Струмичките пожарникари ќе едуцираат за противпожарната заштита

Проектот “Биди пожарникар во својот дом“ влезе во завршна фаза и по тој повод вчера во Дом на АРМ се одржа состанок помеѓу Здружението на професионални пожарникари – Струмица и представниците на куќните совети на колективните објекти.

На состанокот, представниците на Здружението зборуваа за последната етапа на проектот која опфаќа едукација на популацијата и излегување на стручните лица на терен кои ќе вршат увид во заштитата на објектите од пожар.

Овој проект се однесува на стамбени објекти кои имаат повеќе од 4 станови.

- Пожарникарите ќе проверуваат дали зградите имаат пожарни скали и апарати за гасење на пожар и во каква состојба се тие, а воедно ќе ја подучуваат популацијата во против пожарната заштита.

Исто така, секој стан ќе добие флаер на кој има упатство за спречување на пожар, но и како да дејствуваат ако дојде до истиот. Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај луѓето, да сфатат дека нивното знаење е многу значајно во вакви екстремни ситуации – изјавија претставниците на Здружението на професионални пожарникари.

Проектот “Биди пожарникар во својот дом” трае од мај оваа година, а финансиран е од страна на Општина Струмица и “Здружението на професионални пожарникари.

ЗЛТИ Мобилност – Струмица на нова локација

 

Здружението на лица со телесен инвалидитет ги промени своите работни простории и се премести од поранешната локација на улица Гоце Делчев бб на нова локација во центарот на градот, на улицата Васил Сурчев бр.44, позади Глобал.

,,Доста сме задоволни со новите простории затоа што се наогаат во центарот на градот и овде ни се близу сите објекти почнувајќи од банките, поштата, до институциите. Исто така, новата локација ни овозможува да сите ние се повеќе дружиме бидејќи на сите е поблиску, а на старата локација требаше често да плаќаме за превоз што на многу ѓи спречуваше да доаѓаат на состаноците” – истакна претседателката на Здружението, Лилјана Матеничарска.

 

Во Струмица ќе бидат поставени спомен обележја на жртвите од пожарот

Општина Струмица ќе постави спомен обележја на жртвите од пожарот од 23 јули годинава, браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од населеното место Рич, Митко Георгиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса, потоа на естрадниот уметник Гоце Арнаудов и на светскиот космонаут Јуриј Гагарин, оваа предлог програма за одбележување на значајни настани и личности со спомен обележја беше усвоена на денешната 60-та седница на Советот на општина Струмица.
Бистата на Гагарин на општина Струмица и ја подари светски реномираниот руски скулптор Григориј Потоцки, како симбол на зближување меѓу Македонија и Русија, а го изработи и спомен обележјето за жртвите во пожарот. Локацијата и времето на поставувањето дополнително ќе бидат утврдени. Советниците ја усвоија и предлог одлуката за утврдување на приоритет на проект за изведба на улица во населеното место Градско Балдовци за аплицирање на јавниот оглас на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за добивање на средства. Станува збор за тампонирање и асфалтирање на улица во должина од еден километар која ќе го подобри квалитетот на живот во ова населено место. Беше усвоена и годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општината за 2012 година. Советниците ги усвоија и извештајот за работата во учебната 2011/2012 година и предлог годишната програма за работа во учебната 2012/2013 година на основните општински училишта и на основното музичко училиште „Боро Џони“, како и програмата за изведување на екскурзии. На денешната седница беше донесена и одлука за основање на Акционерско друштво за вршење на спортска дејност, а беа усвоени и повеќе предлог одлуки од областа на урбанизмот. Еве што за денешната седница изјави Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

Реакција од Сојуз на синдикат на земјоделски производители

Претседателот на ССЗП Ристе Велков и  Ѓорѓи Ѓоргиев реагираа во име на Сојуз на синдикат на земјоделски производители од струмичкиот регион по повод вчерашните изјави на локалните земјоделски здруженија од Струмица.

 

 

 

 

„Поголема безбедност на тракторите во сообраќајот“

Во организација на СВР-Струмица со заедничко партнерство на општина Струмица и Здружението на возачи од Струмица, денеска, во населеното место Дабиле, беше реализирана проектна активност за поголема безбедност на тракторите во сообраќајот.

На поканата за учество во оваа активност, во центарот на населеното место Дабиље, се собраа голем број заинтересирани возачи на трактори, кои добија по два катадиоптри за нивните приколки. Катадиоптрите се набавени од страна на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.Акцијата која е замислена како активност за подобрување на безбедноста на тракторите во сообраќајот, особено во ноќни услови, ќе продолжи и во другите населени места.

