Некогаш чудо од дете, денеска сериозен уметник – струмичанецот Митко Тошев

Овој артикл е прочитан вкупно [post_view] пати

Уште во детинството за него зборувале дека е ,,чудо од дете”. Пред да проговори, започнал да црта. Имал обичај да се вовлече под креветот и со часови да прави креативни цртежи. Како детенце можел да прави некои работи за кој дечињата можат само да сонуваат – да црта каде ќе посака по куќата, се благодарејќи на татко му кој му ја дал таа дозвола. И додека мајка му често се противела на тоа, Митко шарал по ѕидовите и ги правел првите неофицијални изложби по дома. Признава дека родителите му биле голема поддршка на уметничкиот пат и обликувањето на талентот. Вербата во неговиот огромен потенцијал ја имал и професорот Петар Мазев кој како осумгодишно дете го однел во Бриони кај Јосип Броз-Тито каде му направил портрет во живо на маршалот.

Митко Тошев својот талент го смета како Божји дар, но мисли дека и гените ги ,,вмешале своите прсти”. Неговиот дедо од Дојран бил рибар, но со голем талент за сликарство кој со еден свој портрет засенил познат француски сликар. По гените од  дедо му, Митко се надоградил повеќе, сега е сестран уметник – скулптор, вајар, сликар, работи на стакло, дрво, платно, метал…    Но, сепак, најмногу од се сака да прави портрети која е  најтешката дисциплина во ликовното творештво.

,,Портретот ми пружи најголемо задоволство. Портетистот мора да биде добар психолог, да влезе во длабочината на душата од личноста која ја слика. Очите се за мене огледало на душата, преку нив навлегувам во карактерот на човекот. Практикувам барем малку да поразговараме со личноста за која што имам желба што поверно и живо ја прикажам на платното. Кога работам портрет, јас станувам и актер,  се претворам во личноста која ја сликам, се однесувам како неа, ги доживувам нејзините емоции. Зборувам со сликата, имам чувство дека жив човек е пред мене. Така ја правам пореална,, – објаснува Митко.

На прашањето дали имал моменти кога не успеал да ја пронајде суштината на човекот,  дали некогаш му било тешко да направи портрет, тој одговара:

,,Да. Постојат луѓе кои се дволични, тролични. Едно мислат, друго зборуваат, а трето прават. Тешко ми е да го сфатам нивниот карактер и да го ,,пренесам” на платното. Исто така, полесно ми е да направам портрет на луѓето кои ги знам, отколку кога имам само фотографија, а претходно да немам никаква усмена комуникација со нив.” – кажува тој.

Додека трае неговиот работен процес и создавањето на некои скулптури,  витражи, фрески, слики…не му е важна атмосферата, ниту дали е тишина ниту дали е бучно. Најбитно му е да се добро ,,поврза” со своето уметничко дело.

,,Најважен ми е контактот. На пример, ќе ја земам глината, ќе ставам една грутка, на неа уште една… и кога ќе воспоставам вистинска поврзаност, може било што да се случува околу мене, ниту слушам, ниту гледам. Потполно сум исклучен и сконцентриран на тоа што е пред мене.” – признава Митко.

Дека неговите дела предизвикуваат воодушевања и емоции кај набљудувачите, покажуваат и бројните примери. Посебен впечаток на него оставила девојка која заплакала во моментот кога ја видела неговата статуа со ликот на загинатиот македонски пејач Тоше Проески.

Но, и многу струмичани го коментираа портретот и доловената вена на струмичкиот пејач Гоце Арнаудов чиј портрет Митко Тошев го работеше во живо пред гледачите на Опен фестивалот во склоп на Ликовната колонија. Многу од нив имаа чувство дека Гоце навистина стои пред нив.

И покрај толку пофалби за својата уметност, на прашањето како ги поднесува критиките и чие мислење најмногу му е важно, даде интересен одговор: ,,На критиките и не обраќам многу внимание. Моето мислење ми е најбитно бидејќи јас прво цртам за себе, а потоа за другите. Моето мислење од сонот кој го сонувам преку мотивот и реализацијата на уметничкото дело, во таа спонтана игра можам да се изненадам пријатно или да се разочарам, нормално и тоа се случува”.

Луѓето кои се воодушевуваат од неговото создавање, го мотивираат да се труди уште повеќе. Кажува дека научил да ѓи набљудува изразите на нивните лица додека ѓи гледаат неговите дела, бидејќи нивните лица кажуваат иљада пати повеќе отколку кажаниот збор.

