Академија Пандев во среда во Струмица против Шкупи во реваншот од Купот на Македонија

Екипата на Академија Пандев во среда, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, ќе го одигра реваншот од фудбалскиот Куп на Македонија, против Шкупи. „Пандевци“ во овој натпревар влегуваат со минимална предност од 0:1, откако на гостувањето во Чаир победија со 0:1.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

По ремито на Академија Пандев со Борец, тренерот на струмичани, Југослав Тренчовски си поднесе оставка. Исто така, екипата на Шкупи денес остана без тренер, откако по поразот од Ренова, Ќатип Османи и клубот спогодбено го раскинаа договорот.

Покрај овој натпревар, се играат и натпреварите меѓу Ренова и Струга Трим Лум, Работнички со Шкендија и Лабуништа со Брегалница. Натпреварите започнуваат со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.

bilbord