КК Струмица со победа над КК Шкупи

Екипата на КК Струмица, запиша нова победа, откако на гостувањето во Скопје, славеше со 66:73 над КК Шкупи.

КК Струмица - КК ТФТ Скопје - 8. коло - Втора лига - Исток

Со новата победа над минатогодишниот прволигаш Шкупи, КК Струмица останува на второто место на табелата со 20 освоени бодови, бод помалку од лидерот ТФТ, додека Шкупи е шестти со 15 бодови.

„Во натпревар каде беше евидентна разликата во квалитет и каде сите играчи добија шанса да добијат одредена минутажа, во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање“, истакнаа од КК Струмица на нивната официјална фејсбук страница.
Најефикасни на натпреварот беше Благој Димитриев 24 поени, Душан Макенаџиев и Драган Абрашев уфрлија по 15 поени.

Comments are closed.

bilbord