Писмена реакција на прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица

 

По одржаниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица од ОО СДСМ Струмица со писмена реакција.

 

Писмена реакција на прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица

Датум: 15.09.2012 година

Почитувани,

 

Манипулирање на јавноста – проширено и надоградено, до крај, е најверојатно новата порака со која ОК на ВМРО ДПМНЕ ќе настапи на следните локални избори.

Очајот и паниката во која се наоѓа ВМРО ДПМНЕ си го прават своето, свесни за изгубената подршка од граѓаните, со последните сили на безобразен начин се обидуваат да ќарат ситни политички поени.

Наместо да се потрудат да му помогнат на народот во решавањето на секојдневните проблеми, да му го олеснат животот, упорно го туркаат назад.

Огромната сиромаштија со која граѓаните се среќаваат секојдневно, неизвесната егзистенција и опстанок, натрупаните проблеми во здраството, клекнатата економија, зависноста од кредити, очигледно не претставуваат приоритети за решавање на оваа влада.

Малтретирањето и манипулирањето на граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ стана секојдневие.

Повеќе од очигледна е паниката и стравот во нивните редови.

Господа од ВМРО ДПМНЕ,

Граѓаните секојдневно гледаат, секојдневно чуствуваат кој им помага а кој ги манипулира, кој им ги решава проблемите а кој ги замајува.

Манипулирањето и замајувањето не Ви поминува кај Струмичани.

 

ОО СДСМ Струмица

Информација од општина Струмица за поплавите во понискиот дел од градот 15.09.2012 г.

Денеска во врска со поплавите во понискиот дел од градот, од општина Струмица информираат дека се преземаат сите мерки за да се санираат  последиците од дождот на неколку улици во понискиот дел на градот. Уште во раните утрински часови екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ излегоа на терен со механизација и работат на расчистување на наносите од кал и песок и спречување на последиците од поголеми размери. Инаку, овој проблем трајно ќе се реши со доградбата на ободниот канал, кој ќе ги прифаќа атмосферските води од пороите над градот. Иако тоа беше обврска на државата, но откако таа се правеше глува со години за овој проблем, општината одлучи во интерес на граѓаните таа да ја доврши изградбата и за тоа оддели 600 илјади евра од буџетот.

Инаку, досега се изградени 70 отсто од ободниот канал, кој треба да биде целосно готов до крајот на ноември годинава.

 

 

 

Кошаркарите од Струмица за викенд во Србија

 

Кошаркарскиот клуб Струмица е дел од македонските екипи кои овој викенд настапуваат на меѓународните турнири пред почетокот на официјалните настапи во домашните првенства.

Кошаркарите од Струмица се на мини – турнеја во Србија. Вчера и денес тие настапуваат на турнир во Прокупље каде издвојуваа победа со +15 над екипата на Прокупље, а утре и во понеделник ќе играат во Јагодина.

 

Презентација на Brainobrain програмата

 

Сите родители кои имаат желба нивните деца да бидат дел од светот на детската генијалност, да научат за животните способности и вештини како самодоверба, концентрација, визуелизација, да научат како да комуницираат со себе и околината… нека дојдат вечерва на Презентација на Brainobrain програмата во големата салана во Дом  на АРМ во 18ч. Која ја организира Детската Академија Brainobrain Струмица !

 

 

Временска прогноза за сабота, 15 септември

 

Времето денес врнежливо со максимална дневна температура до 23 степен.

 

Се обновуваат тротоарите на улицата „Димитар Влахов“

Тротоарот од десната страна на улицата „Димитар Влахов“ целосно се реконструира со нови бетонски подлоги, каналети, рабници и бетонски повер елементи. Од одделението за комунални дејности при општина Струмица информираа дека вкупната површина која ќе биде обновена на овој дел од улицата изнесува 780 метри квадратни. По завршувањето на овој градежен зафат, активностите ќе продолжат на истата улица, но на делот од улицата „Ванчо Прке“ до улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“, односно пред старата болница. Тука комплетно ќе се реконструира тротоарот од двете страни на вкупна површина од 492 метри квадратни. Истовремено, течат активностите за реконструкција на тротоарот на улицата „Ванчо Китанов“ на вкупна површина од 1.453 метри квадратни, таму ќе биде поставено и улично осветлување од десната страна на улицата, односно од страната на основното општинско училиште „Сандо Масев“. Сите овие градежни активности се финансирани со средства од буџетот на општина Струмица.

 

,,Young life“ ќе дарува детско игралиште на Струмица

Претставничката на американската невладина организација ,,Young life’’ од Бугарија, Албена Крушева, денеска го посети основното училиште ,,Сандо Масев’’ како една од можните локации за изградба на детско игралиште.

,,Целта на нашата организација е да избереме простор помеѓу неколку градинки и училишта и тука да направиме игралиште за деца на возраст од 7-9 години, кое би имало справи за играње, клупи и столчиња за пикник, сето тоа направено од дрвен материјал. Училиштето ,,Сандо Масев’’ е една од подобрите локации бидејќи е во центарот на градот и би било на располагање на многу други градинки и училишта кои се во близина, а тоа е и еден од нашите услови за да може игралиштето да биде користено од што повеќе деца’’, изјави Албена.

Невладината организација “Young life“, исто така планира проект познат како Меѓународен пролетен распуст на кој учениците од средните училишта од Западна Еропа посетуваат помалку развиени земји и им помагаат во средување на училиштниот простор. Следната година во април, тие ќе бидат гости на Струмица.

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.270907259692526.62741.261733853943200&type=1

Заврши јубилејниот ХХ Фестивал на камерен театар ,,Ристо Шишков’’

Вечерва се спушти завесата на дваесетото издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков’’. Со едногласната одлука на жирито, наградата за највисоко актерско остварување ја доби Никола Ристановски за улогата Молиер во претставата ,,Животот на Молиер“. За најдобрите покажани актерски квалитети, градоначалникот Зоран Заев му врачи на Ристановски златен медаљон со ликот на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков и парична награда од 1500 евра.
Според театарската критика, претставата на Битолскиот театар ,,Хенри шести’’, ја доби наградата за најдобра претстава во целост, а за најдобар сценски настап ,,Ѓаволијада’’ од Шабац.

>>>>ГАЛЕРИЈА<<<<

Временска прогноза за петок, 14 септември

 

Времето денес умерено облачно со можни врежи во текот на денот и грмотевици во текот на ноќта

Максимална дневна температура до 25 степен.

 

Програма на ФКТ ,,Ристо Шишков’’ за четврток

 

Програма на ФКТ ,,Ристо Шишков’’ за четврток, 13 септември

19:00 ч ПРОМОЦИЈА Ј. Плевнеш

 

20:30 ч

Македонски Народен Театар ЖИВОТОТ Е СОН 

режисер: Владо Цветановски

 

 

 

 

СВЕЧЕНО ЗАТВАРАЊЕ

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o