Category: Струмица

„Актвистичка бура во Струмица’’

Синоќа Струмица стана домаќин на глобалното светско движење кое ќе трае до 29-ти септември. Во склоп на тоа, вчера во Градскиот парк се одржа ,,Активистичка бура во Струмица’’ на која учесниците цртаа и правеа дрвени транспаренти.

 

Утре етно ден во Габрово

Утре во Габрово со почеток во 11 часот ќе се одбележи уште еден ,,Етно ден на младите фармери’’.

,,Етно ден на младите фармери’’ е средба на млади фармери, а целта на манифестацијата е развивање и промовирање на македонската традиција за заживување и унапредување на руралниот развој, негување на традиционалните обичаи, враќање на младите во руралните средини, заживување на традиционалното, создавање на нови брендови и развој на руралниот туризам.

 

 

 

Програма за втор ден ,,Еден ден мир’’, 22 септември

Струмица од 21-ви до 29-ти септември е домаќин на глобалното светско движење ,,Еден ден мир’’. Во рамките на тоа, ја претставуваме денешната програма:

  • Поставување на транспарентите 14:00 – 15:00 Градски парк и Св. Илија
  • Цртање (фломастери, маркери, графички моливи, дрвени боички, колаж) 18:00- 21:00 „У Пабо„
  • Проeкција на филм 19:00- 21:00
  • Изложба 21:30, официјално отварање „У Пабо’’
  • Дј сет: Bojan Hadji (Deep house, progressive house) 18:00 – 21:00 ,,У Пабо’’

Временска прогноза за сабота, 22 септември

 

Временска прогноза за сабота, 22 септември.

 

Денеска во Струмица ќе биде топол и сончев ден со малку повисока температура до 24 степени.

Започна кампања за собирање донации за изградба на Соборниот храм

Денес започна кампањата за донирање во изградбата на Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“. Поточно, од 1-ви октомври секое семејство и фирма со сметката за вода ќе добие и уплатница преку која ќе може да уплати парични средства во износ по желба и на тој начин да помогне во изградба на овој голем храм.

“Сакавме денеска, токму на овој прекрасен ден да им покажеме на граѓаните дека изградбата на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ е реална. За него зборувале многу пред нас, отпочнат е пред 20 години и токму причината, да после отпочнувањето на изградбата на соборниот храм не ги вклучиме веднаш граѓаните беше токму таа, да видат сите дека ова е сериозна работа и дека се гради храмот” – истакна градоначалникот на Струмица, Зоран Заев на денешниот прес со кој го најави почетокот на кампањата.

На сметката на храмот која е направена на Велигден оваа година и која стартуваше со 34.518 денари, до сега од страна на 21 граѓани уплатено е вкупно 423.675 денари, исто така донирале и 10 фирми, заедно 1 милион и 667 илјади денари. Истовремено во материјали донираа седуммина граѓани и 6 фирми ВКУПНО 34 милиони и 440 илјади денари.

 

 

 

 

Коловозната лента од булеварот ,,Ленинова“ се проширува

Денеска почна проширувањето од десната страна на  коловозната лента на булеварот „Ленинова“. Со ова проширување ќе се олеснат свртувањата за десно управување на возилата и заедно со проширувањето што се изврши на истиот булевар пред ученичкиот дом „Димитар Влахов“ значително ќе се растовари сообраќајот на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Ленинова“. Новото проширување е во должина од 30 метри или 100 метри квадратни. Тоа е е дел од реконструкцијата на булеварот „Ленинова“ кој сега се подготвува за поставување на втор слој асфалт.

 

 

Реакција од ОО Сдсм – Струмица по повод мирниот протест

По повод мирниот протест на група граѓани пред просториите на ОО Сдсм – Струмица, со реакција од Панче Орцев, пратеник од редовите на СДСМ:

,,Би им препорачал на овие така наречени земјоделци кои што по налог на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ беа овде, да одат да го изразат својот протест пред штабот на ВМРО – ДПМНЕ, или уште подобро пред куќата на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Силвана Бонева, бидејќи Силвана Бонева заедно со 16 други пратеници беше надвор од салата во моментот кога се гласаше овој важен закон за земјоделците, Закон на земјоделство и рурален развој”.

Според Панче Орцев, пратеничката група на СДСМ го поддржа овој закон, со одредени амандмани да ја подобрат транспарентноста на трошењето на пари за да можат сите граѓани да знаат како и каде се трошат парите.

Повеќе околу тоа во изјавата на Панче Орцев.

 

 

,,Го одржуваме мирот, за да ја зачуваме иднината”

Меѓународниот ден на мирот се одбележи и во Струмица пред Споменикот на бранителите на Р.М. По химната на Репбулика Македонија и една минута молитва точно во 12 часот ученичката од СОУ”Јане Сандански”, Мануела Маневска ја прочита пораката на генералниот секретар на ООН: ,,Природните ресурси морат да бидат искористени како бенефит на општеството, а не за финансирање на војни. Децата треба да бидат во училиште, а не регрутирани во армија. Националните буџети треба да се фокусират во градење на човечки ресурси, а не на смртоносни оружја. По повод Меѓународниот ден на мирот ѓи повикувам борците во целиот свет да пронајдат мирни решенија за нивните конфликти” – порачува Бан Ки Мун. На собраните луѓе им се обрати и градоначалникот Зоран Заев со пригодни зборови за Денот на мирот.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.273349242781661.63569.261733853943200&type=1

Интервју со струмичките “Ајдуци’’ – Ние не сме хулигани!

Навивачкиот клуб ,,Ајдуци’ во Струмица постои веќе 24 години од 1988 година, а во регистарот како официјален клуб со име е влезен во 1989 година.