А струмичани, и тоа како, имаат причина да уживаат во создавањето и да бидат горди на својот сограѓанин. Митко Тошев е носител на бројни награди, а како најдрага ја издвојува хуманитарната ,,Статуетка Мaјkaа Тереза” за портретот на Маjkа Тереза која поранешниот претседател на Македонија Борис Трајковски ја подари на папата Јован Павле Втори, и денес тој портрет се наоѓа во неговата соба во Ватикан. Има работено портрет во живо на Бил Клинтон, автор е на портретот на златен медал на Џорџ Буш кој се наоѓа во Белата Куќа во Вашингтон, творец е на портретот на бронзената статуа на Тоше Проески која се наоѓа во Крушево и тн…Делата на Митко се наоѓаат и во Струмица. Пред НУЦК ,,Антон Панов” е поставена биста на Ристо Шишков, во дворот на Јане Сандански, каде работи како професор се наоѓа ,,Мобилна структура”, а моментално во изработка е статуа на Гоце Арнаудов која ќе биде поставено наскоро во Малиот градски парк. Покрај константната работа, Митко Тошев време посветува и на откривање на нови  таленти во Струмица:

,,Моја голема желба е пронаоѓањето и насочување на талентите во Струмица. Има деца кои се талентирани, но едноставно не сакат да се трудат, затоа сакам да им помогнам како ментор. Со Младинскиот совет во јануари ќе покренеме ликовна работилница за учениците од средните училишта, ќе организираме и натпревар во ликовна уметност. Се надевам и се радувам на откривање нови таленти” – порачува Митко Тошев.

[Gallery not found]

 

Временска прогноза за недела, 2 декември

Времето денес променливо облачно со можни врнежи во попладневните часови. Дневна температура до 13 степен.

Уште една победа за КК ,,Струмица”

КК ,,Струмица” синоќа покажа дека пак е во форма по победата над КК ,,Работнички” со краен резултат 101:96. Натпреварот беше неизвесен, првото полувреме беше наклонето кон гостите од Скопје, но во последната четвртина струмичкиот клуб ги покажа сите свои квалитети и со големата подршка од навивачите, однесе победа со 5 поени разлика.

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.300381033411815.71058.261733853943200&type=1

Flash Mob со Gangnam Style пред ,,Глобал”

Денеска сообраќајот во центарот на Струмица беше запрен на пет минути со играње на 100 тинејџери кои играа на светскиот хит ,,Gangnam Style”. Младинскиот совет од општина Струмица со овој флеш моб симболично го одбележи Светскиот ден за борба против сида кој се слави секоја година на први декември. На овој начин, младите струмичани сакат да ги потсетат своите сограѓани дека не треба со предрасуди да реагираат спрема лицата кои се ХИВ позитивни. Напротив, треба да им се даде подршка и разбирање, граѓаните треба да се едуцираат, да им се подигне свеста, да сфатат дека сите сме исти, порача Стефанија Обрадова во име на Младинскиот совет.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.300248976758354.71032.261733853943200&type=1

Временска прогноза за сабота, 1 декември

Времето денес во Струмица, сончево и ведро со дневна температура до 17 степен.

Ноќта кога струмичани ставаат маски…

Секоја година на почетокот од Велигденскиот пост на струмичките улици може да се видат маскирани струмичани, но и посетители од странство кои посебно за Струмичкиот Карневал доаѓаат во градот под Царевите кули. Оваа традиционална манифестација на кој се соединуваат оригиналните и креативните маски, добрата забава и дружењето е сигурно еден од најбитните обележја кои ја прават Струмица препознатлива во Македонија, но и надвор од границите на земјава.
Струмичкиот карневал се одржува на почетокот од Велигденскиот пост, односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда , а во нивни рамки односно во вторникот вечерта се одржуваше традиционалната карневалска вечер. Од минатата година, на барање на граѓаните, денот на обележувањето на карневалската вечер е преместен во сабота со цел гостите од Македонија и странство да можат да присуствуваат на овој значаен настан. Наредниот ден е карневалскиот ден за дружење помеѓу најмалите на кој дечињата од основните училишта и градинки продефилируваат по градскиот плоштад покажувајќи ги своите маски.

