Временска прогноза за недела, 16 декември

Времето денеска облачно со повремени врнежи на слаб дожд во текот на денот. Дневна температура до 6 степен.

Во втора фаза проектот „Во светот на детето“

Во рамките на проектот „Во светот на детето“, денес се реализираше вториот дел од работилниците наменети за воспитувачите од градинките во Струмица за креирање на креативен курикулум.  На воспитувачите им беа презентирани  методите и активностите во ликовните творби, а еден  од учесниците на овој проект, Гордана Георгиев,изјави:

„Денес се запознаваме со ликовно воспитање и образование, и култура на говорот.  Минатиот пат имавме запознавање со природа и опшеството и физичко воспитување. Овде имаме предавања, вежби и практични примери каде што ние сами воспитувачите стекнуваме нови знаења, се запознаваме со современите методи и на тој начин  автоматски го  збогатуваме самиот процес на воспитување во детските градинки и го правиме престојот на децате што поинтересен’’

Овој проект е организиран од Општина Струмица и Организација на жени од Струмица во соработка Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

 

 

 

Временска прогноза за сабота, 15 декември

Времето денеска умерено облачно со можни врнежи на дожд во вечерните часови. Максимална дневна температура до 8-ми степен.

Жан Зимбаков кандидат за градоначалник на Босилово од СДСМ

Како што пишува вис.мк, полицискиот службеник од Секторот за внатрешни работи во Струмица, Жан Зимбаков, е кандидат за  градоначалник за престојните локални избори во Босилово од редовите на Социјалдемократите.

Инаку, Босилово според првичниот коалициски договор на опозицијата, беше предвидена за ВМРО НП, но по последните разговори е констатирано дека Жан Зимбаков од СДСМ е најдоборото решение за симнување на ВМРО ДПМНЕ од власт во општина Босилово, која сеуште тактизира за можниот каднидат за градоначалник на престојните лоаклни избори закажани за март идната година.

извор: вис.мк

 

 

Реакција од Општина Струмица на прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ

По повод денешната прес конференција на ОК ВМРО – ДПМНЕ од Струмица на која порталот СтрумицаСити не беше повикан, Општина Струмица реагираше:

Почитувани,

Наместо да покажат малку доблест и да признаат дека буџетот на општина Струмица за 2012година е со реализација од 92%, луѓето од    ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица како давеници кои се фаќаат за сламка и бараат игла во стог сено, пронајдоа нереализиран Проект кој се однесува на уредување на патеката од „Ловен Дом” до „Цареви Кули” и нејзино осветлување.

Да, овој Проект не е реализиран иако строго наменските средства од 3 милиони денари се обезбедени и чекаат да бидат ставени во функција. Сите постапки за остварување и на оваа од многуте реализирани ветувања на градоначалникот Зоран Заев ќе бидат отпочнати откако Општина Струмица ќе добие согласност од Заводот-Музеј Струмица, институција која врши археолошки-конзерваторски работи на „Цареви Кули” и во чија надлежност е споменатиот локалитет, а на тој начин ќе бидат запазени сите позитивни законски прописи во Република Македонија.

Дами и господа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ и овој Проект ќе биде реализиран како и над 2000 проекти пред тоа во овие неполни 8 години. Цела Струмица им се радува на овие проекти, само Вие никако да соберете храброст да го сторите тоа.

Со почит,

                                                                                    ОПШТИНА СТРУМИЦА

                                                                                                                 Одделение за административна поддршка

                                                                                                               на Градоначалникот

                                                                                            Никола Годев

OO СДСМ – Струмица апелираше до Министерот за здравство Никола Тодоров

Васил Георгијевски

ОО СДСМ од Струмица одржа прес по повод пишувањата дека стаорци довеле до расипување на компјутерскиот томограф во Дијагностичкиот центар во Општата болница во Струмица.

,, Негрижата и самоволието се само два од многуте белези на однесувањето на луѓето од ВМРО ДПМНЕ.
Класичен пример за негрижа, е расипаниот компјутерски томограф во Дијагностичкиот центар во Општата болница во Струмица. Верувале или не, причина за дефектот не е ништо друго туку изгризените кабли на томографот од страна на еден или повеќе стаорци кои треба да бидат обвинети за злосторничко здружување.
Ако стаорците се виновни за настанатата штета, тогаш отворено се прашуваме кој е виновен во Општата болница за гостопримството за овие глодари. Досега знаевме дека лебарките се тие што слободно шетаат по болницата но очигледно е дека животинското царство во оваа институција е проширено и надградено.
Апелираме до Министерот за здравство Никола Тодоров да го има во предвид фактот дека лекарите кои работат на компјутерскиот томограф, ни криви ни должни се доведени во состојба да не го остварат бараниот учинок за да ја заработат својата плата.
И ако ова е класичен пример за негрижа, примерот за самоволие се огледува во отворените партиски простории на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Струмичкиот Инкубатор кој работи во склоп на касарната. Фолклорот од партиски знамиња истакнати на оваа зграда е доказ за таквото безобзирно самоволие. Сега станува совршено јасно зошто сите касарни во Република Македонија се отстапени на Општините, само не и оваа во Струмица.
Забелешките се наши а останатите коментари им ги препуштаме на граѓаните.’’

