Category: Струмица

Академија Пандев го победи Шкупи во Чаир во Купот на Македонија

Екипата на Академија Пандев забележа победа во првиот Куп натпревар, откако со гол во 93 минута славеше над Шкупи во Чаир, со 0:1.

Шкупи - Академија Пандев - Куп на Македонија 4-финале - во Чаир 10

Интересен, неизвесен и отворен натпревар за двете екипи, „Пандевци“ имаа многу среќа, најпрво затоа што Душан Чубраковиќ одбрани енал, а потоа одбрани и неколку зицери и одигра одлилен натпревар. Единствениот гол на овој натпревар го постигна Ристе Темелков во 93. минута од натпреварот, кога ја затресе противничката мрежа.

Шкендија во Тетово одигра 1:1 против Работнички, а исто така нерешено одигра и Струга Трим Лум во Струга против Ренова, 0:0. Во Штип се игра последниот Куп натпревар меѓу Брегалница и Лабуништа. Овој натпревар започна во 16:30 часот.

Реваншите од четвртфиналето од Купот на Македонија ќе се играат наредната година, во месец март.

Академија Пандев гостува кај Шкупи во Купот на Македонија

Оваа среда се игра фудбалскиот Куп на Македонија, за кога се закажани првите натпревари од четвртфиналната фаза.

Шкупи - Академија Пандев - 16. коло ПМФЛ - Скопје

Академија Пандев гостува на „Чаир“ каде ќе игра против Шкупи. Главен судија на овој дерби натпревар ќе биде Мечкаровски Димитар од Скопје, негови помошници ќе бидат Василевски Даниел и Видиниќ Дарко од Скопје. За четврт судија на натпреварот одреден е Костенчев Никола од Скопје.

Делегат на натпреварот ќе биде Ангелевски Благојче од Битола, додека контролор Петковски Зоран од Велес.

На Градскиот стадион во Струга, екипата на Струга Трим Лум ќе ја пречека Ренова, овде главен судија ќе биде Гоцевски Марјан од Струмица. Шкендија ќе игра дерби против Работнички во Тетово, главен судија ќе биде Величков Боби од Велес. Последниот натпревар ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип, меѓу Брегалница и Лабуништа. Главен судија на второлигашкото дерби ќе биде Ралевски Благојче од Битола.

Сите натпревари се играа со почеток од 13:00 часот, само натпреварот меѓу Брегалница и Лабуништа ќе се игра со почеток од 16:30 часот.

ЖФК Тиверија запиша победа против ЖФК АС Јунајтед

Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица запишаа нова победа, откако на домашен терен со 2:1 беа подобри од екипата на ЖФК АС Јунајтед од Струга, во натпревар од 12. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија Струмица - фудбалерка

За ЖФК Тиверија оваа е десетта сезонска победа и со 31 бод се наоѓа на второто место на табелата, додека ЖФК АС Јунајтед е четврти со 27 освоени бодови. Во следното коло ЖФК Тиверија ќе гостува кај екипатана ЖФК Речица, екипа која е на осмата позиција на табелата со 16 освоени бодови.

Во однос на табелата, ЖФК Каменица Саса е лидер на табелата со 34 бодови, втора е ЖФК Тиверија со три бода помалку, ЖФК Деспина од Прилеп е трета со 28 бодови, по 27 бодови имаат АС Јунајтед кој е четврти и Шкендија која е петта на табелата, додека актуелниот шампион Драгон има 25 бодови и се наоѓа на шесттото место. На долниот дел од табелата е ЖФК Плачковица од Радовиш која е на последното 14. место и се уште нема освоено бодови, на 13-тото место е ЖФК Љуботен со 3 бодови, а место погоре е ЖФК Атлетико со 6 бодови.

 

РК Астраион загуби од Вардар Неготино

Ракометари на Астраион загубија минимално од Вардар Неготино, со резултат од 28:27 (14:14) во натпревар од 11. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

АРХИВА

АРХИВА

Караиванов Мите и Наков Васил со по пет гола ја предводеа листата на стрелци кај Астраион, додека кај Вардар Неготино најдобар стрелец беше Ташев Ѓорги со 10 голови.

За струмичките ракометари оваа е прв сезонски пораз, додека за Вардар Неготино оваа е петта сезонска победа. Во следното коло Астраион на домашен терен ќе игра со екипата на МРК Куманово.

Академија Пандев падна на третото место во Првата лига

Академија Пандев се сели на третото место на табелата во Првата лига, откако во 17. коло во Струмица загуби убедливо со 0:3 од Вардар. „Вардарци“ со оваа победа и официјално се есенски шампиони.

Академија Пандев - Вардар 17. коло ПМФЛ - Струмица 8

Шкендија со убедливата победа во Тетово против Шкупи од 4:0 се искачи на второто место, односно е на делба на истото, бидејќи има ист број на бодови со Академија Пандев, вкупно 27.

Силекс одигра реми со Работнички и останува на четвртото место на табелата со 24 бодови, додека Работнички е на десеттото место со 15 бодови. Македонија ЃП е петта со 23 бодови, исто толку бодови има и Струга Трим Лум, која е шестта, овие две екипи ремизираа во 17. коло. Шкупи по убедливиот пораз е седми со 22 бодови. Борец од Велес запиша победа над Ренова и се искачи на осмото место со 19 бодови, додека Ренова сега е деветта со 16 бодови, еден повеќе од Работнички.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува во Кратово кај Силекс, Вардар ќе биде домаќин во дерби натпреварот со Шкендија, Шкупи ќе игра дома против Македонија ЃП, Струга ТЛ ќе го пречека Борец, додека Ренова ќе игра прогив Работнички во дерби од дното на табелата.

