Временска прогноза за недела, 23 септември

 

Временска прогноза за недела, 23 септември.

Времето денес, ведро во вечерните часови. Преку дента ќе биде сончево и топло со дневна температура до 28 степен.

„Актвистичка бура во Струмица’’

Синоќа Струмица стана домаќин на глобалното светско движење кое ќе трае до 29-ти септември. Во склоп на тоа, вчера во Градскиот парк се одржа ,,Активистичка бура во Струмица’’ на која учесниците цртаа и правеа дрвени транспаренти.

 

Утре етно ден во Габрово

Утре во Габрово со почеток во 11 часот ќе се одбележи уште еден ,,Етно ден на младите фармери’’.

,,Етно ден на младите фармери’’ е средба на млади фармери, а целта на манифестацијата е развивање и промовирање на македонската традиција за заживување и унапредување на руралниот развој, негување на традиционалните обичаи, враќање на младите во руралните средини, заживување на традиционалното, создавање на нови брендови и развој на руралниот туризам.

 

 

 

Програма за втор ден ,,Еден ден мир’’, 22 септември

Струмица од 21-ви до 29-ти септември е домаќин на глобалното светско движење ,,Еден ден мир’’. Во рамките на тоа, ја претставуваме денешната програма:

  • Поставување на транспарентите 14:00 – 15:00 Градски парк и Св. Илија
  • Цртање (фломастери, маркери, графички моливи, дрвени боички, колаж) 18:00- 21:00 „У Пабо„
  • Проeкција на филм 19:00- 21:00
  • Изложба 21:30, официјално отварање „У Пабо’’
  • Дј сет: Bojan Hadji (Deep house, progressive house) 18:00 – 21:00 ,,У Пабо’’

Временска прогноза за сабота, 22 септември

 

Временска прогноза за сабота, 22 септември.

 

Денеска во Струмица ќе биде топол и сончев ден со малку повисока температура до 24 степени.

Започна кампања за собирање донации за изградба на Соборниот храм

Денес започна кампањата за донирање во изградбата на Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“. Поточно, од 1-ви октомври секое семејство и фирма со сметката за вода ќе добие и уплатница преку која ќе може да уплати парични средства во износ по желба и на тој начин да помогне во изградба на овој голем храм.

“Сакавме денеска, токму на овој прекрасен ден да им покажеме на граѓаните дека изградбата на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ е реална. За него зборувале многу пред нас, отпочнат е пред 20 години и токму причината, да после отпочнувањето на изградбата на соборниот храм не ги вклучиме веднаш граѓаните беше токму таа, да видат сите дека ова е сериозна работа и дека се гради храмот” – истакна градоначалникот на Струмица, Зоран Заев на денешниот прес со кој го најави почетокот на кампањата.

На сметката на храмот која е направена на Велигден оваа година и која стартуваше со 34.518 денари, до сега од страна на 21 граѓани уплатено е вкупно 423.675 денари, исто така донирале и 10 фирми, заедно 1 милион и 667 илјади денари. Истовремено во материјали донираа седуммина граѓани и 6 фирми ВКУПНО 34 милиони и 440 илјади денари.

 

 

 

 

Коловозната лента од булеварот ,,Ленинова“ се проширува

Денеска почна проширувањето од десната страна на  коловозната лента на булеварот „Ленинова“. Со ова проширување ќе се олеснат свртувањата за десно управување на возилата и заедно со проширувањето што се изврши на истиот булевар пред ученичкиот дом „Димитар Влахов“ значително ќе се растовари сообраќајот на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Ленинова“. Новото проширување е во должина од 30 метри или 100 метри квадратни. Тоа е е дел од реконструкцијата на булеварот „Ленинова“ кој сега се подготвува за поставување на втор слој асфалт.

 

 

Реакција од ОО Сдсм – Струмица по повод мирниот протест

По повод мирниот протест на група граѓани пред просториите на ОО Сдсм – Струмица, со реакција од Панче Орцев, пратеник од редовите на СДСМ:

,,Би им препорачал на овие така наречени земјоделци кои што по налог на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ беа овде, да одат да го изразат својот протест пред штабот на ВМРО – ДПМНЕ, или уште подобро пред куќата на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Силвана Бонева, бидејќи Силвана Бонева заедно со 16 други пратеници беше надвор од салата во моментот кога се гласаше овој важен закон за земјоделците, Закон на земјоделство и рурален развој”.

Според Панче Орцев, пратеничката група на СДСМ го поддржа овој закон, со одредени амандмани да ја подобрат транспарентноста на трошењето на пари за да можат сите граѓани да знаат како и каде се трошат парите.

Повеќе околу тоа во изјавата на Панче Орцев.

 

 

Мирен протест пред ОО Сдсм – Струмица

Денеска пред Општинската организација на СДСМ од Струмица се собра помала група на граѓани – земјоделци со цел да го искажат своето незадоволство преку мирен протест. Собрани со транспаренти на кои го искажуваат незадоволството спрема оваа политичка партија.

,,Нашето главно незадоволство е неприфаќањето на измените во Законот за земјоделска дејност во делот субенционирањето од страна на пратеничката група на СДСМ” – истакна Томе Михаилов, претставник на оваа група граѓани.

,,Го одржуваме мирот, за да ја зачуваме иднината”

Меѓународниот ден на мирот се одбележи и во Струмица пред Споменикот на бранителите на Р.М. По химната на Репбулика Македонија и една минута молитва точно во 12 часот ученичката од СОУ”Јане Сандански”, Мануела Маневска ја прочита пораката на генералниот секретар на ООН: ,,Природните ресурси морат да бидат искористени како бенефит на општеството, а не за финансирање на војни. Децата треба да бидат во училиште, а не регрутирани во армија. Националните буџети треба да се фокусират во градење на човечки ресурси, а не на смртоносни оружја. По повод Меѓународниот ден на мирот ѓи повикувам борците во целиот свет да пронајдат мирни решенија за нивните конфликти” – порачува Бан Ки Мун. На собраните луѓе им се обрати и градоначалникот Зоран Заев со пригодни зборови за Денот на мирот.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.273349242781661.63569.261733853943200&type=1

Capture