ОО СДСМ СТРУМИЦА

 

89 пријави во ,,Систем 48’’ за месец ноември

Улици, патишта и тротоари, ова се најчестите области на кои се пожалиле граѓаните на Струмица во месец ноември кога и   доставиле  пријави до општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“.

Од сервисот информираат дека од вкупно доставените 89 пријави, 70  се целосно решени, а останатите 19 се во фаза на решавање бидејќи станува збор за посериозни проблеми. Освен за улици, патишта и тротоари, граѓаните пријавиле проблеми и од областа на уличното осветлување, собирањето смет, водовод и канализација. Општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ над една година е во служба на граѓаните  кои за овој период доставиле над илјада пријава, од кои најголем дел се целосно решени. Целта на воведувањето на системот е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Временска прогноза за петок, 14 декември

Времето денес во Струмица умерено облачно. Во текот на денот температурата ќе биде до 4-от степен, а во ноќта се очекува пад на температурата до 0 степени.

Благица Калева: Најголема награда за мене е кога ќе ме побараат за настап

Овие денови Благица Калева и групата ,,Модус’’ се зафатени со припремата за престојните празници, а СтрумицаСити ѓи пронајде на снимањето за новогодишната емисија. Скоро се вратија од Холандија, од каде посетата, како што кажуваат, била одлична:

,,Задоволни беа со нашиот настап и добивме покана пак да гостуваме. Инаку, благодарејќи на музиката како екипа имаме посетено многу европски земји во кои се наоѓаат иселениците од нашата земја. Во април ја посетивме прекуокеанската Австралија’’ – кажува Благица.

На прашањето каде за нив е најдобрата забава, во странство или во Македонија, одговара:

,,Не правам некоја разлика во тоа, нашата публика се Македонци и каде и да се наоѓаме секогаш си поминуваме убаво, бидејќи ние како народ сме весели и секогаш спремни за забава. Но, сепак, за мене друго е чувството кога сум далеку од дома и кога сум во својата држава, затоа му давам предност на домашниот терен бидејќи сум жена која повеќе сака да е дома.’’ – објаснува таа.

Благица Калева не издвојува ниту една своја песна како најдрага бидејќи таа смета дека ако веќе има одберено да пее песна од своите автори, значи дека тоа и се допаднало. Меѓутоа, признава дека ,,на душата’’ повеќе и ,,лежат’’ елегични, сентиментални песни, тие и пружат поголемо задоволство од брзите и весели нумери.

Досега има освоено многу награди на фестивалите, што од публиката, што од жирито, а за тоа зборува:

,,Секоја награда или пофалба му годи на пејачот, така и на мене. И секоја со себе носи посебно чувство. Но, за мене најголема среќа и достигнување е кога луѓето ќе ме побарат за некој настап или свирка, тоа ми е доказ дека ја почитуваат мојата работа и ја сакаат мојата музика.’’

Со својата група ,,Модус“ настапуваат веќе дваесет години и односот во групата го оценуваат како беспрекорен. Многубројните патувања носат и бројни убави спомени и интересни анегдоти за кои, воглавно, заслужен е колегата гитарист Столе.

,,Тој секогаш знае да направи добра атмосфера, да направи секое наше патување да биде интересно. Неодамна кога се враќавме од Австралија, успеа да ги подигне на нозе и стујардесите заедно со нас да заиграат оро во авионската кабина.’’ – со смеење зборува Благица и ги поздравува сите тие кои ја почитуваат и уживаат во нејзините песни и им порачува да очекуваат ново ЦД со староградски песни после новогодишните празници.

 

автор: Маја Исмаилов

Струмица како новогодишна бајка

Струмица се закитува во новогодишно руво, секој ден се повеќе сјае и личи на новогодишна бајка. Светлечки фонтани, дрвца, елки, ангели… се само дел од новогодишните украси кои го полнат градот. Покрај минатогодишното, новогодишното уредување оваа година е подновено со двесет нови и различни видови на новогодишни украси кои на градот му даваат волшебен изглед особено во вечерните часови. Целиот град се украсува со новогодишни реквизити, но најголем дел од нив се сконцентрирани во централното градско подрачје, на булеварите „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“, „Ленинова“, плоштадот „Гоце Делчев“ и улиците „Маршал Тито“ – стара чаршија и „Сандо Масев“ – корзото. Освен во градот, новогодишно украсување се врши и во населените места Добрејци, Дабиле, Костурино, Муртино и Куклиш. За новото новогодишно-божиќно руво, општина Струмица издвои околу три милиони денари.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.304878206295431.72350.261733853943200&type=1

Capture