Category: Струмица

Временска прогноза за недела, 23 декември

Денес во Струмица умерено облачно, без врнежи. Максимална дневна температура до 5 °C

 

Тон и пол храна за загрозените семејства во Струмица

Банка за храна на Македонија денеска додели пакети со храна на Организацијата на жени од Струмица наменети за сиромашните граѓани и жртви на семејно насилство од Струмица. Душко Христов, претседател на Банката, во рамките на презентирањето на две години од основувањето на Банка за храна на Р.М. додели и благодарници на градоначалникот Зоран Заев и претставниците од бизнис секторот кои беа вклучени во хуманитарната активност. Банка за храна во текот на 2012 година, собра околу 3.5 тони намирници кои се поделени на 50 семејства , а денеска во Струмица беа донирани 1.5 тон намирници кои ќе бидат доделени на Шелтер Центар за жени и на неколку семејства кои се социјално загрозени.

 

 

 

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.308680702581848.73260.261733853943200&type=1

Новогодишниот- божиќен концерт во Струмица ќе биде посветен на Тоше Проески

Хорот на СОУ „Јане Сандански„ ќе одржи хуманитарен новогодишно- божиќен концерт под насловот „Музика и хуманост без граници’’ во НУЦК „Антон Панов’’ на 4 јануари, со почеток во 18:00. Повеќе за тоа ќе каже Гонце Ѓоргиева од струмичка гимназија и Петар Божинов од Младински совет од Струмица…

 

 

 

 

 

Новогодишна акција „Играта продолжува…’’

Синоќа под новогодишната елка, на струмичкиот плоштад, весели принцези и штрумфови ѓи дочекуваа струмичани кои се одзваа на хуманитарната акција „Играта продолжува…“, и ги поклонија своите играчки на деца кои ќе им значат многу како подарок. Акцијата засега има добиено голем одзив на граѓани, а се очекуваат уште подобри резултати во наредните три дена до кога и оваа акција ќе трае. „Играта продолжува…“ е организирана од страна на Македонската платформа против сиромаштија и ЗГ „Продолжен живот’’ во соработка со Општина Струмица и струмичките училишта, а Струмица е еден од трите градови во Македонија во кои истата се спроведува.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.308385789278006.73195.261733853943200&type=1

Во Струмица отворена изложба посветена на Мајка Тереза

Струмица е првиот град во Македонија во кој синоќе се отвори изложбата посветена на животот и делото на Мајка Тереза под насловот “Мајка Тереза, вечниот ангел на милосрдието“. Причината за тоа е првата државна награда која во 2006 године ја доби примариус доктор Коте Тасевски од Струмица. На изложбата беа представени вкупно 90 дела и поделени во три групи. Првиот дел го сочинува поставката на Спомен куќата на Мајка Тереза и се однесува на нејзиното детство и младост, вториот дел го сочинуваат фотографиите на хрватскиот фотограф Звонимир Атлантиќ, и третиот дел го сочинуваат фотографиите на еден ватикански весник.

 

 

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.308374005945851.73192.261733853943200&type=1

Временска прогноза за сабота, 22 декември

Времето денеска во Струмица променливо облачно со максимална дневна температура до 5-от степен. Без врнежи.

Се асфалтираат улиците во Муртино

Со подобрувањето на временските услови, продолжи асфалтирањето на улиците во населеното место Муртино. Ќе се  асфалтираат единаесет улици со вкупна површина од околу шест илјади метри квадратни.

Со овој градежен зафат, значително се подобруваат условите за живот на жителите  во ова населено место. Откако ќе заврши асфалтирањето во Муртино, градежните активности ќе продолжат во населеното место Габрово каде со асфалт ќе се покријат две улици.

 

Денот на наставата на турски јазик одбележан и во Струмица

По повод Денот на наставата на турски јазик, денеска во просториите на домот на АРМ претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски и советниците, како и претставници на одделението за образование при општина Струмица, остварија средба со ученици и наставници од мешан етнички состав од основните училишта во кои се изведува настава на турски наставен јазик за учениците од одделенската настава.

 

„Секој може да биде Дедo Мраз’’- акција во “Никола Карев’’

Во средба со новогодишните празници, членовите на Младинскиот совет при СОУ „Никола Карев’’ организираа хуманитарна акција „Секој може да биде Дедо Мраз’’. Учениците и професорите од оваа средно училиште донираа облека и играчки кои ќе бидат донирани во добротворни цели. „Целта на ова хуманитарна акција беше да ја разбудиме свеста за донирање и да помогнеме на децата, истовремено да ги израдуваме подарувајќи им еден скромен поклон’’-изјави Христо Ангелов, ученик во „Никола Карев’’ и член на Младински совет. Акцијата за собирање облека и играчки за деца ке продолжи и во текот на утрешниот ден.

 

 

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.308204289296156.73153.261733853943200&type=1

Временска прогноза за петок, 21 декември

Времето денеска во Струмица сончево со повремени заоблачувања. Без врнежи. Максимална дневна температура до 7 степен.