѓаните на Македонија кон Македонија. Во мигот кога по повод чествувањето  на денешниот празник на востанието, сме излезени од партиските ровови и политичкото секојдневие, време е да ја превземеме единствената позитивна улога на возљубени луѓе  во татковината и да направиме суштинска пресвртница за Република Македонија, правејќи во исто време пресвртница и за нас самите, но и за оние кои доаѓаат по нас, рече меѓу другото градоначалникот Зоран Заев.
Во чест на  празникот беше изведен рецитал од рецитаторите од домот за деца и млади „Благој Мучето“ , а во организација на општинскиот сојуз на училишен спорт се одржаа и ноќни трки за учениците од основните и средните училишта.

 

 

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.280622755387643.65794.261733853943200&type=1

 

 

 

 

 

Отворена изложбата ,,Ретроспектива” на Васе Урдин

Васе Урдин, познатиот скулптор роден во Струмица, вечерва ги претсави по втор пат своите дела со отворање на изложбата ,,Ретроспектива” во НУЦК ,,Антон Панов”.
,,Ова е за мене важен момент и сакав оваа изложба да биде во Струмица. Желбата ми се исполни бидејќи топло сум примен од градоначалникот на Струмица, Зоран Заев и од сите граѓани од Струмица” – изјави Урдин на отварањето на изложбата.
На ,,Ретроспектива” е изложено 90 експонати, сите предмети се поврзани со ентериер и изработени од ореово дрво.

 

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.280775742039011.65846.261733853943200&type=1

Меѓународен пријателски натпревар во фудбал

По повод празникот 11-Октомври се оддржa Меѓународен пријателски натпревар во фудбал помеѓу женските екипи на ЖФК ИСТАТОВ и ЖФК ЕКОМЕТ 90 Пловдив (Бугарија). Натпреварот се одигра во СЦ Истатов (Градско Балдовци). Екипата на ЖФК Истатов Партизан ја победи екипата на Екомет-90 со резултат од 7:0

 

 

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.280741292042456.65833.261733853943200&type=1

 

 

Изложба на познатиот струмички уметник Васе Урдин во Струмица

Вечерва со почеток во 19:30 часот во НУЦК ,,Антон Панов” ќе се одржи самостојна изложба на познатиот струмички уметник Васе Урдин – ,,Ретроспектива”.
Васе Урдин е познат галерист, најдобар познавач кој што навлегува во душата на дрвото. Како афирмиран уметник учествува на бројни изложби како во земјата така и надвор од неа.

Хорот и оркестарот од училиштето СОУ ,,Јане Сандански” на фестивалот ,,Виноскоп”

Хорот и оркестарот од училиштето СОУ ,,Јане Сандански” вчеравечер, 10-ти октомври го имаа првиот настап во Скопје на фестивалот Виноскоп, интернационален фестивал за вино, кој се одржува од 10-ти до 14-ти октомври. Покрај студеното време и преку предвидените 10 композиции, учениците успеаа да го претстават училиштето во најдобро светло и да ја размрдат скопската публика.

Победниците од традиционалната ,,Ноќна трка”

Победниците од традиционалната ,,Ноќна трка”

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.280424702074115.65751.261733853943200&type=1

bilbord