Оваа традиционална манифестација е доста важен момент за секој струмичанец, затоа и за таа ноќ се спрема со месеци. Традиционалните карневалски групи секоја година вложуваат огромен труд, фантазија, спремат кореографии, се со цел да бидат автентични и да остават посебен белег во секој изминат карневал.
Во чест на оваа долгогодишна традиција во 2010 година карневалот доби и свој симбол на плоштадот Гоце Делчев на кој е подигнат споменик ,,Струмичанка под маска’’. Оваа бронзена фигура во природна величина во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица.
Минатата година Струмичкиот Карневал го посетија над 30.000 гости од повеќе држави. Следната карневалска вечер е закажана за 16-ти март, и подготовките за неа се веќе започнати. Останува да видиме кој ќе биде најкреативен во наредната 2013 година.

фото: Сречко Гунчев

 

Децата од градинка се дружеа со студентите

Децата од струмичката градинка ,,Детска радост“ денеска го посетија ФОН Универзитет и поминаа време во дружење со студентите, но и со кловн и Црвенкапа кои ги дочекаа на вратите од факултетот. Дечињата со своите постари другарчиња рецитираа песни, заедно со нив гледаа цртани филмови, а при враќање во градинката со себе понесоа по еден подарок.

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.299882723461646.70972.261733853943200&type=1

Претставници од Струмица на конференција за образование во Загреб

Во рамките на проектот образование за одржлив развој, финансиран од Европската Унија, а во организација на Enjoined иницијативата и Мрежата на центрите за образовни политики (NEPC) на 28 и 29 ноември  во Загреб, Хрватска се одржа меѓународна конференција на тема за поврзаноста на граѓанските права и обврски и прашањата за заштитата на околината и образованието.

На конференцијата учествуваа претставници на мрежата од девет земји, меѓу кои и од Република Македонија. Членови на оваа мрежа се Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје (МЦГО) и Планетум-Струмица, со кои општина Струмица  веќе подолго време  соработува на прашања од областа на образованието и екологијата. За таа цел, свое обраќање на конференцијата за поврзаноста на општината и невладиниот сектор во градењето на заеднички активности за одржливиот развој и влијанието на образованието за одржливиот развој имаше претставникот од општина Струмица, Зоран Узунов.

Тој посебно се осврна на поддршката што општината ја дава на НВО во врска со реализација на активности особено од областа на екологијата и образованието за одржлив развој, поттикнувањето и подобрувањето на рационална употреба на природните ресурси и подигање на свеста на жителите од територијата на општината, како дел од активното учество во стандардот ИСО 14001.

Конференцијата заврши со потпишување на Меморандум за разбирање, со што иницијативата за образованието и одржливиот развој ќе продолжи и во иднина со охрабрување на училиштата, локалните заедници и централните власти да преземаат активности за промоција и имплементација на образованието за одржлив развој.

 

Учениците од „Видое Подгорец“во посета на градоначалникот Зоран Заев и општината

Градоначалникот Зоран Заев денеска во својот кабинет ги прими учениците од трето одделение при ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица. По совладувањето на материјалот за општина и градоначалник во рамките на редовната настава, учениците денеска имаа можност практично да се запознаат со работата на локалната самоуправа и нејзините служби. Градоначалникот ги запозна децата со неговите надлежности, со организацијата на општината, а тие се интересираа и за неговиот приватен живот. Буквално се натпреваруваа во поставување на прашања од типот на, која му е омилена книга, најомилена детска игра, најомилен спорт, најубав град по Струмица, дали од мал сакал да биде градоначалник, а се интересираа и за бројните награди кои ги красат витрините во неговиот кабинет. Освен кабинетот на градоначалникот, учениците посетија и неколку сектори кои функционираат во рамките на општина Струмица.

Загина лице во сообраќајка во Струмичко

Вчера во 18.15 часот на локалниот пат с.Муртино-с.Банско во близина на рибниците се случила сообраќајна незгода во која учествувале:

ПМВ Фолцфаген Голф управуванo од Т.Н(38) од с. Мокриево  и НН пешак машко лице.

Како што информираат од СВР Струмица, возачот на ПМВ Фолцфаген Голф се движел по локалниот пат с.Муртино во правец на с.Банско и кога пристигнал во близина на рибниците дошло до судир помеѓу возилото и НН пешак за кој не е утврден правецот на неговото движење. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој по укажана лекарска помош во медицинскиот Центар – Струмица е испратен во ургентен центар Скопје. На пат за Скопје лицето им подлегално на повредите. Телото на починатиот е пренесено во Судска медицина Скопје.

Увид на лице место извршија полициски службеници од ПС за БПС Струмица, јавен обвинител и истражен судија од Основен суд Струмица.

СВР-Струмица превзема мерки за утврдување на идентитетот на лицето.

 

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o