Лотарија и забава за децата од ,,Партизан’’

Синоќа во игротеката се одржа традиционалната новогодишна забава и лотарија за деца од петто до осмо одделение кои се членови на спортскиот центар ,,Партизан’’. Со завршна мафестација, децата се забавуваа и дружија, учествуваа во наградни игри, а оние кои имаа повеќе среќа, со себе понесоа и дел од спортска опрема или бесплатни термнини за спортување како награди.

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.310974495685802.73733.261733853943200&type=1

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Струмица, дека почнувајки од 03.01.2013 година ,Општина Струмица ке започне со реализација на многу важен и нужен проект согласно „Закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2004; 55/2007; 145/2010 и 136/2011) со  поставување на табли и броеви на објектите и инфраструктурата во градот и сите населени места.

Согласно Законот секој сопственик, односно корисник на објект е должен да овозможи на објектот поставување на табла со името на улицата;
Исто така и секој објект ке се нумерира со број, со поставување на табличка на објектот.Нумерирањето на објектите со броеви на подрачјето ке го врши стручна екипа ангажирана од општината.
За таа цел се молат сите граѓани на општина Струмица за разбирање и трпение во периодот од 03.01.2013, кога и ќе отпочне реализацијата на проектот „Поставување на табли и броеви на објектите и инфраструктурата“ во општина Струмица, и да овозможат изведувачите односно монтерите на истите Непречено да ги реализираат своите изведби за „Поставување на табли и броеви на

Општина Струмица однапред благодари на сите Граѓани, имајки го во предвид високото досегашно ниво на соработка.објектите и инфраструктурата“.
За поконкретни информации или настанати несакани проблеми може да се обратите до „СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ И КОМУНАЛНИ РАБОТИ“ при општина Струмица и на тел. 321-534, факс 323-477 и на www.strumica.gov.mk,

 

 

Временска прогноза за четврток, 27 декември

Денес во Струмица умерено облачно со дневна температура  од 2° од  11°

 

Солисти од Македонската опера во „Антон Панов’’

 

Струмичани кои ја сакаат класичната музика, вечерва во НУЦК „Антон Панов’’ уживаа со тенорот, сопранот и баритонот на ,,Македонската опера и балет’’ од Скопје. Програмата од концертот ја сочинуваа Арији и наполитански песни кои солистите ги изведуваа со клавијатурска придружба.

Заев: Очекувам и да се пука во иднина на опозицијата

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев денеска свика прес по повод телефонскиот разговор со лажно претставеното лице дека е претседател на СДММ Крива Паланка
Зоран Заев изјави дека по случувањата од изминатите денови очекува власта и да пука на опозицијата во иднина, но најави и кривична пријава против непознат сторител, поради лажно преставување.
„Целта на разговорот, знаејќи дека е со сценарио, дека ќе има пукање во иднина, апсолутно се однесува на првиот дел од разговорот кои што не бегам и целосно е даден со мое знаење и со моја намера. Очекувајќи после тепање на пратеници во Парламентот, очекувајќи тепање на опозицијата надвор од Парламентот, и газењето на својот сопствен народ, истовремено потсетувајќи ве на писмото на Никола Грувески кое беше пуштено за конечно уништување на опозицијата, сосема нормално е да очекуваме дека по нас може и да се пука’’. – изјави Зоран Заев, потпретседател на СДСМ и градоначалник на општина Струмица.

[Gallery not found]

 

Утре ќе се одржи шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Советот на општина Струмица утре, 27.12. 2012 година (четврток) ќе со почеток во 13:00 часот во Домот на АРМ ке ја одржи шеесет и четвртата   седница  на Советот на општина Струмица, а на дневниот ред од седницата ќе се разгледуваат следните точки:

