Се затвораат пазарите на отворено

Општинскиот штаб за заштита и спасување кој постојано ја следи актуелната состојба со корона вирусот и презема мерки за заштита на здравјето на граѓаните, донесе наредба со која го задолжи Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ да ги затвори сите пазари во градот. Ова значи дека од 28 март (сабота) пазарите „Чешел“  „Кантон“ и Кванташкиот пазар ќе бидат затворени.

Општинскиот кризен штаб апелира до граѓаните за разбирање и почитување на оваа и сите останати мерки кои се преземаат за заштита од ширењето на корона вирусот.90779140_1418447655024233_8077692834951462912_n

Comments are closed.

bilbord