Академија Пандев на дерби дуел против Работнички во Скопје

Академија Пандев во сабота ќе гостува во Скопје, каде ќе игра дерби натпревар против екипата на Работнички, во натпревар од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Работнички - Академија Пандев - Скопје - 4. коло ПМФЛ 2

Овој натпревар ќе биде дерби натпревар и на колото. На клупата на „пандевци“ ќе дебитира и новиот тренер Александар Таневски, кој претходно ги водеше „лавовите“ во ПМФЛ. Бодовите се важни и за двете екипи. „Ремонтираниот“ Работнички игра одлична пролет, откако на трите натпревари запипа две победи и реми со лидерот Вардар, додека Академија Пандев има два порази и само реми со живалиот Борец.

По 21. одиграно коло во ПМФЛ, Академија Пандев е на петтото место на табелата со 28 освоени бодови, додека Работнички е на деветтата позиција со 22 бода.

Ренова го пречекува лидерот Вардар, Борец во Велес ќе има тежок натпревар со актуелниот шампион Шкендија, Силекс во Кратово ќе ја пречека Македонија ЃП, додека во Струга, Струга Трим Лум ќе ги одмери силите со Шкупи, екипа која исто така остана без тренер, откако Ќатип Османи, спогодбено го раскина договорот со клубот.

Comments are closed.

bilbord