Булеварот „Ленинова“ се подготвува за нов асфалт

Денеска почнаа подготовките за поставување на нов слој асфалт на булеварот „Ленинова“ во Струмица. Уште од раните утрински часови почна гребењето на стариот слој, а за асфалтирање се подготвува и завршеното проширување во должина од 100 метри на делот од ученичкиот дом „Димитар Влахов“ до крстосницата на булеварите „Ленинова“ и „Маршал Тито“. Со овој градежен зафат се обезбеди посебна сообраќајна лента за десни свртувања на моторните возила, со што се надминуваат досегашните редици  на приодот за право управување на возилата. Вкупната површина на која ќе биде поставен вториот слој асфалт на булеварот „Ленинова“ изнесува 4.500 метри квадратни и тоа од зградата на ЈПКД „Комуналец“ до старата пошта, а  ќе бидат асфалтирано и новото проширување од 400 метри квадратни.

Вкупната инвестиција на овој булевар изнесува 4 милиони и 800 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на општина Струмица.

Струмица домаќин на глобалното светско движење ,,Еден ден мир”

Струмица од утре, 21 септември па се до 29 септември ќе биде домаќин на глобалното светско движење ,,Еден ден мир”

Првата прес конференција е закажана во кафе бар ,, У Пабо” во 11 часот на која ќе се презентира што ке има во текот на овие 9 дена,т.е како организаторите на оваа движење ќе пробат да преку сликање, дизајн, проекции на филмови, изложби, спортски активности, настапи на ди-џеи и концерти, презентации, дебати и други уникатни активности ја анимират струмичката публика.

Овој настан ќе опфати и дискусии на најразлични теми од науката, технологијата и глобалниот активизам, како и можноста за информирање за најновите модели на општествено уредување, глобалното затоплување како ризик или предизвик и многу други дебати, разговори и презентации кои ќе им помогнат на граѓаните да се доближат до темата и материјата со цел да го промени класичниот модел на размислување и имплементира нови, прогресивни чекори и начини на дејствување.

Направете промена, присуствувајте и споделете ги вашите идеи.

Овој младински и граѓански активизам е поддржан од општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, а во организација на „Art & Architecture“ Македонија, „100 Hundred Poets for Change“ и „ЕД Планетум“.

Денеска ќе се одржи 60-та седница на Советот на општина Струмица

Денес Советот на општина Струмица со почеток во 13 часот во Дом на АРМ ќе ја одржи шеесетта седница. Советниците ќе ги разгледуваат 53 точки од дневниот ред кои најголем дел се областа на урбанизмот и образованието.

Исто така, пред советниците ќе се најде и предлог програмата за одбележување значајни настани и личности со спомен обележја во општина Струмица. Според неа планирано е поставување на три спомен обележја, на жртвите од пожарот во јули годинава, на македонската фолк ѕвезда Гоце Арнаудов и на првиот светски космонаут, Јуриј Гагарин.

На седницата ќе се разгледува и предлог одлуката за основање на Акционерско друштво за вршење спортска дејност, а ќе се утврдува и приоритетен проект за уредување на патна инфраструктура во рурални подрачја.

Временска прогноза за четврток, 20 септември

 

Временска прогноза за четврток, 20 септември

Времето денес умерено облачно со повремени врнежи на дожд. Максимална дневна температура до 26 степен.

 

Струмичките пожарникари ќе едуцираат за противпожарната заштита

Проектот “Биди пожарникар во својот дом“ влезе во завршна фаза и по тој повод вечерва во Дом на АРМ се одржа состанок помеѓу Здружението на професионални пожарникари – Струмица и представниците на куќните совети на колективните објекти.

На состанокот, представниците на Здружението зборуваа за последната етапа на проектот која опфаќа едукација на популацијата и излегување на стручните лица на терен кои ќе вршат увид во заштитата на објектите од пожар.

Овој проект се однесува на стамбени објекти кои имаат повеќе од 4 станови.

 - Пожарникарите ќе проверуваат дали зградите имаат пожарни скали и апарати за гасење на пожар и во каква состојба се тие, а воедно ќе ја подучуваат популацијата во против пожарната заштита.

Исто така, секој стан ќе добие флаер на кој има упатство за спречување на пожар, но и како да дејствуваат ако дојде до истиот. Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај луѓето, да сфатат дека нивното знаење е многу значајно во вакви екстремни ситуации – изјавија претставниците на Здружението на професионални пожарникари.

Проектот “Биди пожарникар во својот дом” трае од мај оваа година, а финансиран е од страна на Општина Струмица и “Здружението на професионални пожарникари.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o