Category: Струмица

Есенско чистење во населеното место Просениково

Во населеното место Просениково денеска почна големо есенско чистење. На повеќе локации, екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги собираат разновидниот отпад и наносите од песок и чакал. Од „Комуналец“ велат дека се ангажирани поголем број луѓе и механизација за да може да ги реализираат планираните активности за комплетно чистење на ова населено место. Есенското чистење е редовна акција на јавното претпријатие која годинава почна во населеното место Куклиш, а ќе се реализира во сите населени места во општина Струмица.

Временска прогноза за вторник, 18 септември

 

Временска прогноза за вторник, 18 септември.

Времето денес ведро со повремено сонце. Можност за врнежи при крајот на денот.

Максимална дневна температура од 28 степени.

 

Комуналец ги отстранува наносите по улиците од поројните дождови

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска во акција за расчистување на градот од наносите од кал и песок што ги предизвикаа поројните дождови што викендот го зафатија регионот. Со луѓе и механизација се работеше на неколку локации, но најмногу во понискиот дел на градот и тоа на улиците „Браќа Минкови“, „Максим Горки“, „Младинска“, како и во околината на средното општинско училиште „Никола Карев“. И викендот беше работен за комуналните работници, тие интервенираа на најкритичните места во градот и спречија последици од поголеми размери. Освен во отстранувањето на наносите од улиците, екипи на „Комуналец“ денеска работеа и на средување на цветните алеи на булеварот „Маршал Тито“ и на санирањето на остатоците од поставувањето на новото осветлување на булеварот „Гоце Делчев“.

Интервенции на територијалната професионална противожарна едицина од Струмица

 

Според неделниот извештај од ТППЕ – Струмица,

во изминатата недела територијалната професионална противожарна едицина од Струмица имаше вкупно 9 интервенции од кои 4 гаснења на опожарена кука, запален отпаден материјал, запалена кровна конструкција од куќа и запалени кабли.

Покрај пожарите, ТППЕ од Струмица имаше и технички интервенции поради обилните дождови како црпење вода од поплавен двор и миење на коловози од наноси на кал и чакал.

Временска прогноза за понеделник, 17 септември

 

Временска прогноза за понеделник, 17 септември

Времето денес умерено облачно со дожд. Максимална дневна температура до 23 степен.

Пандев – Креаторот на победата на Наполи над Парма

 

Струмичкиот интернационалец Горан Пандев денеска на одиграниот меч помеѓу Наполи и Парма беше креаторот на победата на Наполи.  Најпрво, уште во втората минута над него е направен пенал, кој го реализираше Кавани, стрелец е на вториот гол и асистираше за третиот за конечна победа од 3:1.

Уште еднаш се покажа дека тој е Гранде Пандев.

Да погледнеме како изгледаше сето тоа…

 

http://www.youtube.com/watch?v=GRCvDhdYc9c

 

Интегрална јога во Струмица

 

Јога-секција Струмица започнува со нови уписи за почетните и редовните курсевите по интегрална јога.

Часовите ќе се одржуваат во новиот простор на ул. „Ленинова“ бр. 20 (позади Општинскиот суд). Тие почнуваат во среда, на 19 септември. Новата почетна група почнува во 19.00ч, а часовите ќе се одржуваат во среда и петок.

Интегралната јога според системот на учителот Павлос К. Хасанагас го опфаќа човекот во целина – неговиот телесен, психоментален и енергетски аспект.

Придобивките од овој курс се подобрено здравје и виталност, зголемени ментални способности и психичка стабилност, унапредување на квалитетот на целокупното живеење.

Практичниот дел од курсот се состои од подготвителни техники (вјајама), телесни позиции (асани), дишни техники (пранајама), психоментални техники и релаксација

Покрај практилниот дел ќе има и теоретски надополнувања од областа на јогиската филозофија и култура и тоа: исхраната од аспект на јога, практикувањето јога и хигиената, организирање на личната јогиска пракса, јогата и секојдневното живеење

Повеќе информации на   Интегрална Јога – Струмица

Концерт на македонската филхармонија во Струмица

 

Македонската филхармонија  утре, понеделник 17  септември, ќе одржи концерт во НУЦК ,,Антон Панов“ со почеток во 20 часот. Цената на влезницата изнесува 100 денари.

Претставена Детската академија Brainobrain во Струмица

Вчера во Струмица се одржи промоција на Детската академија Brainobrain која работи со унапредување на способностите и вештините кај децата на возраст од 4 до 14 години.

На презентацијата на родителите им беше презентирано како нивните деца можат преку забава и релаксација да научат некои трајни вештини кои ќе им останат до крајот на животот, како што се концентрацијата, лесната комуникација, самодовербата…

Brainobrain потекнува од Индија, а во Македонија е воведена пред три години и досега се едуцирани 250 деца.

Со работа во Струмица, Детската академија ќе започне во октомври, а предавачите од Струмица ќе бидат професорката по географија Македонка Ѓоргиева и Јулија Џидалова, дипломиран социолог.

Академијата се состои од 10 нивоа, а секое ниво трае од 3-4 месеци, додека месечната чланарина изнесува околу 2000 денари.

 

Галерија

Временска прогноза за недела, 16 септември

 

Времето денеска облачно со повремени врнежи . Максимална дневна температура до 21 степен.