Од петок до понеделник Циркусот во Струмица

 

Денеска кај спорската сала „Парк“, зафатени во унгарскиот циркус „Сафари“ вредно ја поставуваа опремата и се подготвуваа за вечерашната премиера која ќе биде изведена пред струмичката публика со почеток во 18:00 часот.
Нилскиот коњ, лавовите, слоновите, афричките биволи, камилите, кловновите, артистите, акробатите, … сите тие се дел од сензацијата која струмичани ќе можат да ја видат во циркуските представи во овие 4 дена (од 02-05 ноември)
Циркусот „Сафари“воедно е и модерен и традиционален, доаѓа од Унгарија и постои од далечната 1968 година.

Општина Струмица донираше грејни тела на Здружението на слепи лица

Во рамките на континуираната соработка и поддршка со невладиниот сектор, општината донираше две грејни тела на Здружението на слепи лица во Струмица. Со оваа донација се надмина проблемот со затоплувањето на просторијата во која функционира Здружението. По предавањето на донацијата се одржа заедничка  средба меѓу претставниците на општина Струмица и Здружението на слепи на која се разговараше за проблемите со кои се соочува оваа ранлива категорија на луѓе.

Претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски,  рече дека локалната власт и досега го помагала Здружението со технички помагала, компјутери, работни маси и столови, а ќе продолжи и понатаму со сите расположливи средства да ги помага членовите. Во таа насока, општината ќе ги поддржи и регионалните средби со другите вакви здруженија во регионот и турнирот во шах за слепи лица. Претставниците на Здружението се заблагодарија за донацијата и побараа да се посвети поголемо внимание во вработувањето на слепите лица. Здружението на слепи лица во Струмица има околу 100 членови.

 

Временска прогноза за петок, 2 ноември

Денес во Струмица облачно со шанса за врнежи.

 

Циркус во Струмица!

Од петок до понеделник (02- 05 ноември) во спортската сала ,,Парк’’, струмичани ќе можат да ги  проследат и уживаат во циркуските точки на циркусот  ,,Сафари’’!

 

 

Циркус во Струмица!

Од петок до понеделник (02- 05 ноември) во спортската сала ,,Парк’’, струмичани ќе можат да ги  проследат и уживаат во циркуските точки на циркусот  ,,Сафари’’!

 

 

Временска прогноза за четврток, 1 ноември

Денес во Струмица дожд во текот на денот, дневна температура до 15 °C

 

Гостите од Измир во посета на градоначалникот Зоран Заев

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев денеска во својот кабинет се сретна со делегација од гимназијата „Јилдис Тинас Измироглу“ од Измир, Турција која е во неколкудневна посета на средното општинско училиште  „Јане Сандански“ од Струмица. Во опуштена и пријатна атмосфера градоначалникот и гостите разговараа на повеќе теми разменувајќи искуства од повеќе области.Посакувајќи им срдечно добредојде, градоначалникот Заев ги запозна гостите со општина Струмица и рече дека му е посебно драго што има гости од Турција, посебно од Измир каде има голема македонска заедница со која Струмица има одлична соработка, а ја истакна и добрата соработка со збратимениот град Илиџа. Гостите од Измир истакнаа дека Струмица им оставила многу добар впечаток и посакаа соработката да продолжи и понатаму. Делегацијата од Измир е составена од триесетина ученици и професори од гимназијата, а во Струмица ќе останат до петок. Освен размената на искуства во воспитно – образовниот процес, гостите ќе посетат повеќе културно – историски знаменитости, фабрики, ќе присуствуваат на театарска претстава, а ќе се запознаат и со богатиот ноќен живот  во Струмица.

Денеска е последен ден за пријавување за субвенционирање на неплатениот долг кон „Комуналец“

До денеска ќе трае поднесувањето  на барањата за остварување на правото за субвенционирање неплатен долг кон ЈПКД „Комуналец“. Барањата се поднесуваат согласно одлуката за субвенционирање на неплатен долг на семејства од општина Струмица со посебен социјален статус,  донесена на 21 декември минатата година  на Советот на општина Струмица. Во прилог на ова  донесен е правилник за условите, начинот, постапката и потребната документација за остварување на ова право. Во семејства со посебен социјален статус влегуваат, семејства во чиј состав има самохран родител, има член со траен инвалидитет од било кој карактер или степен на инвалидност потврден со медицинска белешка и семејства во чиј состав има најмалку два члена со полни 18 години или постари од 18 години, а приходи по основ на вработување или пензија прима само еден или ниеден член од семејството. Сите граѓани на општина Струмица кои спаѓаат во една од овие категории семејства можат да поднесат барање во просториите на ЈПКД „Комуналец“.

Временска прогноза за среда, 31 октомври

Денес во Струмица повремено облачно, без врнежи, со дневна темппература до 19 °C

 

Улиците „Иљо Шопов“ и „Јанков Цветинов“ со нови тротоари

Во рамките на градежната офанзива во општина Струмица која трае подолго време, нов лик добиваат улиците „Иљо Шопов“ и „Јанко Цветинов“. И на двете се врши  реконструкција на тротоарите од двете страни. На „Иљо Шопов“  нови бекатон плочки се поставуваат на вкупна површина од 1.888 метри квадратни. Покрај плочките се поставуваат и бетонски рабници. Се подновува и „Јанко Цветинов“ каде се вади бетонската подлога и се става коцка на површина од 600 метри квадратни. Со овие градежни зафати што се финансирани од буџетот на општина Струмица и двете улици добиваат нов урбан лик, а се подобрува и безбедноста на пешаците.

 

POP