Колку членови има клубот и каква е старостната структура?

АЈДУЦИ: Ние немаме стандардно членство, тоа варира во зависност од развиеноста на самиот спорт. Кога Кошаркарскиот клуб Струмица во 2005 беше на врвот, имавме 400 членови, но кога тој се распадна, со него се намали и бројот на навивачите. Што се однесува на старостната структура, таа е различна, имаме и млади и стари навивачи.

Дали одите на натпревари само во Македонија или и во странство?

АЈДУЦИ: До сега немаме патувано во странство, освен на кошаркарското првенство во Литванија. Дваесетмина од нас отпатуваа благодарејќи на градоначалникот Зоран Заев кој ги финансираше сите трошоци.

Како ги финансирате вашите патувања на натпреварите?

АЈДУЦИ: Се снаоѓаме на различни начини. Некогаш ни помагаат спонзори, некогаш сами си ги плаќаме трошоците, но секогаш се трудиме да одиме на големите и значајните натпревари.

Дали сте пријатели со некои други навивчки клубови, имате ли ривали?

АЈДУЦИ: Ние сме збратимени со навивачкиот клуб ,,Кумани’’ од Куманово. Сега немаме ривали бидејќи спортот не е толку развиен, но кога Кошаркарскиот клуб Струмица се воздигнуваше, нашиот најголем ривал беше навивачкиот клуб ,,Лозари ’’ од Кавадарци.

Кој важен настан според вас, ја одбележи историјата на вашиот клуб?

АЈДУЦИ: Тоа беше во 2000 година кога на натпреварот помеѓу Работнички – Беласица во Скопје заминаа 11 автобуси со наши навивачи.

Дали имате проблеми за време на навивањето на натпреварувањата?

АЈДУЦИ: Сега немаме. Генерално постои проблем бидејќи многу луѓе имаат општо мислење за навивачите како агресивци, како хулигани. Ние не сме тоа. Ние не сме хулигани. Нашата цел е да го промениме таквото размислување, да не не ставаат во ист ранг со проблематичните групи. Ние сакаме на убав начин да навиваме за нашите клубови, да им помогнеме да победуваат на натпреварувањата, да немаме инциденти.

Имавте проблем со РК Струмица во врска со бојата на дресовите, дали е решен тој проблем?

АЈДУЦИ: Сите клубови за кои навиваме имаат дресови со сина боја, а РК Струмица поради договор со спонзорот направи црвени дресови, и ние не сакавме да ја менуваме нашата боја и поради тоа дојде до конфликт на мислења. Сега постигнавме компромис и нашите дресови ќе бидат тегет, додека црвените дресови ќе ги носиме на гостувањата во некои други градови.

Дали сеуште имате проблем со претседателот на ФК ,,Беласица’’?

АЈДУЦИ: Да, ние го бојкотираме тој фудбалски клуб бидејќи немаме добри односи со претседателот на клубот. Откако дојде тој на чело на клубот во 2006 година ,,Беласица“ само назадуваше. Во почетокот имаше проблем со платите на фудбалерите, со вложувањето во клубот… Пробавме на различни начини да го решиме тоа, но не ни успеа. Тој сеуште е на чело на клубот, а ,,Беласица’’ како еден од најстарите фудбалски тимови сега е во трета лига и падна на ниво да игра со клубови кои немаат свои навивачи, ни своја историја.

Како го оценувате спортот во Струмица и позицијата на навивачите на струмичката сцена?

АЈДУЦИ: Спортот не е како што порано беше, не е толку развиен. Бројот на навивачите опадна во 2006 после распадот на Кошаркарскиот клуб и со промената на раководството во ФК ,,Беласица’’. Ни имаме желба нашиот број да се зголеми и затоа овие денови ќе примаме нови членови на кои ќе им издадеме членски книшки кои со нивна помош ќе им е озвоможен бесплатен колективен влез на натпреварите на Ракометниот и Кошаркарскиот клуб Струмица, за кои сега навиваме. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани да се придружат на нашиот клуб!

 

Имате и нови простории?

АЈДУЦИ: Да, за тоа се заблагодаруваме на Ракометниот клуб – Струмица кој ни овозможи да добиеме свои простории, маици, шалови, итн. Се заблагодаруваме и на Кошаркарскиот клуб – Струмица со чие раководство имаме добар однос и на градоначалникот Зоран Заев кој секогаш не поддржуваше и ни овозможи да бидеме дел од кошаркарското првенство во Литванија.

M.И.

 

ЖФК Истатов со 5 репрезентативки

 

Виолетче Јанчева- Чест е да се носи националниот дрес

Виолетче Јанчева- Чест е да се носи националниот дрес

Женскиот фудбалски клуб ИСТАТОВ ќе има најмногу претставници во женската фудбалска Репрезентација на Македонија под 17 години.

Од 29 Септември до 03 Октомври во Струмица и Турново ќе се одиграат натпреварите од група 5 во која покрај Македонија се и селекциите на Данска, Шкотска и Србија.
Селекторот Тоше Нацев за овие квалификации ги повика следните членови на ЖФК ИСТАТОВ: Михаела Пеева, Виолетче Јанчева, Ангела Пеева, Викторија Ристевска и Марија Митевска

Сестрите Пееви и Јанчева досега имаат 5 настапи, Ристевска 2, додека за прв пат ќе настапи голманот Марија Митевска.

Распоред на натпреварите на Македонија (почеток 15:30)

  • Македонија – Данска 29.09.2012 Стадион „Младост“ – Струмица
  • Македонија – Шкотска 01.10.2012 Стадион „Кукуш“ – Турново
  • Македонија – Србија 03.10.2012 Стадион „Кукуш“ – Турново