Интервју со Лазо и Горан од ,,Моменти”

Горан Енимитев и Лазо Илиески кажуват дека нивната авторска емисија ,, Моменти” настанала спонтано, како зафрканција. ,,Моменти” немаат концепт, се е импровизација, а најмногу сакаат кога нивните гости ќе направат интересни гафови и поради тоа нивната емисија е една од најгледаните емисии на локалната телевизија.

Горан Енимитев

Лазо Илиески

           V S

- Најзабавен гостин до сега во „Моменти„?

Горан: Секој посебно има оставен посебен впечаток. На нас најмногу не задоволуваат гафовите направени од страна на гостите, тие моменти.  Ако треба да издвојам некој, тоа нека биде Сања Цинцева, на пример, бидејќи имаше интересни гафови, моменти.

Лазо: Имавме многу забавни гости, но мојот колега сето тоа го претвори во хаос. Се што ни остана се само неговите глупости. Но, еве, ќе издвојам Марјан Ѓоргиев, Мартин Србиновски и Јоце Панов.

- Најлудо прашање поставено  во „ Моменти„?

Горан:Неможам да се сетам во моментот.  Можеби Лазо ќе се сети, тој е постар, повеќе памти.

Лазо: Која сака повеќе мајка или татко ти, тебе или брат ти или сестра ти? Има многу такви.

- Личност за кој имаш желба да  биде  гостин во Моменти?

Горан:Жаре Бербер и Игор Џамбазов. Но, најдобрите емисии произлегуваат со обичниот народ, не со ѕверките.

Лазо: Џејмс Хетвилд од Металика, но затоа што сме во Македонија, Ванчо Таковски.

- Како струмичани реагираат на вашата емисија?

Горан:Имаме и позитивни и негативни критики,  некои даваат и сугестии. Прифаќаме нешто што мислиме дека е на место.

 Лазо: Некој кажува: „ Браво, деца„, , некој ништо не кажува.  Мајка му на Горан најмногу не фали, најверојатно само таа и моите дома ни ја гледат емисијата. Во 8 часот во четврток, 2  телевизора  се вклучени, кај нас дома и еден кај Горан.

- Каков е Лазо/Горан за соработка?

Горан: Лазо? Многу тежок човек. Виран’лк.  Они се цела фамилија вирани. Од мајка му па дедо му па татко му, стара градска вирана фамилија.  Хехехехеех.. Друг пат ќе ти објаснам… .Инаку,  Лазо е и добар за соработка. Под добро подразбирам што обврските ги туркам на негова страна тој да ги исполни, и тоа е добрината во него. Значи ние сме 70-30 во работа, а 50-50 во заработката. Глуп е, затоа.

Лазо: Горан за соработка? Одвратен, никаков и други лоши зборови кои не сакам да ги употребам.

- Опиши го Лазо/Горан со три збора.

Горан:Три збора се многу за Лазо. Идиот, исфурстрирана стара, будала. (смех)

Лазо: Разбуди го ако можеш – спанко,  потсети го 300 пати во текот на денот за нешто – неодговорен,  и почекај го половина час повеќе од закажаното – касни.

- Опиши се себе со три збора.

Горан: Искомплексирана,  млада будала.

Лазо: Малку подобар од Горан.

- Што мислиш кој е подобар водител, ти или тој? 

Горан: Незнам, ние се разликуваме. Лазо е малку поконтроверзен на моменти. Различни сме. Тука сме 50-50. Би било незадоволно да одредам кој е подобар.

Лазо: Според мене никој, ни јас ни тој.

- На скала од 1 до 10, како би ја оцениле вашата емисија?

Горан: Нашата емисија има осцилации цело време, така да давам оценка 5, како некоја средина.

Лазо: Бидејки се сами работиме, сам снимаш, сам монтираш, сам си бараш гости, се мачаш максимално, заради трудот, една 3-ка да дадам. Инаку, да има некоја екипа околу нас би стигнале некоја 7-ца.

- Дали си по популарен кај девојките после „Моменти„?

Горан: Не бре, дури им постанав по антипатичен. Фактички си на тацна на некој начин. Тие што сме во емисијата, тие сме и во секојдневниот живот. Исти сме цело време.

Лазо: Не, поантипатичен станувам.

Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Горан: Сакав да бидам многу нешта, на крајот не станав ништо. Сакав од актер, до доктор, до правник. Милион нешта.

Лазо: Да бидам пироман -хахах и багерист. И пожарникар. После 2-3 дена кога запалив една пластика и ми се залепи на прстот, сакав да станам пожарникар.

Имаш ли некое хоби?

Горан: Хоби ми е тоа што го работам денеска, а тоа ми прераснува во сериозна работа.

Лазо: Цртам, пишувам, кога имам време и читам.

