Домаќинки, учествувајте на ,,Ајверијада – 2012”

Во организација на општина Струмица, на ден 06.10.2012 година со почеток во 12 часот на плоштад „Гоце Делчев„  ќе  се одржи традиционална манифестација „Ајверијада„.

Право на учество има  секоја домаќинка која ќе се пријави со една тегла домашен ајвар. Пријавувањето е секој ден најдоцна до петок 05.10.2012 до 16ч. во  дом на АРМ. Повеќе информации на телефон 034/321-456.

Најдобрите три домаќинки ќе бидат наградени:  прва награда 300 евра, втора награда 200 евра и трета награда 100 евра.

Пријавувањето на субвенционирање до крајот на октомври

До крајот на месец октомври  ќе трае поднесувањето  на барањата за остварување на правото за субвенционирање неплатен долг кон ЈПКД „Комуналец“. Барањата се поднесуваат согласно одлуката за субвенционирање на неплатен долг на семејства од општина Струмица со посебен социјален статус,  донесена на 21 декември минатата година  на Советот на општина Струмица. Во прилог на ова  донесен е правилник за условите, начинот, постапката и потребната документација за остварување на ова право. Во семејства со посебен социјален статус влегуваат, семејства во чиј состав има самохран родител, има член со траен инвалидитет од било кој карактер или степен на инвалидност потврден со медицинска белешка и семејства во чиј состав има најмалку два члена со полни 18 години или постари од 18 години, а приходи по основ на вработување или пензија прима само еден или ниеден член од семејството. Сите граѓани на општина Струмица кои спаѓаат во една од овие категории семејства можат да поднесат барање во просториите на ЈПКД „Комуналец“.

Официјален старт во ,,Step Up”

 

Денеска официјално започна учебната година во новоотворениот Центар за странски јазици ,,Step Up”. Во текот на септември, Step Up овозможи на своите ученици бесплатни часови и со тоа завршија подготовките за последнователниот период на сериозно учење.

Во овој Центар за странски јазици, се одржуваат курсеви по англиски, германски, турски, арапски, шпански, италијански, бугарски јазик, курс по македонски јазик за странци како и курс по математика. Предавањето во Step Up е организирано вопомали групи со цел за побрзо и подобро совладување на градивото.

Сите заинтересирани или за подетални информации можете да се обратите на бројот  077/928-319 или директно во просториите на Step Up на Ул: 24 Okтомври бр:64 – позади канцелариите на ЈПКД “Комуналец”, 

 

 

 

Нов асфалт на улиците и булеварите во централното градско подрачје

Со засилено темпо продолжува акцијата за разубавување и поголема безбедност во сообраќајот во централното градско подрачје на Струмица. Со комплетна механизација денеска се гребе стариот слој асфалт на булеварот „Ленинова“ до семафорите пред „Глобал“ и од семафорите, градежниот зафат продолжува по десната страна на булеварот „Маршал Тито“, на кружниот тек, улицата „Балканска“ се до улицата „Дрварска“. По отстранувањето на стариот, ќе биде поставен нов слој асфалт на вкупна површина од 8.200 метри квадратни, од кои 1.800 метри квадратни се на булеварот „Ленинова“ пред основниот суд, а останатите 6.400 метри квадратни, од семафорите пред „Глобал“ до улицата „Дрварска“. Овој градежен зафат е целосно финансиран со средства обезбедени од буџетот на општина Струмица.

И во Струмица „Сто илјади поети за промена„

Во Струмица синоќа се одбележи второто издание на глобалната манифестација ,,Сто илјади поети за промена”.Поети од Македонија и пошироко, ја читаа својата поезија пред одбраната публика во Летниот амфитеатар, и тако се обединија со своите колеги кои го правеа истото во уште 115 други земји ширум светот.Манифестацијата ,,Сто илјади поети за промена” ја основил Мајкл Ротенберг во Сан Франциско, со цел да се подигне свеста кај младите и старите за секојдневните проблеми како што се социјалниот живот, општественоста, мирот, одржливоста и заштитата на планетата Земја.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.276508139132438.64602.261733853943200&type=1

Временска прогноза за понеделник, 1 октомври

Временска прогноза за понеделник, 1 октомври.

Првиот ден од месецот октомври ќе биде сончев и топол со дневна температура до 32 степен.

 

извор:www.weather2umbrella.com

,,Субвенциониран брак”

автор: Алиса од Земјата на чудата

Еднаш многу одамна, една млада двојка реши да стапи во брак. Имаше невидена церемонија во ТРИУМФАЛНАТА КАПИЈА, веднаш потоа младоженецот (како што доликува) на раце ја внесе невестата во новиот СУБВЕНЦИОНИРАН стан, кој требаше да го исплаќаат едно 20-30 години и тоа од платите кои не изнесуваа повеќе од 12.000 денари.

На нивниот нов телевизор (секако поклон за свадбата, исто така плаќан со кредит или во најмала рака на рати) видоа дека владата СУБВЕНЦИОНИРА и за деца.И така, се излажаа по втор пат со именката СУБВЕНЦИЈА и си направија дури 4 деца.

Децата пораснаа,трошоците се зголемија (платите секако си останаа исти), СУБВЕНЦИИТЕ од “роди 3то или 4то дете” за што попрво!Паника ги фаќаше жалните луѓе,како да живеат? Упс,како да ПРЕЖИВЕАТ. Шетајќи се така низ ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ, им дојде преку глава и решија да се обесат,но, не можеа да се одлучат на кој СПОМЕНИК.

И така тие се вратија дома тажни,а ВОИНОТ од плоштадот спаси уште 2 животи!!!!
Сигурно се прашувате што се случи со децата??? Го искористија БЕЗВИЗНИОТ РЕЖИМ и магла фатија “на горе”!

Временска прогноза за недела, 30 септември

Временска прогноза за недела, 30 септември.

Времето денес без промени, топло и сончево со дневна температура до 33 степен.

 

извор: www.weather2umbrella.com

Вечерва ,,100 Илјади поети за промена”

Вечерва во 20 часот во Летниот амфитеатар ќе се одржи втората по ред манифестација ” 100 Илјади поети за промена” во состав на глобалното движење на кое 30-тина поети од Македонија ќе ги читат своите песни.

Темите за кои се пишува и поетите за што ke говорат гласно обработуваат содржини од општествениот и социјален живот, мирот, одржливоста, природните ресурси, заштита на планетата Земја со цел да се подигне свеста кај помладите и постарите за проблемите со кои се соочуваме секојдневно.
На манифестацијата се очекува настап на Никола Маџиров, Драгана Евтимова, Давор Стојановски, Марта Маркоска, Рамадан Рамадани, Вања Изова Велева, Вероника Костадинова, Панче Ќосев, Верица Патарова, Ацо Гогов и многу други.

Презентиран еден од најстарите спортови во Струмица – мечувањето

На струмичкиот плоштад “Гоце Делчев“ во попладневните часови, ветераните од Мечувалечката федерација на Македонија на поминувачите ги презентираа тајните на мeчувањето.
,,Струмица доби ексклузивно право да се во неа најрпво одржи промоција бидејќи овој спорт сега е застапен само во Скопје, а нашата цел е да го популaризираме во Македонија” – рече Томе Александровски, селектор во мечување на Македонија.
Инаку, како што истакнуваат ветераните на Мечувалечката федерација, оваа спортска дисциплина не познава години, и е наменета за сите возрасти, од најмалите до најстарите. Како најбитна вештина се издвојува брзината, но и концентрацијата и вниманието.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.276184855831433.64476.261733853943200&type=1