Академија Пандев на петтото место во Првата лига

Академија Пандев продолжува со лошите резултати во Првата лига. Во 22. коло „пандевци“ запишаа пораз од 1:0 на гостувањето во Скопје кај Работнички.

 

ФОТО: Струмица Сити - Архива

ФОТО: Струмица Сити – Архива

Сезоната во ПМФЛ носи голема неизвесност кога е во прашање опстанокот во лигата. До четвртото место никоја екипа не е сигурна во опстанокот. Лидер на табелата е Вардар со 43 освоени бодови, додека Шкендија и Силекс имаат по 35 бодови и се на делба на второто место на табелата.

Македонија ЃП е четврта со 29 бодови, додека Академија Пандев со 28 бодови е петта на табелата, и оваа позиција ја дели со Шкупи и Ренова кои исто така имаат 28 освоени бодови. Струг Трим Лум е осма на табелата со 25 бодови, колку што има и Работнички кој е деветти, додека на последното десетто место е Борец од Велес со 24 бодови.

Во следното коло Академија Пандев во Струмица ќе ја пречека Ренова, Шкупи на домашен терен ќе игра против Силекс, Вардар ќе биде домаќин на Струга, Шкендија во Тетово ќе игра дерби со разиграниот Работнички, додека Македонија ЃП ќе го пречека „незгодниот“ Борец.

Comments are closed.

bilbord