Има ли нешто за што си антиталент?

Горан: Пеење. Тежок антиталент.

Лазо: Фудбал.

- Земја од твоите соништа?

Горан: Канада.

Лазо: Моето маало но некаде во Англија, Америка.

- Идеален живот? 

Горан: Да си купам Застава 101 Пикап, и да крадам дрва од Беласица. Мене тоа ме исполнува, тоа сакам да го направам. Хахахаа..

Лазо: Здрави деца, две. Убава жена, скромен дом и доволно финансиски средства за децата и да живееш среќно.

- Имаш ли некое животно мото? 

Горан: Додека бев во средно школо имав мото: „Животот е кучка, мојот го крстив Линда„.

Лазо: Не се откажувам од ништо, одам нон -стоп напред и секогаш кога имам проблеми,  тука се смејам.

- Што може да те извади од такт?

Горан: Во последно време доста нешта ме вадат од такт, а најмногу нечесни  и прости луѓе.

Лазо: Горан

Што може да те воодушеви?

Горан: Обратно од претходното, чесни луѓе и интелектуалци.

Лазо: Кога ќе го направиме тоа што треба перфектно, и кога ќе ги видам изразите на лицата на луѓето дека се задоволни, тогаш сфаќам дека сме завршиле добра работа и сум воодушевен.

- Плавуши или црнки? 

Горан: Наизменично. Порано плавуши сега повеќе по црнки.

Лазо:  Црнки

 Веруваш во НЛО?

Горан: Неверувам.

Лазо:  Паааа, има нешто…. смех.

автор: Маја Исмаилов

КК Струмица го победи КК Пелистер – 81:53

Синоќа во спортската сала Парк се одржа натпревар помеѓу екипите на КК Струмица и КК Пелистер каде КК Струмица издвојуваше со победа од 81 спрема 53. Најмногу поени за КК Струмица постигнаа М. Јанушевиќ (16) и Ф. Спасев (14).

 

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.286988061417779.67519.261733853943200&type=1

Временска прогноза за недела, 28 октомври

Времето денес умерено облачно со врнежни во текот на денот.

Дневна температура до 20 степен.

Временска прогноза за сабота, 27 октомври

Времето денес облачно со слаб дожд. Дневна температура до 19 степен.

Одржана работилница за концептот на недискриминација

Во имплементација на Женската граѓанска иницијатива ,,Антико”, Организацијата на жени од Струмица денеска оддржа јавна трибина на локално ниво ,,Пристап до институционалните механизми и заштита на правата на граѓаните од дискриминација”. Целта на оваа трибина беше да сите учесници се запознаат со основните поими и концепти поврзани со дискриминацијата, јакнење на свеста на стручните служби од локалните институции и невладините организации за концептот на дискриминација како и споделување на информации и знаења кои ке допринесат кон успешно извршавање на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на релевантните институции на локално ниво и невладините организации.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.286340958149156.67358.261733853943200&type=1

Соопштение од „Ајдуци“ : Поддршката е повеќе од потребна…

“После 4 години од последниот одигран натпревар и после 5 години од освоената титула КК СТРУМИЦА повторно се враќа на кошаркарската мапа. Пред 4 години овој клуб беше бодрен од цела Струмица салата на секој натпревар беше исполнета до последно место посебно ќе се паметат утакмиците кога ја освоивме титулата натпреварите од европските купови со сега големата Цедевита и Локомотив Ростов и ред други моменти кои ни носеа огромна радост кои не превеа горди што сме струмичани. Во медиумите салата ја нарекуваа вулканот или пеколот Парк. Да ги вратиме тие денови да се вратат деновите кога се живееше за кошарката. Да сме со клубот кој ни даде толку радосни моменти и сега кога не е на врвот но со наша помош да победува во Струмица.Секој кој тој период беше Ајдук да се врати таму кај му е местото на северната трибина. Да вратиме со огромна подршка за сите убави моменти радости таги кои ги доживеаме овој клуб кога цела сала заедно се радувавме по секоја победа и тагувавме по секој пораз. Затоа во сабота на 27.10.2012 во 16:30 сите да дојдете пред просториите на „АЈДУЦИ“ каде заедно најпрвин ке одиме да дадеме поддршка на РК Струмица а веднаш потоа остануваме сите да ги бодриме кошаркарите на КК СТРУМИЦА и да ја покажеме љубовта кон тој клуб да ја вратиме вербата во струмичката кошарка и сите заедно да ја вратиме КК СТРУМИЦА на тронот на македонската кошарка.СИТЕ ЗАЕДНО ЗА СТРУМИЦА, оправдувања нема , сите во сала Парк , сите на СЕВЕР , подршката за КК Струмица сега е повеке од потребна … „ – Ајдуци Струмица.

