Category: Струмица

Подаруваш насмевка, добиваш колач, чај и порака | www.StrumicaCity.com |

Учениците од СОУ ,,Јане Сандански” кои се и членови од Младинскиот совет на општина Струмица, денеска организираа една интересна акција за струмичани – ,,Плати со насмевка”. Секој минувач покрај поставениот штанд доби колач, чај или порака, а за возврат ,,плаќаше со насмевка”. Денешната акција е првата од три планирани под оваа мото. Следната ќе се одржи при крајот на годината ,третата во почетокот на 2013 година, а како што кажуваат организаторите, имаат во план правење на разни ракотворби кои ќе се делат на граѓаните во замена за насмевка.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.297577303692188.70384.261733853943200&type=1

Бидите хумани, донирајте алишта денес на градскиот полоштад

Денес на плоштадот Гоце Делчев во периодот од 11 до 16ч ќе биде организирана хуманитарна акција во организација на Стритс Фестивал под мотото “Донирај облека, подари топлина!““
Собраните алишта од облека, јоргани, ќебиња, чевли… сето оно што денес ќе биде собрано за социјалното загрозени луѓе ќе биде однесено во Црвен Крст, СОС Детско Село, Дом за деца без родители “11 Октомври”.
Стритс Фестивал е здружение на граѓани волонтери, не се поддржани/финансирани од некој проект, туку се чист активизам и желба да се поттикнат луѓето на хуманост.

 

Ајдуците во хуманитарна акција

По повод хуманитарната акција на навивачката група „Војводи’’ од Тетово, која се покрена пред неколку дена за собирање на помош на финансиски и социјално загрозените семејства од Тетово и околината, навивачка група „Адуци“ од Струмица реши да се приклучи кон оваа акција.
„Секаква помош би им била добредојдена. Додека некои луге се борат за фотељи, пари и моќ, а други Македонците од Тетово и околината ги третираат како грагани од втор ред , ние сме загрижени за ваквата ситуација па решивме да ја покажеме нашата хуманост и македонска свест на дело.  Во наредните неколку денови секој од вас кои што имаат облека што не ја користат , вишок на прехрамбени продукти, односно се што може да биде од корист во секојдневниот живот на лугето нека ги оддели на страна, ги спакува уредно и чисто и нека ги донесе во просториите на Н.Г. ’’ – кажуваат од струмичкиот навивачки клуб.
Хуманитарна акција започнува од утре и ќе трае до вторник, 27 ноември, во временски период од 17:00 до 20:00 часот.
Сите донирани средства ке бидат спроведени до Н.Г. Војводи од Тетово каде што подоцна ке бидат доставени до социјално загрозените семејства.
Лице за контат: Димитар Стефанов
Телефон: 078/ 412-500

 

Нападната Шумската полиција во реонот на Хамзали

Според доставените информации од СВР – Струмица вчера околу  14,00 часот  при заедничка контрола  на шумска полиција и полиција во реонот на Хамзали  по претходно известување дека кај м.в. Рудникот се сече незаконита дабова шума  од страна на непознати лица,  излезено е на лице место  со две моторни возила  на шумска полиција каде  кај  место викано „ Дрвошка Раскрсница“  атар на с.Хамзали, уредно со  Стоп палка  било  дадено  знак за запирање на ПМВ кое  било натоварено со огревни дрва. Возилото  на дадениот знак не застанало и со голема  брзина  заминало во правец на с. Дабиле продолжувајќи према Босилово и с.Старо Балдовци. По превземени мерки од страна на  службените лица истите биле нападнати   а службеното возило било  оштетено  од страна  на повеќе  лица  кои во рацете  држеле  секири а истовремено биле упатувани заканувачки зборови по животот и телото на службените лица. По упатување на заканите шумските полицајци  со два предупредувачки куршуми испукале во воздух. Веднаш потоа лицата се повлекле а откако ги растовариле украдените дрва околу 1 метар кубен влегле во возилото и се дале во бегство.

На лице место  излезена е  увидна екипа при  СВР Струмица и откако  едно од  лицата   Ф.С (21) од с.Старо Балдовци   посочено  како  извршител на кривичното дело  од страна на  УПС бил внесен во  службеното возило од страна на  толпата луѓе  патот бил блокиран пред  службеното возило а од НН лице задната  врата била отворена и Ф.С  побегнал во непознат правец. При обезбедување на  Ф.С  од страна на НН лице од толпата бил нападнат  УПС .Во  нападот  двајца  шумски  полицајци  се здобиле со  ТП.

СВР-Струмица работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

 

Временска прогноза за сабота, 24 ноември

Времето денес сончево со дневна температура до 15 степен. Без врнежи.

Вечера на смеата во „Антон Панов’’

Синоќа се одржa Втората вечер на афоризмот во НУЦК „Антон Пано” на која родокрајните афористичари, но и гости од другите градови ги насмејаа струмичани со своите оригинални размислувања.

