Category: Струмица

Марко Алчевски стави потпис на својот прв професионален договор со Академија Пандев

Марко Алчевски денеска стави потпис на својот прв професионален договор со прволигашот Академија Пандев. Марко на 15 годишна возраст се приклучи на младинските категории на Академија Пандев, а веќе на 17 години го потпишува и својот професионален договор. Алчевски веќе има и неколку настапи за сениорскиот тим, а по оперативниот зафат на лигаментите на коленото, повреда заработена на реванш натпреварот против Зрињски, овој договор ќе му биде уште поголема мотивација за брзо враќање помеѓу стативите.

Марко Алчевски - Академија Пандев 2

Марко е репрезентативец на Македонија во селекциите У18 и У19. Академија Пандев се гордее со своите младински школи и иднината на сениорскиот тим ја гледа токму во фудбалерите произлезени од нив.

Струмичанецот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Холандија

Повеќе →

Струмичката полиција открила 36 имигранти помеѓу селата Куклиш и Свидовица

На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија). Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Повеќе →

Дејан Илиев претставен во полската екипа Јагјелонија

Македонскиот голман Дејан Илиев официјално го облече дресот на Јагјелонија и во наредната полусезона ќе ги брани боите на полскиот клуб. 24-годишниот голман од Струмица, е член на Арсенал, но премиерлигашот го испрати на позајмина со цел тој да има поголема минутажа. Изминатата полусезона Илиев бранеше за Серед од Словачка, а оваа за него ќе биде трет клуб во кариерата.

Дејан Илиев - Јагјелонија

Струмичанецот е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија каде селектор е Игор Ангеловски.

Зоран Балдовалиев потпиша за второлигашот Тиквеш од Кавадарци

Второлигашот Тиквеш од Кавадарци го претстави своето второто засилување и најавија пролетна офанзица кон Првата лига. Откако го обезбедија Ристе Илијовски, во Кавадарци пристигнува и Зоран Балдовалиев.

Зоран Балдовалиев - Беласица - Тиквеш

Тој игра на позицијата напаѓач, а во богатата кариера настапувал во голем број на клубови. Балдовалиев пристигна во Тиквеш од редовите на Ѓоучас од Грција, а настапувал и за Беласица, Турново, Ветспилс, Локомотив Плодвив и Софија, Академија Пандев и клубови од Грција, Швајцарија и кратко Саудиска Арабија. Тој имаше и епизодна улога во најдобрата репрезентација, каде што запиша 11 настапи и постигна два голови.

Од 36-годишникот се очекува да донесе искуство во самиот тим и да му обезбеди место во Првата лига. Тиквеш во моментот е на четвртата позиција во Втората лига – Исток со мала негатива во однос на Беласица, Брегалница и Кит Го од Пехчево.

Беласица ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ – Исток

На 10 јануари 2020 година беше извршена прозивката, со што официјално Беласица ги започна подготовките за пролетниот дел од оваа сезона. На првиот тренинг се извршија потребните тестирања со кои се утврди физичката состојба на секој фудбалер. Изминативе 3 седмици фудбалерите на Беласица имаа и посебна индивидуална тренинг програма која ја следеа и по која работеа интензивно.

Беласица - подготовки за пролетниот дел од сезоната - 10.01.2020

Беласица пред стартот на полусезоната ќе одигра и неколку контролни натпревари и тоа со ФК Кит Го – Пехчево, ГФК Тиквеш, ФК Пелистер, гостување кај бугарскиот прволигаш ФК Царско Село, а генералката ќе се одигра против екипата на ФК Кожуф.

Дел од подготвителниот период, ФК Беласица ќе го одработи во Дојран, во СЦ Истатов, во периодот од 25 јануари до 2 февруари.

ЖФК Тиверија Струмица ги започна подготовките за вториот дел од сезоната

Првиот тим на ЖФК Тиверија Струмица ги започна подготовките за претстојната полусезона

Првиот дел од подготовките ќе бидат во спортската сала при СОУ „Димитар Влахов“ каде што има одлични услови за тренинзи, а потоа продолжуваме на Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица.

ЖФК Тиверија - подготовки за пролеттен дел од сезоната - 11.01.2020

Следува период во кој ќе има собири на У15, У17, У19 и А Репрезентацијата на Македонија и во одредени периоди екипата нема да биде комплетна.

Веќе е закажан двомеч во Струмица (почеток на февруари) со шампионот на Црна Гора – ЖФК Брезница од Пљевља. Дополнително ќе договориме уште неколку пријателски натпревари, а секако тука е и нашиот Меѓународен турнир Куп на Карневалот Струмица 2020 кој ќе се оддржи од 21-23 Февруари во Струмица.

 

Бојан Најденов е најновото засилување за Академија Пандев

Бојан Најденов е најново засилување за Академија Пандев. Големо засилување за пролетниот дел од сезоната и дополнително искуство во везниот ред. 28-годишниот Најденов доаѓа како слободен играч, а претходно во својата кариера има настапувано за тимовите на Хоризонт Турново, Работнички, Естегал, Љачи.

Бојан Најденов - Академија Пандев

16-годишниот Талаков стави потпис на првиот професионален договор со Академија Пандев

Академија Пандев мисли и на својата иднина. Освен засилувања во сениорскиот тим кои ќе донесат искуство, потпис на првиот професионален договор во кариерата стави и 16-годишниот Мартин Талаков кој е член на пионерската екипа на Академија Пандев и репрезентативец на Македонија У17.

 Мартин Талаков - Академија Пандев

Академија Пандев својата иднина ја гледа во младите категории, а за таа цел во сениорскиот тим се вклучени и фудбалери од кадетско-пионерските екипи кои за неколку години очекуваме да бидат главни носители на играта во сениорите.

Ндуе Мујеци ја засили Академија Пандев

Ндуе Мујеци е ново засилување за прволигашот од Струмица, Академија Пандев. 26-годишниот напаѓач стави потпис на договорот и е второто засилување за тимот во овој трансфер период.

Ндуе Мујеци - Академија Пандев

Ндуе е роден во Скадар – Албанија, а до сега во кариерата има настапувано за екипите на Влазнија, Ада, Пирин Благоевград, Дунав Русе, Сабуртало, Вентспилс.