Академија Пандев на седмата позиција на табелата во Првата лига

Академија Пандев со големата резултатска криза се спушти на седмото место на табелата со 28 бодови. „Пандевци“ во моментот имаат ист број на бодови како и Работнички, кој е на осмата позиција. „Романтичарите“ со големиот зимски „ремонт“, играат одлична пролет и собраа бодови колку за цела претходна полусезона.

Screenshot_20200311-200705_Chrome

По 23. коло во ПМФЛ, Вардар е лидер на табелата о 46 бодови, второпласирана екипа е Силекс од Кратово со 36 бодови, бод помалку има актуелниот шампион Шкендија кој се наоѓа на третото место. Ренова врза четири победи и се искачи на четвртото место со 31 бод и останува во игра за Европа. Шкупи се искачи на петтото место со 29 бодови, исто колку што има и Македонија ЃП која е шестта. Академија Пандев е на седмото место со 28 бодови, исто колку што има и осмопласираниот Работнички. Борец од Велес е деветти на табелата со 27 бодови, додека Струга Трим Лум е последна со 25 бодови.

Сите фудбалски лиги се одложени на неопределено со оглед на состојбата со Корона вирусот.

Comments are closed.

bilbord