 

 

Еве неколку одбрани афоризми од синоќешниот настан…

*Единствено кога се бира брачен другар, не се бара да има „работно искуство’’

*Кога сте стар се нешто ве боли, а кога сте млад – баш ве боли

Костадин Устапетров

 

*Работничка плата е тенка како танга. Ги покрива само најважните работи

* Жената е како книга од стручна литература. Лесно ќе ја прочиташ, ама тешко ќе ја разбереш

Ацо Ѓоргиев

 

*За да ја сфати ситуацијата во нашето здравство, треба да поставиме- болен министер

* Додека Европа е се по незадоволна, Грција се самозадоволува

Ристо Филчевски

 

*Од голата истина најмногу се плашат и срамат оние коишто постојано ја облекуваат

*Како очекувате огледалото да биде верен одраз на вашиот лик кога сте го изневериле сопствениот карактер?!

Ѓорги П. Панов

 

*На прав пат сме! Научивме да фаќаме кривини

*Некои се соединуваат поради хемија, а други се земаат поради математика

Јане Атанасов

 

Се бетонираат последните земјени улици во Попчево

Одењето во кал до колена по селските сокаци е веќе минато за населеното место Попчево во општина Струмица. Таму се бетонираат и асфалтираат последните  земјени улици. Солзи радосници денеска потекоа од очите на осумдесетгодишниот жител Ѓорѓи Ташев. Не можеше да ја скрие радоста што неговите нозе нема повеќе да газат  во кал, туку по асфалт.- За мене ова е многу среќен и радосен ден. Многу долго го чекав ова, многу долго и се радувам што  доживеав да не газам веќе во кал  и многу му благодарам на градоначалникот, изјави Ташев.Тој и неговите соседи добија бетонирана улица во должина од 260 метри, а се бетонира уште една во должина од 300 метри.

Од одделението за комунални дејности при општина Струмица најавија дека во тек се подготовките за поставување  бетон и асфалт на уште две улици во вкупна должина од 500 метри. Попчево е меѓу 15-те населени места каде оваа есен интензивно течат градежните активности на локалната власт, а со цел да им обезбеди подобри услови на жителите и да ги претвори во пристојни места за живеење.

Идната година на 16 март главната карневалска вечер

Во Струмица почнуваат подготовките за карневалот во   2013 година. Попладнево работен состанок одржаа членовите на одборот за организација на струмичкиот карневал. Според информациите што ги добивме од таму, главната карневалска вечер ќе се одржи на 16 март 2013 година, а детскиот карневал наредниот ден, на 17 март. Од одборот изјавија дека навремените подготовки значат добра организација која на домаќините и бројните гости ќе им овозможи уште едно прекрасно издание на традиционалниот струмички карневал.

Одржана трибина во организација на Младински совет

Младинскиот совет во соработка со ФОН Универзитет вчера одржа јавна трибина на тема „Електронска трговија и партиципативно учество на граѓаните во локалната единица“.
Гости предавачи на трибината беа проф. д-р Игор Камбовски специјалист од областа на електронската трговија и електронските договори и проф. д-р Александра Србиновска-Дончевски, специјалист од областа на локалната самоуправа и граѓанската партиципација.
Проф. д-р Игор Камбовски зборуваше пред струмичани за електронското работење, за неговите предности, но и опасностите кои ги има на Интернет, како кражба на личните податоци и небезбедноста на банкарските сметки, додека Александра Србиновска-Дончевски ги запозна присутните со нивното учество во локалната самоуправа, како и законските форми кои ја овозможуваат таа партиципација.

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.296924607090791.70220.261733853943200&type=1

Во вторник ќе заседава Советот на општина Струмица

Во вторник, 27 ноември со почеток во 13:00 часот во Домот на АРМ ќе се одржи шеесет и третата седница на Советот на општина Струмица.

Советниците ќе разгледуваат вкупно 19 точки кои се на дневниот ред  меѓу кои:

1. Предлог-Програма  за дополнување на Програмата за работа  во областа на располагањето со градежно земјиште  во сопственост  на Репубика Мaкeдонија  на подрачјето на општина Струмица за 2012 година;
2. Предлог – Програма за  измена  и дополнување на  Годишната  програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето  на  општина Струмица за 2012 година;
3. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички план за дел од село Куклиш, дел од блок 4  измена и дополнување за  КП бр. 4455/1 КО Куклиш;

4. Предлог- Одлука за измена на Одлуката за  набавка и отуѓување на патнички моторни возила;
5. Предлог – Одлука  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 2096 КО Струмица;
6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 2286 КО Куклиш;
7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 2964 КО Банско;
8. Предлог – Одлука  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 770 КО Банско;
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 6512/54 и дел од 6514/1 КО Струмица;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 2693 КО Банско;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 7653/4 КО Струмица;
12. Предлог – Одлука  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 4491 КО Куклиш
13. Предлог – Одлука  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 864 иии 6301 КО Струмица,
14. Предлог – Одлука  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 2159 и 6322/1 КО Струмица;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7751 КО Струмица
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 2096 КО Струмица
17. Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови  од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 6562/1, 6562/2 и 6568 КО Струмица;
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 7302 КО Струмица; и
19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за услогласување  на намената на градежно земјиште за КП бр. 1075 КО Сачево.