Академија Пандев убедливо загуби во Струмица од Вардар

Фудбалерите на Академија Пандев денес беа декласирани на домашен терен од Вардар, со резултат од 0:3 во натпревар од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Вардар 17. коло ПМФЛ - Струмица

„Вардарци“ одиграа одличен натпревар и дојдоа до посакуваните три бода, со што сега бодовната разлика ја зголемија на осум. „Пандевци“ сега се трети со 27 бодови, исто колку што има и Шкендија која сега е втора.

Во следното коло, кое воедно е последно за есенскиот дел од сезоната, Академија Пандев ќе патува во Кратово, каде ќе ги одмери силите со Силекс. Фудбалерите на Силекс со 24 бодови, односно три помалку од Академија Пандев се наоѓаат на четвртото место на табелата, и играат во одлична форма.

Работични успеа да извлече бод на домашен терен против Силекс, Борец дојде до посакуваните три бода со минималната победа над Ренова, Шкендија со високи 4:0 го декласираше Шкупи во Тетово, додека Македонија ЃП и Струга Трим Лум ги поделија бодовите, бидејќи одиграа нерешено 1:1.

Во следното коло, Силекс ќе биде домаќин на Академија Пандев, Вардар ќе игра дерби натпревар во Скопје против Шкендија, Шкупи на домашен терен ќе ги одмери силите со Македонија ЃП, Струга Трим Лум ќе го пречека Борец, додека Ренова ќе игра дерби од дното на табелата со Работнички.

Беласица есенски шампион во Втората лига – Исток

Фудбалерите на Беласица одиграа фантастична полусезона, прикажаа одлични игри и добар фудбал, со што заслужено се наоѓаат на првото место на табелата во Втората лига – Исток.

Во оваа полусезона Беласица запиша 11 победи, едно реми и два порази, при што имаат освоено 34 бодови. Во последното коло од есенскиот дел од сезоната, запишаа убедлива победа над Плачковица од Радовиш со 4:2.

Беласица - Плачковица - ВМФЛ - Исток 14. коло - Струмица 4

На второто место на табелата е екипата на Брегалница со 31 бод, односно три помалку од струмичката гордост. Кит Го-Пехчево полусезоната ја заврши на третото место со 30 бодови, Тиквеш од Кавадарци е четврти со 27 бодови, а Кожуф со 26 бодови е на петтото место. Саса од Македонска Каменица одигра исто така добра полусезона, и со 20 бодови е на шесттото место на табелата. Плачковица од Радовиш со 12 бодови е на осмото место, додека Победа со еден бод помалку, односно 11 бодови е на осмата позиција. Осогово од Кочани одигра лоша полусезона, далеку од очекуваното и со 6 освоени бодови се наоѓа на деветтото место на табелата, додека на последното десеттото место на табелата е Питу Гули од Крушево кој има освоено само три бодови во целата полусезона, со што исто така е далеку од очекуваните резултати и зацртани цели.

Следува пауза, по што пролетниот дел од сезоната ќе започне во месец март следната година.

Беласица со убедлива победа над Плачковица

Беласица запиша убедлива победа, откако на „Благој Истатов“ во Струмица, со 4:2 ја декласираше Плачковица од Радовиш, во натпревар од 14. коло од Втората лига – Исток.

Беласица - Плачковица - ВМФЛ - Исток 14. коло - Струмица 1

По оваа победа Беласица останува на првото место на табелата со 34 бодови, со што е и есенски шампион во Втората лига – Исток. Плачковица по поразот во Струмица, останува на седмата позиција на табелата со 12 бодови.

Каменица Саса прикажа одлична игра во Македонска Каменица, и со високи 3:1 го победи Кожуф, прилепска Победа ја забележа најубедливата победа на колото, откако со 5:1 го „разнесе“ Осогово, Кит Го-Пехчево со 3:1 беше подобар од Питу Гули, а дербито на колото во Кавадарци и припадна на Брегалница, која со 0:2 беше подобра од Тиквеш.

 

Астраион во сабота гостува кај Вардар Неготино

Ракометарите на Астраион во сабота ќе гостуваат кај Вардар Неготино, во натпревар од 11. коло од Првата ракометна лига – Група 1. Астраион е лидер на табелата со 22 бодови, додека Вардар од Неготино со 13 освоени бодови е на шесттото место на табелата.

РК Астраион - РК Алушовски

Судиска двојка на овој натпревар се Александар Вукашиновски од Скопје и Мирко Трајковски исто така од Скопје, додека за делегат на натпреварот одреден е Лери Мирчевски од Скопје.

Натпреварот се игра во салата Кирил и Методиј во Неготино со почеток во 17:00 часот.

ЖФК Тиверија на домашен терен против ЖФК АС Јунајтед

ЖФК Тиверија Струмица во недела на Општинско игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица, ќе ја пречека екипата на ЖФК АС Јунајтед од Струга, во натпревар од 12. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија - екипа 28.11.2019

ЖФК Тиверија е на второто место на табелата со 28 бодови, исто колку што има и ЖФК Деспина од Прилеп која е трета на табелата, додека ЖФК АС Јунајтед со бод помалку е на четвртата позиција.

До крајот на есенскиот дел од сезоната остануваат уште две кола, односно ова е претпоследното коло. Натпреварот ќе се игра со почеток од 12:00 часот.