1. Предлог – Програма за работа на Советот на општина Струмица во 2013 година;
2. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2013 година;
3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2013 година;
4. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2013 година;
5. Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2013 година;
6. Предлог – Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2013 година;
7. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2013 година;
8. Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2013 година;
9. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2013 година;
10. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2013 година;
11. Предлог –Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2013 година;
12. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита во 2013 година;
13. Предлог – Програма  за активностите на општина Струмица за  поддршката на НВО секторот во 2013  година;
14. Предлог – Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2013 година;
15. Предлог-Програма за одбележување на годишнини  на значајни настани и истакнати личности во 2013 година во Општина Струмица;
16. Предлог – Одлука за измена на Одлуката  за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
17. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми  за распределба  на блок дотацијата за основното образование за 2013 година;
18. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2013 година;
19. Програма  за работа на Дом за деца и млади  „Благој Мучето“ Струмица за 2013 година;
20. Програма  за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2013 година;
21. Извештај за работата  на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за  периодот  јануари – септември 2012  година;
22. Програма за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2013 година;
23. Предлог за давање согласност  на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за висината на цена за вода за пиење  и надоместок за одведување на отпадни води;
24. Извештај за работата на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за периодот  јануари –септември 2012 година;
25. Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2013 година;
26. Одлука за одобрување на бесплатно користење на паркинг  места на ЈП „Паркиралишта Струмица“ – Струмица;
27. Програма  за работа на Јавното претпријатие за енергетски дејности  “Струмица-гас“ Струмица за 2013 година;
28. Предлог – Заклучок за утврдување Нацрт ДУП на дел од блок 41, Урбана единица 5 во Струмица; и
29. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 3036 КО Костурино;

Струмичките пожарникари спасија ендемска птица грабливка | ww.StrumicaCity.com |

Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица во изминатата недела имала вкупно 10 интервенции. Најчесто пожарникарите гаснеле запален отпаден материјал на 6 локации во градот.

Покрај тоа, не изостануваат и запалените оџаци од индивидуални семејни куќи, како и гаснење на опожарено ПМВ.

Но, и една несекојдневна техничка интервенција на ТППЕ Струмица ја одбележи  претходната работна седмица – спасувањето на ендемна граблива птица, која подоцна  била предадена на Здружението за спасување на птици и природни реткости од Струмица.

Со брзото делување на противпожарната единица во сите десет случаи, се спречени последици од поголеми размери.

Временска прогноза за среда, 26 декември

Денес во Струмица претежно сончево со дневна температура до 11 ℃

 

Одржан протест пред ,,Глобал’’

Вечерва пред Трговскиот центар ,,Глобал’’ се одржа получасовен мировен протест на граѓани од Струмица. Струмичaни, кои беа во масовен број, излегоа со цел да ги осудат вчерашните случувања во Скопје каде што опозициските пратеници беа исфрлени од Парламентот, и да ја покажат својата граѓанска непослушност.

Претседателот на ОО СДСМ од Струмица, Марјан Даскаловски, најави дека и утре до петок во истото време, од  18:00 до 18:30 часот, на истото место, граѓаните ќе протестираат на овој начин.


Католиците во Струмица денеска го слават „Свети Спиридон Чудотворец’’

Околку две илјади Христијани кои го прославуваат католичкиот Божиќ во Струмица, не го прават тоа на денешниот ден, туку на 7-ми јануари. Денеска тие и Парохиската Црква ,,Успение на Пресвета Богородица’’ со Утрена и Света литургија го одбележуваат ,,Свети Спиридон Чудотворец’’. А кој бил тој?

„Свети Спиридон Чудотворец’’ се родил на островот Кипар во земјоделско семејство. Бил многу побожен и молитвен човек и поради тоа бил избран за епископ во градот Тримифунт. Со својата силна вера и големите чуда што ги правел повратил многу еретици во вистинската Христова црква. Уште во животот направил големи чуда. Воскреснал неколку мртовци, го запрел течението на реката, го исцелил царот Констанс од тешка болест, ги видел и ги слушнал ангелите Божји. Кога му умрела ќерката на гробот пред да ја погребат ја прашал за клучот со кој биле заклучени вредни црковни работи и мртвото тело одговорило и кажало каде е клучот. Се упокоил во господа 348 година. Неговите чудотворни мошти се наоѓаат на островот Крф.

 

 

POP