Претставничката на американската невладина организација ,,Young life’’ од Бугарија, Албена Крушева, денеска го посети основното училиште ,,Сандо Масев’’ како една од можните локации за изградба на детско игралиште.
,,Целта на нашата организација е да избереме простор помеѓу неколку градинки и училишта и тука да направиме игралиште за деца на возраст од 7-9 години, кое би имало справи за играње, клупи и столчиња за пикник, сето тоа направено од дрвен материјал. Училиштето ,,Сандо Масев’’ е една од подобрите локации бидејќи е во центарот на градот и би било на располагање на многу други градинки и училишта кои се во близина, а тоа е и еден од нашите услови за да може игралиштето да биде користено од што повеќе деца’’, изјави Албена.
Невладината организација “Young life“, исто така планира проект познат како Меѓународен пролетен распуст на кој учениците од средните училишта од Западна Еропа посетуваат помалку развиени земји и им помагаат во средување на училиштниот простор. Следната година во април, тие ќе бидат гости на Струмица.
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.270907259692526.62741.261733853943200&type=1