Атанасов ќе ја води Академија Пандев на утрешниот реванш натпревар со Шкупи

Академија Пандев утре на “Благој Истатов” во Струмица ја пречекува екипата на Шкупи од Скопје, во реванш натпревар од 1/4 финалето од Купот на Македонија. Академија Пандев има предност од 1:0 од првиот меч во Скопје, каде со голот на Темелков Ристе, “пандевци” дојдоа до мининална предност.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

 

Екипата на Академија Пандев утре ќе ја предводи Тони Атанасов, кој досега беше асистент тренер во сениорскиот тим. Претходно, тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, си поднесе оставка. Натпреварот започнува во 14:00 часот, а забраната за без публика важи и за овој натпревар.

Comments are closed.

bilbord