Академија Пандев против Брегалница во полуфиналето од Купот на Македонија

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Македонија.

Академија Пандев - куп трофеј - победници

Ждрепката посака Академија Пандев силите да ги одмери со второлигашот Брегалница од Штип, додека прволигашки двомеч ќе гледаме меѓу Шкендија и Струга Трим Лум. Првите натпревари се закажани за 8. арпил, додека реваншите на 6. мај 2020 година. Бранител на титулата е екипата на Академија Пандев, која во ланското финале, ја совлада екипата на Македонија ЃП, по извеувањето на пенали.

 

Comments are closed.

bilbord