Одржана трибина ,,Моќта на умот и моќта на срцето”

Вчера во Дом на АРМ се одржа трибина од областа на Филозофијата, на тема ,,Моќта на умот и моќта на срцето”.

Трибината ја водеше ДР- ЗОРАН КРСТЕВСКИ (Доктор по Филозофски Науки).

Оваа трибина беше организирана од страна на Општина Струмица во соработка со Младински Совет при Општина Струмица.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.279130815536837.65394.261733853943200&type=1

,,Еделвајс” од Струмица на ,,Разлог – 2012”

Орентациониот клуб ,,Еделвајс” од Струмица учествува на тридневен Меѓународен орентационен натпревар ,,Разлог 2012” во Банско – Бугарија.

,,Нашиот клуб е претставен со 20 натпреварувачи кои се натпреваруваат во повеќе категории.

Овојпат вкупно од Струмица тргнавме 37 лица бидејќи дојдоа и родителите чии деца се натпреваруваат на овој натпревар за да им дадат уште поголема поддршка. По големите остварувања во Турција и на натпреварувањето во Бугарија пред две недели каде освоивме завидни резултати, нашиот клуб се издигна на едно повисоко ниво и затоа и родителите се дел од нашето патување” – рече Ристо Киров, еден од учесниците од ,,Еделвајс”

На натпреварувањето во Банско учествуваат околу 700 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Турција, Србија, Романија и Македонија.

Временска прогноза за недела, 7 октомври

Временска прогноза за недела, 7 октомври.

Времето денес ведро и сончево со дневна температура до 27 степен.

,,Ајваријада- Струмица 2012′

Денес заврши втората по ред ,,Ајваријада” во Струмица. Оваа година беа намачкани околу 15.000 лепчиња со ајвар. Наградата за најдобар домашен ајвар ја доби Нада Николова.

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.278756545574264.65271.261733853943200&type=1

Свечена приредба по повод Mеѓународниот ден на учителот

Синоќа Струмица го одбележи светскиот Ден на учителот кој е изгласан во 1999 година од страна на УНЕСКО. Во Домот на АРМ учениците приредија свечена приредба во чест на своите наставници и учители, а денеска во склоп на овој светски ден, во сите училишта во Струмица се одржа час на кој се читаше пригоден текст за оваа прилика.

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.278500072266578.65194.261733853943200&type=1

Временска прогноза за сабота, 6 октомври

Временска прогноза за сабота, 6 октомври.

Времето денес сончево и топло. Дневна температура до 27 степен.

Општина Струмица со реакција на прес-конференција на УМС на ВМРО ДПМНЕ

По одржаната прес конференција на УМС на ВМРО ДПМНЕ, од општина Струмица со писмена реакција.

 

Општина Струмица и Градоначалникот Зоран Заев го прифаќаат упатениот апел од страна на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ околу одржувањето на спортските игралишта во основните и средните училишта.

Младите луѓе од оваа партија би требало да знаат доколку поразговарале со своите сопартијци кои се дел од Советот на општина Струмица, дека спортските игралишта во училиштата се реконструираат на секои две години. Развојните буџети на Општина Струмица предвидуваат реконструирање на спортските игралишта во непарните и на детските игралишта во парните години. Тоа значи дека следната реконструкција на спортските игралишта во основните и средните училишта е планирана за напролет. Сосема е нормално од временските прилики  и од секојдневна употреба да се оштетуваат и амортизираат, но сето тоа се санира во предвидените рокови согласно програмата за работа.

Ја поздравуваме позитивната грижа на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ за состојбата со спортските игралишта, но ги повикуваме да бидат до крај доблесни да не го премолчуваат фактот дека во изминатите седум и пол години се изградени 16 спортски игралишта и 19 детски игралишта во општината.

Истовремено ги повикуваме да лобираат кај централната власт раководена од нивната партија за изградба на спортска сала во ООУ „Никола Вапцаров“ за да не мораат учениците од ова училиште во зимски услови да вежбаат и спортуваат во своите училници.

И за крај, сакаме  да ги запрашаме дали можеби знаат,  не поради нас туку поради информирање на струмичката јавност, до каде е планираната изградба на базен, тениски игралишта и помошни спортски игралишта во Струмица, за кои Општината обезбеди локации.

Зошто досега ништо не е сторено, ветеното да биде исполнето?

Ако се грижиме за младите и спортот, ајде да се грижиме до крај.

Со почит,

ОПШТИНА СТРУМИЦА

Кабинет на Градоначалник

Дознајте колкава е ,,Моќта на умот и моќта на срцето”

Општина Струмица во соработка со Младински Совет при Општина Струмица организира трибина од областа на филозофијата.

Утре во 11 часот во просториите на Дом на АРМ ќе се одржи трибина ,,Моќта на умот, моќта на срцето”. Трибината е од областа на психологијата и филозофијата, а предавач ќе биде Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки кој има објавено четири книги и во нив со своите филозофски размислувања ја приближува законитоста на случувањата во човековиот живот и во човештвото во целост.

Утре ќе се одржи втората ,,Ајваријада” во Струмица

Утре ќе се одржи втората по ред ,,Ајваријада” во Струмица. Манифестацијата ќе започне во 12 часот на плоштадот ,,Гоце Делчев” и на неа ќе учествуваат сите пријавени кандидати кои приложија една тегла домашен ајвар. Тие ќе се борат за првата награда од 300 евра, втора 200 и трета во износ од 100 евра.

Оваа година на ,,Ајваријада” ќе бидат намачкани околу 10 илјади лепчиња со ајвар, а за посетителите е приредено и музичко – забавен дел од програмата.

Прес конференција на ОО СДСМ Струмица 05.10.2012

Општина Струмица, водена од СДСМ и градоначалникот Зоран Заев  во изминативе седум ипол години, докажа дека проблемите на граѓаните, напредокот и развојот на општината се врвни приоритети во работењето.

Се реализираа огромен број на проекти, помали и поголеми.

Напредокот на Струмица се чуствува и гледа на секој чекор. Заедно успеавме да ја направиме Струмица да биде најубаво место за живеење.

Транспарентното работење на општината, како и отчетноста пред граѓаните, во процесот на изготвувањето на програмите за локален развој, односно во процесот на консултации со граѓаните, секојдневно се докажува на дело и претставува стимул за уште поголеми резултати.

Но ние, почитувани граѓани, не застануваме тука!

Како и секогаш, сите заедно, сите социјалдемократи излегуваме на терен, меѓу своите граѓани.

Како продолжение на јавните расправи, одржаните форуми, секојдневните контакти со граѓани, како продолжение на „Работнoто лето“,  сега промовираме уште еден, нов проект.

Под мотото „Отвори врата за иднината“, започнуваме проект од кој ќе произлезе програмата на кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев.

Целта на овој проект е да ги поттикнеме и мотивираме сите граѓани, без разлика на партиската, верската или етничката припадност, да дадат предлози, идеи и сугестии, за заедно да ги реализираме истите.

СДСМ и Зоран Заев имаат реален концепт за уште поголем развој на нашата Струмица. Ќе понудиме вистински, правилни и остварливи решенија.Со чист образ, со полно срце, достоинствено, ќе тропнеме на секоја врата, ќе ги посетиме сите домови, ќе оствариме средби со сите граѓани.

Затоа, ве повикуваме, отворете врата, дозволете иднината да влезе во вашиот дом.

Заедно можеме да придонесеме за уште поубава Струмица.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o