17:00 РК Струмица – РК Пелистер
19:00 КК Струмица – КК Пелистер

Малиот градски парк доби нови канделабри

Малиот градски парк почна да го добива новиот изглед. Поставени се нови канделабри кои освен основната функција што ја имаат да го осветлат паркот, одлично ќе се вклопат во стариот стил на градот соодветен на околината, во кој се реконструира паркот. Освен канделабрите, со реконструкцијата е планирано да се постават нови плочки и клупи, а ќе биде поставена и нова соодветна дополнителна опрема.Малиот градски парк се реконструира со средства обезбедени од буџетот на општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“. Со копмлетната реконструкција граѓаните на Струмица ќе добијат уште едно пријатно катче за одмор и уживање.

 

 

 

[Gallery not found]

Малото стопанство доби приклучна водоводна линија

Денеска  во употреба е пуштена  приклучна водоводна линија во Малото стопанство кое се наоѓа од десната страна на патот од Струмица кон населеното место Дабиле.  Со приклучната линија  стопанските субјекти од овој дел на градот ќе можат да се приклучат на водоводната мрежа и да го решат проблемот со водоснабдувањето. Приклучната водоводна линија е во должина од 400 метри и изградена со средства од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.

Временска прогноза за петок, 26 октомври

Времето денес сончево и тивко со дневна температура до 24 степен.

Од обичен до европски изглед – Плоштад ,,Гоце Делчев“

Пред повеќе од четириесет години, Струмица била повеќе рурална отколку урбана средина. На местото на денешниот Плоштад ,,Гоце Делчев“, некогаш се наоѓала градската автобуска станица и градскиот пазар. Но, како што со времето животот во градот станувал повеќе популарен, и како популацијата се сливала од околните села во Струмица, таа се територијално проширувала што и предизвикало потреба од поголем плоштад. Во 1971 година е направен нов урбанистички план поради кој се срушени неколку куќи и објекти во неокласичен и барок стил, плоштадот се реконструирал и тогаш значајно се зголемила неговата површина. По 5 години, (1976), во знак на стогодишнината од раѓањето на Гоце Делчев, на струмичкиот плоштад е подигнат споменик во натприродна висина на овој македонски револуционер.

Но, потполно променет изглед и ново руво центарот на градот го добива во 2010 година. Поради отежнатото движење на возилата и пешаците, а поради осовременување и подобрување на животот, Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев тогаш донесоа ново сообраќајно решение за плоштадот со кое ќе се решат многу тогашни проблеми – пешаците добија своја пешачка зона, направено е ново паркинг место и олеснет е транспортот на луѓето и стоки. За овој проект Општина Струмица издвоила околу 3.5 милиони евра од општинскиот буџет.
Плоштадот ,,Гоце Делчев” денеска се состои од две нивоа. Под нивото е предвите за прометен сообраќај со три влезно – излезни отвори, нови паркинг простори за 96 возила, пешачки влезови, јавен градски тоалет – нешта што им беа потребни на струмичани.
Надземниот дел е во потполност пешачка зона и целосно е поплочен со гранит. Споменикот Гоце Делчев е, исто така, реставриран. Оваа бронзана скулптура во висина од 5.2 метри е дело на уметникот Бранко Конески. Гоце Делчев е ,,облечен” со гуна во комитска униформа, а неговата положба ( со зачекорена десна нога и широко раширени раце) означува симболичен повик на борба за слобода.
Струмичкиот плоштад во 2010 година доби и некои новини. Така на него е подигната Саат – кула, со висина од 18 метри и се состои со три часовници со димензии од два метри. Покрај Саат кулата се вејат на јарболи знамињата на сите земји членки во ЕУ.

Исто така, на плоштадот ,,изникна” уште еден споменик кој ги дефинира спецификациите на Струмица. Тоа е бронзената фигура во природна величина ,,Струмичанка под маска”, дело на македонската скулпторка Наташа Божарова.
,,Струмичанка под маска” во левата рака држи карневалска маска, а во десната знаме со релјеф на грбот на Струмица и е симбол на традиционалниот Струмички карневал.


Дел од модерниот плоштад ,,Гоце Делчев“ се и модерните шеталишта долж леблебиџиската улица и улицата ,,Благој Јанков Мучето”, а најпознатиот претставник на Струмица во светот, фудбалерот Горан Пандев, доби и своја ѕвезда на плоштадот.
Плоштадот Гоце Делчев со новиот, европски лик стана гордост на многу струмичани и место погодно за одржување на големи манифестации, концерти и слично, плоштад на кој што можат да му позавидат и поголемите европски метрополи.
Едно утринско кафе на плоштадот ,,Гоце Делчев” дефинитивно ќе направи да се чувстувате ,,европски”

 
43040899_919171741622888_1449774753454751744_o