Временска прогноза за среда, 12 септември

 

Времето утре, сончево и вредро. Максимална дневна температура до 29 степен.

 

Положување цвеќе за Денот на ослободувањето на Струмица

Со пригодни свечености, во Струмица денеска се одбележи 68 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.
Пред споменикот на Револуцијата во градскиот парк цвеќе положија претставниците на политичките партии,а на присутните со пригоден збор им се обрати градоначалникот Зоран Заев.
Денот на ослободувањето на градот беше одбележан и со засадување дрвце на пријателството во градскиот парк.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.269668376483081.62325.261733853943200&type=1

Џоша Митич за Струмица

Познатиот српски забавувач, комичар и актер Богољуб Митич познат како Џоша, го пронајдов во кафеана во близина на театарот. По пробата за вечерашната представа ,,Ѓаволијада’’, одмараше со разговор и пијалак со своите пријатели.

Кажува дека за неговото доаѓање сите позитивно реагирале, го поздравувале на улица, се фотографирале со него, го дочекале како свој познаник и пријател. Поради тоа што со своето доаѓање овде го привлече  вниманието на многу Струмичани, јас сакав да знам како впечаток му оставила Струмица.

- Во Струмица сум по прв пат и можам да кажам дека впечатоците ми се доста пријатни. Прошетав по градот и забележувам дека е доста среден, убаво дотеран, се гледа дека доста труд и работа има вложено во него. Центарот изгледа убаво, исто и паркот каде што е езерцето. Посебно вниманието ми го привлече споменикот на Гоце Делчев и натписот на него ,,Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите’’. Затоа и ние од шабачкиот театар гостуваме овде, да бидеме дел од еден значаен театарски фестивал како што е ,,Ристо Шишков’’.

Џоша е познат боем, и кафанскиот свет е дел од неговиот живот. За кратко време колку што е овде, ги прошетал струмичките кафани и има само пофални зборови за гостопримството на Струмичаните.

- Овде се осеќам како да сум дома. Луѓето се доста пријатни и гостопримливи. Можам да кажам дека Македонија ја чувствувам како своја земја, исто како и Србија. Овде се осеќам опуштен и ми годи пријателската атмосфера, а посебно би истакнал дека имате одлична клима. Мојот колега од шабачкиот театар  изјави дека со задоволство би живеел овде, одушевен е од вашиот град.

M.M

Струмица низ времето

Драги и почитувани сонародници, светски интелектуалци и универзитетски професори, билионерски инвеститори,продуценти и уметници од секоја бранша… Свртете го светскиот глобус,фокусирајте го погледот во источниот дел од Македоија и доближете се до градот кој наликува на митски потонатата Атлантида- историскиот Астраион,латински наречен Тивериопол- современа Струмица. Дојдете, видете, проценете!!! Повеќе →

Прес конференција на ОО СДСМ Струмица – 11.09.2012

Прес конференција на ОО СДСМ Струмица – 11.09.2012

Почитувани,
Откако ја доведоа државата до питачки стап, ги задолжија граѓаните до највисоко ниво и го поделија народот, луѓето од ВМРО ДПМНЕ лицемерно побараа да го слушнат мислењето на граѓаните.

Откако ја направија државата рекордер во сиромаштија и мизерија, земја во која платите се со најмала куповна моќ а поскапувањата се секојдневни и претставуваат кошмар, откако граѓаните ги принудија да станат експерти за покривање на рати преку неколку кредитни картички, прашуваат за потребите на граѓаните.
Откако економијата, стопанството и индустријата ги фрлија на колена а земјата ја направија зависник од кредити, ВМРО ДПМНЕ бара идеи.
Откако направија граѓаните, сопствениците на мали продавници и стопанствениците да имаат уплав од превисоките казни и глоби од инспекторите за најситни пропусти, ВМРО ДПМНЕ бара предлози.

Откако непродуктивното трошење на парите од граѓанните по разни реклами, споменици, скапи огради и жални врби, им стана омилена активност, луѓето од ВМРО ДПМНЕ безобразно побараа да го слушнат барањето на обичниот човек.

Какво лицемерие.
Е па господа од власта, со оглед на тоа што вчера не добивте ниту еден предлог и за половина час го кренавте штандот, редно е да ви стане јасно дека граѓаните на општина Струмица има каде да ги даваат своите идеи. Оти знаат дека само локалната самоуправа предводена од градоначалникот Зоран Заев може да им ги реализира.
И ако навистина сакате нешто да направите за сограѓаните, запрете го бесправното сечење на шумата околу струмичкиот регион. Еве ви и видео материјал за да се уверите како се уништува зелениот појас околу градот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ОО Струмица ви ја упати првата идеа, Вие сте на ред – Запрете го безмилосното загрозување на нашите бели дробови.
Институциите на власта конечно нека се фатат за работа.

Крводарителска акција на СДММ – Струмица

Денот на ослободувањето на Струмица – 11 Септември, Социјалдемократската младина на Македонија од Струмица денеска го одбележи на симболичен начин со крводарителска акција. Акцијата се одржа во просториите на Oдделението за Трансфузиологија, при Јавната Здравствена Установа – Струмица. СДММ Струмица се заблагодарува на сите млади кои ја даруваа својата крв доброволно со надеж дека ќе помогнат на оние на кои им е најпотребна.

 

 

>>>>Галерија<<<<

 

 

„Димитар Влахов“ и „Никола Вапцаров“ најдобри на турнирот во мал фудбал

Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и основното училиште „Никола Вапцаров“ ги освоија победничките пехари на турнирот во мал фудбал што вчера и денеска се одржа во Струмица. Во категоријата на средните училишта, второто место го освои „Јане Сандански“, а третото „Никола Карев“, а кај основците, второто место му припадна на „Видое Подгорец“, а третото место го освои основното училиште „Сандо Масев“. Турнирот во мал фудбал за средните и основните училишта, традиционално се одржува секоја година по повод празниците 8 и 11 септември, а го организира општинскиот сојуз на училишен спорт, под покровителство на Советот на општина Струмица.

Временска прогноза за вторник, 11 септември

Времето денеска сончево и топло со можни врнежи во вечерните часови на повисоките места.

Максимална дневна температура до 29 степен.

 

Програма за понеделник на ФКТ ,,Ристо Шишков’’

 

Програма за понеделник на ФКТ ,,Ристо Шишков’’

 

19:00 ч.

НУЦК Антон Панов ЗАД ЗАВЕСИ

режисер: Александар Ивановски

 

 

 

20:00 ч.

Драмски Куклен Театар ТАНГО

режисер: Николај Полјаков

 

 

 

23:00 ч.

Киркас Продукција НАДЕЖ

режисер: Петар Милошевски

 

 

,,Дурекс’’ го докажа квалитетот!

Победник на турнирот ,,Стрит баскет – Струмица 2012’’ е екипата ,,Дурекс’’ во состав од : Александар Шајкарев, Горан Мавров, Горан Соколов и Атанас Иљашев. Тие со 3 коша разлика ја победија второпласираната екипа Далвина и освоија парична награда од 12 илјади денари.

Третото место го зазеде тимот на Шкуљ Ловец, додека за најдобар играч на турнирот беше прогласен Атанас Иљашев.

Финалната вечер ја следеше и градоначалникот  Зоран Заев кој на победниците им ја врачи наградата.

Турнирот ,,Стрит баскет’’ е организиран од страна на Општина Струмица, Младински совет и КК Струмица, а оваа година на натпреварите учествуваа 24 екипи.

 

Галерија од финалната вечер

 

 

Capture