Седум струмичани синоќа го прекршиле полицискиот час

 Ноќта на 25/26.03.2020 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 13 граѓани ги прекршиле прописите и наредбите         предвидени од страна Владата и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со         предвидените забрани за движење во определен период.
        Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, три на подрачјето на Полициската станица Валандово, две         на подрачјето на Полициската станица Гевгелија и едно на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските                 станици се приведени три лица.полиција

Comments are closed.

bilbord