Јубилеен концерт на ансамбл ,,Тримери’’ – Струмица

Вечерва со концертот на ансамбл ,,Тримери’’ од Струмица во НУЦК ,,Антон Панов’’ официјално се заврши програмата за одбележување на Патронот на градот.

 

 

 

 

 

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.304182919698293.72140.261733853943200&type=1

Струмичката естрада на снимање за новогодишната ноќ | strumicacity.com

Синоќа во ,,Студио ИН’’ се снимаше новогодишниот програм за ,,ТВ ВИС’’ и телевизијата ,,Кобра’’ од Радовиш…Погледнете го делот од синокешната атмосфера…

 

 

 

 

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.304133429703242.72126.261733853943200&type=1

Откриено спомен обележје на жртвите во пожарот

Денеска во рамките на празнувањето беше откриено и спомен обележје на жртвите во пожарот во јули оваа година, Пено Стојанов,Блажо Стојков, Митко Георгиев и Војо Гркљанов. Откривајќи го спомен обележјето, градоначалникот Зоран Заев рече:

- Има некаква симболика во поврзаноста на овој свечен чин и денот кој денес го чествуваме. Заштитниците на Струмица, Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици ги положиле своите животи во одбрана на христијанството и за доброто на овој наш град, а спомен обележјето што денес го откриваме е во чест на четворицата наши сограѓани кои исто така ги положија своите животи, но во одбрана на Струмица од огнената стихија. Едните, поради својата херојска мисија од поодамна ги прогласивме за вековни заштитници на Струмица, другите пак со своето херојство на дело докажаа дека и тие на себе својствен начин беа заштитници на градот. Беше јулски, топол летен ден. Обичен ден како и многу други пред него, ден кој со ништо не најавуваше дека ќе биде трагичен. За жал, се случи нешто сосема неочекувано. Пламените јазици кои се појавија над Струмица, сериозно му се закануваа на градот и неговата околина. Бев сведок и знамдека одненадеш како пеколот да падна на земјата. Многумина веднаш го прифатија хамлетовското „да се биде или не“ во одбрана на Струмица од големиот пожар. За жал, во таа одбрана, своето херојство со животите го платија Пено Стојанов, Блажо Стојков, Митко Георгиев и Војо Гркљанов. Но, Струмица никогаш не им останува должна на хероите. Струмица го подигна ова спомен обележје, дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, за да биде сведоштво за едно големо херојство помножено со четири, рече градоначалникот Заев.

Спомен обележјето на жртвите во пожарот се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“ во централното градско подрачје.

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.304100433039875.72115.261733853943200&type=1

Доделени годишните награди на свечената седница на Советот

Струмица денеска празнуваше и го чествуваше Денот на заштитниците на градот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.Советот на општината, точно напладне во центарот за култура „Антон Панов“ ја одржа свечената седница на која присуствуваа голем број гости и почитувачи на Струмица и нејзините заштитници. На свечената седница на Советот, беа доделени традиционалните годишни награди и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ на општина Струмица за 2012 година. Годишната награда како признание на општина Струмица за посебни остварувања се додели на: Катерина Милушева за значаен придонес во полето на истражувачката дејност во областа на карневалот, д-р Викторија Јовановска за особен придонес во областа на медицината и хуманоста, одбојкарски клуб „Струмица“ за постигнати резултати во одбојкарскиот спорт, Ристо Филчевски за особен придонес во афирмацијата на културните вредности, Иван Станоев за значаен придонес за издаваштво во спортот, д-р Кирил Николов за особен придонес во областа на медицината, особено во дијагностиката и Мирко Стојановски за особен придонес во гасифицирањето на општина Струмица. Наградата за животно дело за 2012 година ја доби Митко Шапковски за посебни заслуги во развојот на туризмот и економијата во општина Струмица. Наградата за животно дело се состои од диплома, плакета, бронзен медал и парични средства во износ од четири просечни нето плати исплатени во Република Македонија во претходната година, а годишната награда од диплома, плакета и парични средства од една просечна нето плата.

 

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.304072849709300.72110.261733853943200&type=1

„Распеани струмичани’’ пред струмичката публика

Синоќа во НУЦК ,,Антон Панов’’ се одржа традиционалниот концерт на ,,Распеани струмичани’’. И, навистина, беше распеано…

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.303992919717293.72098.261733853943200&type=1

Струмица денеска го одбележува Патронот на градот

Струмица денеска ги празнува заштитниците на градот „Свети Петнаесет Тивериополски Свешетеномаченици“. Празнувањето почна со света божествена литургија во истоимената црква, а во 12 часот Советот на општина Струмица ќе одржи свечена седница на која ќе бидат доделени традиционалните годишни награди.

По свечената седница ќе биде откриено спомен обележје на жртвите во пожарот во јули оваа година. Празнувањето ќе заврши вечерва со годишниот концерт на ансамблот „Тримери“ кој ќе почне во 19 часот во центарот за култура „Антон Панов“.

Временска прогноза за вторник, 11 декември

Денес во Струмица снег во текот на ден. Дневна температута до 0 °C

 

Одбележана 5- годишнината од националната електронска библиотека во Струмица

Како дел од програмата за одбележување на ,,Св. Петнаесет тивериополски маченици’’ во градската библиотека ,,Благој Јанков Мучето’’ денеска се одбележи петогодишен јубилеј од постоењето на националната електронска библиотека ,,Растко Македонија’’.
,,Досега електронската библиотека има објавени над 400 наслови, дигитилизирани се над 1500 страници со текстуален материјал и опфатени се 200 авторски имиња. Една четвртина од вкупно објавениот материјал се родокрајни автори што всушност представува една база за формирање на една електронска библиотека која ке биде посветена на културата и традицијата на Струмица и се надеваме на нејзина реализација’’-изјави Софија Тренчевска од „Растко Македонија’’
Националната електронска библиотека е проект кој на граѓаните им овозможува да се запознаат со македонската култура и традиција и таа е дел од светската електронска мрежа не електронски библиотеки. Нејзини најчести корисници се учениците, студентите и истражувачите.

 

Доделени 60 признанија за верните посетители на градската библиотека

Во библиотеката ,,Благој Јанков Мучето’’ денеска беа доделени награди и признанија за млади библиотекари кои учествуваа на конкурсот оваа година, пофалници за најактивните читатели во 2012 година, како и за најмладиот и најстариот читател. Врачени беа вкупно 60 признанија, а како што кажува директорката Тања Гошева, најверните читатели во библиотеката во Струмица покрај тоа ќе добијат и бесплатна членска карта за идната 2013 година.

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.303742596408992.72028.261733853943200&type=1

СВР Струмица го одбележи Денот на превенцијата

Секторот за внатрешни работи Струмица –Отсек за превенција, денеска го одбележи Денот на превенцијата во просториите на СВР Струмица. Во текот на 2012 година, Отсекот за превенција реализираше бројни проекти на спроведување на превентивни активности, како што е намалување на насилството во училиштата, проектот ,,Безбедно од дома до училиштето’’ за градинките ,,Паметна глава кацигата ја чува’’, ,,Бесплатно полагање на возачки испит во категорија М’’ и многу други.На сите кои учествуваа и помагаа во реализација на проектите во 2012 година СВР Струмица и врачи благодарници.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.303702366413015.72024.261733853943200&type=1

POP